Чанак ќе го води Партизан во дуелот против МЗТ Скопје - Канал 5

Чанак ќе го води Партизан во дуелот против МЗТ Скопје

Ненад Чанак ќе ја предводи екипата на Партизан во наредниот период, а своето деби ќе го има в сабота кога во рамките од АБА лигата црно-белите го пречекуваат македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Чанак ќе го води Партизан во дуелот против МЗТ Скопје
Откако пред два дена отказ доби Мирослав – Мута Николиќ, по тимот синоќа во рамките на Еврокупот го водеше Александар Матовиќ, денеска Управниот одбор (УО) на Партизан, реши, шанса да му даде на својот поранешен кошаркар Ненад Чанак.

- Чанак е нов тренер. Тој доби поддршка од денешната седница на УО и тоа од сите 17 членови. Тој е поранешен капитен на Партизан. Мислиме дека е добро да им се даде шанса на млади тренери, изјави претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ.

Чанак до сега ја водеше екипата на Спартак, што е прв негов тренерски ангажман, додека минатата сезона беше дел од стручниот штаб на црно-белите. Во текот на својата кариера како играч, во два наврати го носеше дресот на Партизан 1992/1994 и 1999/2003.

Воедно, црно-белите решија Драган Тодоровиќ повеќе да не ја врши функцијата на спортски директор, туку во иднина да биде советник на претседателот за спортски прашања.

Дали турбуленциите во Партизан ќе може да ги искористат кошаркарите на МЗТ Скопје, останува да се види по средбата која ќесе игра во Белград во сабота од 19 часот./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Човек подига трактор со голи раце- снимката од Балканецот ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО)

Необичното видео објавено на TikTok го привлече вниманието на корисниците, и од странство и од регионот.

Човек подига трактор со голи раце- снимката од Балканецот ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО)

Брзо стана хит, а во преден план гледаме човек кој се потпрел на тркалото на трактор и, благодарение на мускулите, успеал да го крене задниот дел од машината од земјата.

Се подразбира дека корисниците на TikTok се воодушевени од сцената, сè додека авторот не открил каде точно е снимена, што инспирирало коментари во стилот на „Некаде на Балканот“.

Коментарите се ројат! Некои со неверица ја фалат силата на човекот и го споменуваат неговиот „прав грб“, додека други на шега велат дека „дефинитивно не му треба дигалка“.

„Моите соседи тренираа кревајќи го предниот дел од тракторот, додека еден од нив креваше (IMT) 558 вака“, напиша едно лице.

„Каков крал, честитки“, додаде друго.

„Силата на овој земјоделец ги поместува границите“, заклучи трет.

@pajle_25 ♬ Miksa je luddd - Miksa Jevtić

Видеото собра голем број прегледи за кратко време, станувајќи една од главните теми на популарната платформа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес од 6,7 степени го потресе Перу (ВИДЕО)

Силен земјотрес со магнитуда од 6,7 степени ги погоди јужните Анди во Перу во неделата, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). 

Силен земјотрес од 6,7 степени го потресе Перу (ВИДЕО)

Нема непосредни извештаи за штети, објави АП.

Земјотресот се случил околу 13 часот по локално време, со епицентар 38 километри северозападно од градот Упахуача, во одделот Паринакочас во регионот Ајакучо. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 66,7 километри.

Земјотресот бил почувствуван во неколку региони

Земјотресот бил почувствуван во неколку региони во јужен Перу, вклучувајќи ги Ика и Арекипа. Земјотресите се честа појава во Перу, кој се наоѓа на Тихоокеанскиот огнен прстен, област со интензивна сеизмичка активност.

Земјотрес во 2007 година одзеде речиси 600 животи

Еден од најсмртоносните земјотреси во поновата историја на Перу се случи во 2007 година. Земјотрес со магнитуда од 7,9 степени ја погоди покраината Ика, при што загинаа речиси 600 луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружени напаѓачи упаднале на танкер кај Јемен и го пренасочиле кон Сомалија

Драма во Аденскиот Залив - шест вооружени напаѓачи ја презедоа контролата врз танкер и го пренасочија кон Сомалија, објави Канцеларијата за поморска трговија на Обединетото Кралство (UKMTO).

Вооружени напаѓачи упаднале на танкер кај Јемен и го пренасочиле кон Сомалија

Инцидентот се случил 136 наутички милји источно од островот Мукала,во Јемен, според Ројтерс.

Танкерот пловел кон запад кога му се приближил неовластен брод, соопшти UKMTO.

Детали за безбедноста на танкерот и неговиот екипаж сè уште не се објавени, што предизвикува дополнителни загрижености.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер