ЦГК: Се зголемува активната транспарентност на институциите, но се уште е на ниско ниво

Активната транспарентност односно проактивно објавување на информациите на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво, иако е порасната во однос на лани. 

Процентот на исполнетост на обврските за проактивно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 56 отсто и е зголемен за 12,5 процентни поени во однос на лани кога просечно изнесуваше 43,5 отсто, покажува најновото рангирање и анализата на 97 институции според т.н. активна транспарентност што го објави Центарот за граѓански комуникации.

Рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност се однесува на проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2019 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините.

– Трета година по ред, проактивното објавување информации на министерствата е во пораст и тие се значително подобри од општините кои, пак, по двегодишно влошување, првпат бележат подобрување во активната транспарентност. Просечната активна транспарентност на министерствата изнесува 77,6 отсто, додека на општините 51,7 отсто, се вели во соопштението од Центарот за граѓански комуникации.

Според овој индекс и анализа Битола го задржува севкупното прво место од лани, додека од министерствата, годинава најдобро рангирано е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на второто место. Во однос на регионите, Источниот Регион му го зазеде ланскиот примат на Пелагонискиот Регион, додека Скопскиот Регион падна на последното место.

– Најмалку информации, и министерствата и општините, објавуваат за финансиите, и тоа министерствата 57 отсто, а општините само 26 отсто од информациите што треба да ги објавуваат. Кога станува збор за одговор на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беа испратени на сите во ист ден и со иста содржина, општините одговорија во просек за 21 ден, лани за 20 дена, а министерствата за 34 дена, лани за 41 ден. Но, за разлика од лани кога одговорија сите институции, годинава дури 12 отсто од институциите не одговорија на барањата, велат од Центарот за граѓански комуникации.

Индексот на активна транспарентност се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Апел за помош: Да ѝ помогнеме на Сања Живановиќ, семејството нема пари за скапата терапија

Сања Живановиќ апелира за помош, откако се разболела од инфламаторна болест и подолго време била хоспитализирана.

Семејството на младата Сања апалира до сите хумани луѓе да ѝ помогнат за набавка на скапата терапија . Да ѝ помогнеме на Сања да си ја врати насмевката.

Крвна одмазда во кафуле во Белгија: Изрешетан Албанец додека пиел кафе

Албанскиот државјанин Агустин Каза (44) бил застрелан во Белгија додека седел и пиел кафе во кафуле.

Три куршуми го погодиле во градите, додека еден завршил во неговата глава. Агустин бил застрелан од непознато лице, кое по злосторството избегало од местото.

Тој со тешки повреди бил пренесен во болница, каде по неколку дена во кома им подлегнал на повредите.

Белгиската полиција покрена истрага за ова убиство.

Во оваа фаза од истрагата, се верува дека мотивот е крвна одмазда за убиството извршено пред повеќе од 20 години од страна на братот на Агустин.

На 7 јануари 1994 година бил убиен шефот на криминалната група Ндуе Каза.

Наводно, тој бил застрелан среде град од Дод и Аугустин Џини, кои избегале по злосторството.

Во 1997 година, братот на Агустин, Мартин Каза, како одмазда во градот Лача ги убил браќата Дод и Аугустин, кои биле осомничени за убиство на неговиот брат во 1994 година.

Мартин Каза е осуден на 22 години затвор за убиство со умисла и недозволено носење оружје.

Каза бил уапсен во Лондон и екстрадиран во Албанија во 2017 година, каде се уште ја отслужува казната.

Иако е во затвор, крвната одмазда меѓу семејствата не престанува.

По неколку години, кога се чинеше дека ситуацијата се смирила, во Брисел е убиен братот на Мартин, Агустин.

ЦУК: Граѓаните да внимаваат поради локална нестабилност, пороен дожд и електрични празнења

Обилни дождови, грмотевици и појава на град се очекува во попладневните часови денеска. 

Од УХМР велат дека овие невремиња се очекувани за овој период од годината. Но граѓаните да бидат внимателни доколку се најдат на отворен простор. И од центарот за управување со кризи апелираат за голема внимателност поради најава на силни електрична празнења да не се на отворен простор или под дрвја.

Од утре ќе има пониски температури, а врнежи ќе има во јужните делови од Македонија.

Од ЦУК со апел граѓаните во случај на незгода од најавеното невреме да се пријават на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

притисни ентер