ЦГК: Јавните набавки поврзани со КОВИД-19 изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција - Канал 5

ЦГК: Јавните набавки поврзани со КОВИД-19 изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција

Иако набавувале исти стоки, услуги и работи – не постои никаква воедначеност меѓу институциите во описите на предметите на набавка. 

ЦГК: Јавните набавки поврзани со КОВИД-19 изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција

Во 2021 година јавните набавки поврзани со КОВИД-19 изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција, иако зад институциите е цела една кризна година на искуство, каква што беше 2020, се наведува во генералниот заклучок од длабинскиот мониторинг на јавните набавки поврзани со заштитата од корона вирусот во првата половина од 2021 година, спроведен од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Мониторирани се постапки за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во првото полугодие од 2021 година кои претставуваат 38 проценти од сите КОВИД-19 тендери во периодот на мониторинг, а нивната вредност од 5,7 милиони евра е 36 проценти од вредноста на сите КОВИД-19 тендери во тој период.

– Иако набавувале исти стоки, услуги и работи – не постои никаква воедначеност меѓу институциите во описите на предметите на набавка. Ова е случај дури и кај оние институции со исти или слични потреби (на пример, клиники, КОВИД-центри, органи на управа итн.). Цените на набавените стоки се највисоки онаму каде што имало само една понуда или останала само една понуда по исклучувањето на другите во

фазата на евалуација. Оваа состојба најдобро ја отсликуваат тендерите за набавка на ракавици, во коишто онаму каде што имало конкуренција ракавиците чинеле 2,43 денари, а во тендери во коишто е добиена само една понуда ракавиците достигнале цена од 11,21 денар, стои во клучните наоди од мониторингот.

ЦГК утврдил и дека најчесто не постои зависност помеѓу цената и количината на набавените производи во смисла на тоа за поголема количина да се постигнуваат пониски цени и обратно. Па така, како што стои во извештајот, 5.000 респираторни маски N95 се купувани по цена од 9,73 денари, а 60.000 вакви маски по цена од 41 денар.

– Проценетите вредности на набавките често се неколкукратно повисоки од цените добиени на тендерите или од пазарните цени. Ова укажува на нереално планирање на набавките, кое може да биде ризично доколку намерно се остава простор за склучување договори по нереално високи цени, со што ќе има и доволно пари за корупција. Во ниту една од мониторираните постапки за јавна набавка не е почитувана законската обврска за детално образложение за потребата од набавката, во смисла на објаснување зошто на институцијата ѝ се потребни конкретните квалитет и количина од предметот на набавка, наведува ЦГК.

Според нивните наоди, во некои тендери, дискриминаторските елементи се прикриваат токму во деталните и обемни описи на предметот на набавка, иако стандардот што го наведуваат во себе секако ги вклучува сите тие карактеристики. Во 20 проценти од тендерите, посочуават дека имало исклучување понуди, во коишто од вкупно 93 понудувачи се исклучени 26, односно 28 проценти.

– Во делот на реализацијата на договорите за јавни набавки, фокусот се става врз материјално-финансискиот аспект, а многу помалку врз квалитетот на примените предмети на набавка. Забележани се случаи и на набавки на количини што се значително повисоки од планираните, покажуваат клучните наоди од мониторингот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Дури и на 41-годишна возраст, Лука Модриќ останува еден од клучните играчи на Милан под водство на Рубен Аморим. 

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Неговиот квалитет и физичка подготвеност сè уште му овозможуваат да биде одлучувачки на највисоко ниво, што го покажа во неодамнешната победа од 3:1 против Интер. По градското дерби, неделниот рубрика на „Ла Газета дело Спорт“, „Спортвик“, му ја посвети својата насловна страница и ги објави неговите изјави за амбициите на клубот и продолжувањето на договорот.

Дерби и амбиции за титулата

По победата во дербито, Модриќ испрати јасна порака за целите на тимот.

„Беше фантастична победа, мислам дека беше нашата најдобра игра во сезоната. Ги заслуживме тие три бода, беа неопходни за нашиот морал и самодоверба. Растеме како тим и ако успееме да ги намалиме падовите во играта, кои се неизбежни во текот на сезоната, ќе имаме можност да се бориме за титулата. Тоа останува наша цел. Подобро ги спроведуваме идеите на тренерот и одиме во вистинската насока, а стадионот нè поддржува. Навивачите на Милан се неверојатни“, рече Модриќ.

Продолжување на договорот и планови за иднината

Тој се осврна и на летното продолжување на договорот со Милан и неговата иднина.

„Се чувствувам добро, сè уште имам страст, амбиција и сила. Додека се чувствувам така, сакам да играм. Ме сакаат во Милан, а јас сè уште го сакам фудбалот. Немав никакви сомнежи ова лето откако разговарав со Аморим и луѓето од клубот. Тие сакаа да останам и беше важно само да чувствувам дека сум посакуван. Милан е мојот тим и сакам да им помогнам на помладите играчи да се развиваат.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Гватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди.

Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал.

Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити.

Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

5 Попова Шапка, 6 Крушево, 8 Маврови Анови, 11 Прилеп, Берово, Крива Паланка, Виница, Тетово, 12 Лазарополе, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Штип, 13 Битола, Велес, Охрид, Демир Капија, 14 Скопје – Петровец, Струмица, 15 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер