Чадот од пожарите опасен по здравјето на пожарникарите, но и на граѓаните - Канал 5

Чадот од пожарите опасен по здравјето на пожарникарите, но и на граѓаните

Јаглерод моноксидот кој се создава од пожарите е исклучително штетен за човековото здравје, велат дел од лекарите... 

Чадот од пожарите опасен по здравјето на пожарникарите, но и на граѓаните

Чадот од огновите кои изминатиот период пустошат низ Македонија е опасен по здравјето, не само за пожарникарите кои се борат со огнените стихии, туку и за граѓаните од околните места, особено доколку гори отпад или депонија, предупредуваат докторите.

Најголема опасност според нив, претставува зголемената концентрација на ПМ 2.5 честичките во воздухот. Доктор Нико Беќаровски за Канал 5 појаснува опасноста од пожарот сама по себе е голема, но многу зависи каде гори, колку сме оддалечени од местото што гори и какви се временските услови.

„Различни се гасовите кои што се ослободуваат при горење на шума, различни се во населено место, каде што најчесто покрај дрвото гори најчесто и пластика која е многу потоксична. Пред се кај пожарите на отворено доминираат ПМ2,5 честичките кој се сами по себе знаеме дека кога ќе се внесат во организмиот предизвикуваат иритација... во однос на труењето со јаглерод моноксид на отоврено тие се многу мали, може дури да кажеме и дека ги нема што не значи дека нема експозиција на други отворни гасови посебно при горење на депониии и при горење во населени места....“

Според доктор Беќаровски, секој кој не учествува во гасењето на пожарот најдобро е да се оддалечи од местото. И поојаснува дека при краткотрајна изложеност на чад од шумски пожар доколку се работи за здрав организам не би требало да има долгорочни последници. Оние кои директно се вклучени во бробата со огнената стихија треба да се исклучително внимателни и добро заштитени.

„Дологорочни последици при краткотрајна експозиција на чад од пожар предизвикан во шума не би требало да имаме, нормално дека ќе има локална иритација во моментот, она црнило кое што ќе биде во нас треба да се искашла, заборувам за здрав организам, секако дека пациенти кои што имаат претходно разни белодробни дека ќе се потенцира основната болест.“

Лекарите препорачуваат да се избегнува излегување надвор особено во периодот кога е најтопло, но и кога во нивна близина има активни пожари. Вдишувањето на чад може да биде искчучително ризичен особено за повозрасните, бремените жени, малите деца но и луѓето со хронични срцеви заболувања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар

Најтешката тиква во Швајцарија оваа година тежи 651,5 килограми и е одгледувана во приватна градина во кантонот Цирих, објавува швајцарската агенција Keystone-SDA.

Најтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар

Ова е трета година по ред одгледувачот Флоријан Ислер од Еслинген, во кантонот Цирих, ја освои титулата швајцарски шампион во одгледување џиновски тикви, објави организаторот на натпреварот, Jüker Farm.

Рекорди се уриваат!

Тиквата припаѓа на сортата „Атлантски џин“, а нејзиниот одгледувач Ислер постави уште три швајцарски рекорди - за најтешкиот примерок од сортата „Бучел Гард“, тежок 136,6 килограми, највисокиот сончоглед, висок 7,695 метри, и најтешката лубеница, која тежела 97,2 килограми.

Срушени се и други швајцарски и светски рекорди во одгледување џиновски зеленчук.

Семејството Мајер од Детликон, исто така во кантонот Цирих, сега го држи светскиот рекорд за најтежок сладок компир, еден со тежина од 13,6 килограми, додека Јирг Висли од Досвил, во кантонот Тургау, во североисточна Швајцарија, го постави светскиот рекорд за најдолга лута пиперка, со должина од 54,3 сантиметри.

Вкупно 18 џиновски тикви беа измерени на фармата Бихлихоф.

Ништо без виљушкар

На натпреварот учествуваа 16 тима, вклучувајќи два тима одгледувачи и две семејства.

Меѓу 18-те измерени примероци беа 14 портокалови тикви од сортата „Атлантски џин“ и четири зелени тикви.

Актуелниот швајцарски рекорд за најтешка тиква е 1.054 килограми, додека светскиот рекорд е 1.278,8 килограми.

За време на вчерашниот натпревар, разни видови зеленчук беа транспортирани до вагата со виљушкар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево време со температура до 29 степени

Утре времето ќе биде сончево и релативно топло, информираат од УХМР.

Утре сончево време со температура до 29 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

14 Попова Шапка, 17 Крушево, 21 Претор, Маврови Анови, Охрид, 23 Берово, 24 Прилеп, Виница, Битола, 25 Крива Паланка, 26 Тетово, Штип, Демир Капија, 27 Кавадарци, Велес, Скопје Петровец, 28 Струмица, Скопје Зајчев Рид, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши се сретна со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на  Собранието на Македонија. 

Гаши се сретна со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, Тито Петковски, Никола Поповски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија.

За идејата, односно целта за донесувањето на одлуката претседателите на Собранието беа известени на претходните две средби, одржани на 21 октомври 2025 година и на 7 април 2026 година. Имено, целта за формирањето на Советот, како неформално советодавно и консултативно тело, е обезбедување континуитет на институционалната меморија на Собранието; унапредување на парламентарната практика и демократијата и давање стручни и советодавни мислења за прашања од значење за работата на Собранието.

Покрај ова на средбата беа разменети мислења за одделни процедурални прашања во работењето на Собранието, прашања што се однесуваат на дигитализацијата на работењето на Собранието во рамките на Националната стратегија за дигитализација, идејата за Библиотека на Собранието и за други актуелни прашања од интерес на работењето на Собранието и прашања од интерес на државата, с е наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер