МакедонијаЦГК: Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендериРекордни 190 милиони евра за јавни набавки лани потрошиле општините и Градот Скопје, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. Тендерите во најголем дел се склучени за сервисирање на основните обврски како струја училишта, градинки, осветлување и спортски објекти. Но годинава за прв пат, најбогатата единица на локалната самоуправа – Градот Скопје не е на првото место. Најголема вредност на јавните набавки од над 11 милиони евра минатата година имала Гази Баба, најмногу пари оваа скопска општина потрошила за изградба на основно училиште, систем за јавно осветлување и фекална канализација. Потоа следуваат Битола, па Аеродром, Штип и Струмица па Градот Скопје. Најмалку пари за јавни набавки потрошиле Лозово, Демир Хисар и Зелениково. -За 2024 година јавните набавки на сите општини изнесуваат 190 милиони евра, што е рекордна сума, никогаш не биле повисоки. Уште една клучна работа е што за прв пат Градот Скопје не е најголем, приматот му го зема Гази Баба и тоа е општината со 11,7 милиони евра, со најголеми набавки во земјава. За малку помалку, 11,4 е Битола и со 10 милиони следи Аеродром. Тие се лидерите според потрошувачката. Воопшто за 2024 се зголемени за 16 проценти во однос на претходната година што исто така е голем скок годишен. Градот Скопје има само 7 милиони евра набавки, имал и по 40 милиони и повеќе. Меѓутоа Скопје со сите скопски општини повторно имаат 1/3 од сите набавки во земјава,- изјави – Герман Филков – Центар за граѓански комуникации. Општините склучиле договори за јавни набавки со над 1200 фирми. Но дури една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми, што според Центарот за граѓански комуникации води до потенцијални ризици на злоупотреби. -Концентранцијата на неколку фирми во набавките е се уште присутна. Имаме 10 фирми што добиваат 25% од вредноста на набавките, што значи сериозен дел од т.н државен колач. Води ЕДС за набавка на струја со вкупно 8 милиони евра од сите општини, Фабрика Карпош од Скопје е со околу 6 милиони, и со 5,5 милиони е Џови Компани. Имаме и општини каде една фирма е со повеќе од 50% од вредноста на набавките, и општини каде таа концентрација е од околу 40 или 30%. Изложеност кон една фирма носи сопствени ризици на злоупотреби,- изјави – Герман Филков – Центар за граѓански комуникации. Најмногу јавни набавки по жител во 2024 година одделила Општина Дојран, дури 675 евра. А најмалку пари за јавни набавки по жител потрошил Градот Скопје со само 14 евра. Од ЦГК велат дека очекуваат и годинава да продолжи трендот на зголемување на вредноста на јавните набавки со оглед на одржувањето на локалните избори и најавените проекти од страна на Владата. Тагови: ЦГК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМодриќ: Ќе играм додека чувствувам страст Дури и на 41-годишна возраст, Лука Модриќ останува еден од клучните играчи на Милан под водство на Рубен Аморим. Неговиот квалитет и физичка подготвеност сè уште му овозможуваат да биде одлучувачки на највисоко ниво, што го покажа во неодамнешната победа од 3:1 против Интер. По градското дерби, неделниот рубрика на „Ла Газета дело Спорт“, „Спортвик“, му ја посвети својата насловна страница и ги објави неговите изјави за амбициите на клубот и продолжувањето на договорот. Дерби и амбиции за титулата По победата во дербито, Модриќ испрати јасна порака за целите на тимот. „Беше фантастична победа, мислам дека беше нашата најдобра игра во сезоната. Ги заслуживме тие три бода, беа неопходни за нашиот морал и самодоверба. Растеме како тим и ако успееме да ги намалиме падовите во играта, кои се неизбежни во текот на сезоната, ќе имаме можност да се бориме за титулата. Тоа останува наша цел. Подобро ги спроведуваме идеите на тренерот и одиме во вистинската насока, а стадионот нè поддржува. Навивачите на Милан се неверојатни“, рече Модриќ. Продолжување на договорот и планови за иднината Тој се осврна и на летното продолжување на договорот со Милан и неговата иднина. „Се чувствувам добро, сè уште имам страст, амбиција и сила. Додека се чувствувам така, сакам да играм. Ме сакаат во Милан, а јас сè уште го сакам фудбалот. Немав никакви сомнежи ова лето откако разговарав со Аморим и луѓето од клубот. Тие сакаа да останам и беше важно само да чувствувам дека сум посакуван. Милан е мојот тим и сакам да им помогнам на помладите играчи да се развиваат.“Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајциГватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди. Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал. Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити. Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада. Тагови: Гватемала напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно време со температура до 15 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 5 Попова Шапка, 6 Крушево, 8 Маврови Анови, 11 Прилеп, Берово, Крива Паланка, Виница, Тетово, 12 Лазарополе, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Штип, 13 Битола, Велес, Охрид, Демир Капија, 14 Скопје – Петровец, Струмица, 15 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter