ЦГК: Во општините има застарени ГУП-ови - Канал 5

ЦГК: Во општините има застарени ГУП-ови

ЦГК: Во општините има застарени ГУП-ови, често се менуваат ДУП-овите и има голем број дивоградби.

ЦГК: Во општините има застарени ГУП-ови

Доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови (ГУП) чија формална важност е истечена. За разлика од застарените ГУП-ови, во општините што беа предмет на ова истражување, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени, покажуваат резултатите од истражувањето „Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби“ што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Резултатите од истражувањето покажуват дека наспроти законски предвидениот плански период од 10 години, во дел од општините ГУП-от не е сменет и по повеќе од 20 години. Ненавременото ажурирање и изготвување нови ГУП-ови создава ризик од непланско управување со градежното земјиште и од загрозување на јавниот интерес и квалитетот на животот.

-Дури три четвртини од измените на ДУП-овите се направени по барање на физички или правни лица, што значи дека е воспоставена пракса – планската документација да се менува и адаптира според потребите на надворешни субјекти, наспроти иницијативите за измени на ДУП-овите од страна на општината со кои би се предвиделе повеќе проекти за унапредување на јавниот простор. Секое трето барање за градба во периодот 2018-2022 година е одбиено или повлечено, што говори дека постапките за издавање одобрение за градење во општините, во определени случаи, може да бидат неправедно одолговлечени или, пак, да не е обезбеден воедначен третман на барателите, се вели во денешното сооштение од Центарот за граѓански комуникации во врска со истражувањето.

Тока покажало и дека барањата за легализација на нелегално изградените објекти доставени во 2018 година се над двојно повеќе од барањата за одобренија за градба доставени во период од цели пет години, од 2018 до 2022 година. Ова, според Центарот, недвосмислено говори за последиците од донесувањето Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, со што се загрозуваат принципите на владеење на правото и планскиот развој на просторното планирање во земјата.

-Бројот на нелегално изградени објекти говори и за неефикасноста на инспекцискиот надзор. Наместо да бидат урнати, овие објекти чекаат на легализација, и тоа во бројка неколкукратно поголема од легално доставените барања за градба, велат од Центарот за гражански комуникации.

Според истражувањето, пополнетоста на работните места во организациските единици за урбанизам просечно изнесува 62 %, а во половина општини не е назначен раководител на организациската единица надлежна за урбанизам. Ова, велат од Центтарот, значи дека не е воспоставена целосна и ефикасна контрола и воедно се зголемува можноста за поголеми влијанија на градоначалниците, кои ја добиваат можноста на функцијата да овластат блиски лица.

Истражувањето е изготвено во рамките на проектот „Заштита од корупција“ со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации, во периодот од 1 ноември 2021 година до 31 октомври 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во прекин е воздушниот сообраќај на Сицилија- еруптираше Етна

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, Сицилија, денеска беше прекинат поради вулканската активност на Етна, проследена со силна емисија на пепел.

Во прекин е воздушниот сообраќај на Сицилија- еруптираше Етна

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, Сицилија, денеска беше прекинат поради вулканската активност на Етна, проследена со силна емисија на пепел, и поради неповолни временски услови, соопшти компанијата што управува со аеродромот.

Сите пристигнувања на аеродромот, петтиот најпрометен во Италија според бројот на патници, се прекинати до утре во 10 часот по Гринич.

Етна, највисокиот и најактивен вулкан во Европа, често предизвикува прекини во воздушниот сообраќај во Катанија, но емисиите на пепел ова лето беа особено интензивни, погодувајќи илјадници патници за време на врвот на туристичката сезона.

Воздушниот сообраќај беше дополнително прекинат поради силна бура што го зафати подрачјето во текот на ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ботовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници

„Опен АИ“, компанијата што стои зад Чет Џпт, соопшти дека нејзини агенти за вештачка интелигенција објавиле 53 фотографии од корисници и продреле на веб-страници на американски институции, вклучително и владини агенции.

Ботовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници

„Опен АИ“ не откри дали станува збор за фотографии од реални лица или за слики генерирани со вештачка интелигенција, ниту кога тие биле објавени. Од компанијата објаснија дека линковите до фотографиите не биле јавно достапни.

Моделите на вештачка интелигенција на „Опен АИ“ пристапувале и до податоци на американски владини институции, како Комисијата за хартии од вредност, берзи на САД и Американската статистичка служба.

Се појавуваат индикации дека би можеле да следуваат уште многу откритија за самостојни хакерски активности на вештачката интелигенција на Опен АИ. Компанијата соопшти дека информирала „десетици“ организации чии веб-страници биле предмет на непланирани интеракции од софтверот на „Опен АИ“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општински комисии ќе проверуваат дали на нивите има останато неоткупено грозје

Привршува бербата на грозјето... Откако откупот формално ќе заврши, на почетокот на октомври ќе се формираат општински комисии кои треба да утврдат дали на нивите има останато неоткупено грозје..  

Општински комисии ќе проверуваат дали на нивите има останато неоткупено грозје

Со последните дождови финишираат и бербите на винското грозје во тиквешијата и во останатите лозарски региони. Проблемите со откупот, слабиот интерес за вранецот и бавната динамика спроед лозарите се причина годинава голем дел од грозјето особено вранецот да остане по нивите необран, чекајки да почне интензивниот откуп за кој винариите тактизираа заради непродадените залихи на црвно вино од лани. Токму заради овие проблеми на лозарите градоначалникот на кавадарци најави дека по завршувањето на откупот некаде на почетокот на октомври владата планира да се формираат општински комисии кои ќе треба да излезат на терен и да утврдат колку точно грозје останало по нивите необрано па да се планира обештетување за овие лозари.

Дека состојбата со откупот на винското грозје беше проблематична говори и фактот што се најдоа 12 милиони евра кои на винариите им се дадоа на располагање по брза постапка со камата од 1% и со можност за грејс период од една година наменски да се откупат вранецот и смедеревката од лозарите. Лозарите укажуват дека и со оваа мерка се задоцни и затоа голем дел од вранецот е останат, исушен и необран по нивите заради што бараат од државата да воведе итна помош од 150 илјади денари за хектар за обештетување и спас на лозарството.

Според последите податоци од Министерството за земјоделство заклучно со понеделник 21 семптември откупени се 64 милиони килограми на винско грозје од лозарите но и од сопствените насади на винариите и има уште околу 2,7 милиони килограми извоз на винско грозје. Оваа бројка се очекува да се зголеми бидејки интензивно деновиве се откупуваше смедеревката во лозарските региони. Според најавите од следната година треба да почне изградбата на дестилеријата која вишокот на грозје и вино ќе го претвора во алкохол за кој веќе има интерес кај една од најпознатите светски компании за алкохол да го откупува целиот вишок и со тоа да се решат долгорочно проблемите со откупот на грозјето во години како оваа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер