Чаби Алонсо се огласи за прв пат откако го напушти Реал Мадрид - Канал 5

Чаби Алонсо се огласи за прв пат откако го напушти Реал Мадрид

Од синоќа клупската легенда Чаби Алонсо повеќе не е тренер на  шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид.

Чаби Алонсо се огласи за прв пат откако го напушти Реал Мадрид

Управниот одбор на Реал Мадрид го отпушти шпанскиот тренер само еден ден откако мадридскиот тим загуби со 3-2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Наследник на Алонсо на клупата на кралевите е Алваро Арбелоа, кој се уште не се знае колку долго ќе остане на чело на тимот од Сантијаго Бернабеу.

Некогашниот капитен на Реал, Алонсо денеска ја објави својата проштална порака на Инстаграм.

-Ова поглавје од мојата кариера заврши. Не помина онака како што сакав. Тренирањето на Реал Мадрид беше чест и привилегија. Благодарам на клубот, играчите и, најмногу од сè, на навивачите и на заедницата на Мадридистите. Си заминувам со почит, благодарност и гордост за сè што направив. Дадов сè од себе“, напиша Алонсо на Инстаграм.

Отпуштањето на Чаби Алонсо ќе биде скап потег за Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата од 8-9 милиони евра по сезона.

Шпанскиот весник „Ел Дебета“ пишува дека Реал ќе мора да му плати 15 милиони евра отштета на Чаби Алонсо.

Инаку, минатото лето Реал плати уште 15 милиони евра на Баер Леверкузен за да го донесе Алонсо во Мадрид.

Шпанскиот Суперкуп беше опишан како еден вид „последен тест“ за Алонсо, а евентуален трофеј би ја смирил ситуацијата на клупата. Откако Реал го порази градскиот ривал Атлетико Мадрид во полуфиналето, поразот од Барселона во финалето дополнително ја разниша самодовербата на раководството, па набрзо беше донесена одлуката за прекин на соработката.

Алонсо инаку го водеше тимот во 34 натпревари, остварувајќи 24 победи, четири нерешени и шест порази.

Реал во моментов е на втората позиција на табелата во шпанското првенство со 45 бода по 19 кола, четири помалку од лидерот Барселона.

Тие се седми во Лигата на шампионите со 12 бода по шест кола, а во Купот стигнаа до осминафиналето, каде што ќе се соочат со Албасете во среда. Тогаш новиот тренер ќе го има своето деби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула Фон Дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со лидерите на шесте земји од Западен Балкан.

ЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

На средбата се поканети претставници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ.

Главни теми ќе бидат забрзувањето на европската интеграција, реформите и регионалната безбедност.ќе се разговара за постепено вклучување на регионот во единствениот европски пазар.Планот за раст предвидува до шест милијарди евра помош за реформи и инвестиции.Посебен акцент ќе биде ставен на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На дневен ред ќе бидат и одбраната, сајбер-безбедноста и справувањето со странското влијание.

Брисел ќе инсистира на усогласување на надворешните политики на земјите од регионот со политиката на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните  на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Протестот е најавен во 17 часот.„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот.

Тие порачуваат дека ова е протест на гнев и солидарност и непомирување со фактот дека насилството е секојдневие и ги повикуваат граѓаните да кажат „ниту една повеќе“.Граѓански организации бараат итни истраги за институционалното постапување во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Компании поврзани со наводната кинеска шпиунка Алис Хуанг која имаше афера со првиот човек на Нвидија финансирале набавка на компјутерска опрема за центри за вештачка интелигенција во Кина, покажуваат документи пишува  „Ројтерс“.

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион долари.

Голем дел од опремата се наоѓа во центар за податоци во Шангај, развиен во партнерство со технолошкиот гигант „ТЕНСЕНТ“документите покажуваат дека компании поврзани со семејството и соработниците на Хуанг учествувале во финансирањето на кинеската индустрија за вештачка интелигенција.

Случајот добива дополнително внимание поради истрагите дали нејзината компанија „Мегаспид“, со седиште во Сингапур, им помагала на кинески клиенти да дојдат до ограничени процесори на „Нвидиа“.Во понеделникот, американското министерство за трговија ја стави „Мегаспид“ на црната листа за трговија. Нејзината врска со извршниот директор на компанијата, Јенсен Хуанг, предизвика дополнителни проверки на деловните врски на „Нвидиа“ со Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер