СветЦентристот Родриго Паз води на претседателските избори во БоливијаЦентристичкиот сенатор Родриго Паз од Христијанско-демократската партија (ПДЦ) води на претседателските избори во Боливија со освоени 32,2 проценти од гласовите.Центристичкиот сенатор Родриго Паз од Христијанско-демократската партија (ПДЦ) води на претседателските избори во Боливија со освоени 32,2 проценти од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати од првиот круг на претседателските избори во земјата, додека светските медиуми известуваат за историскиот пораз на левицата. Поранешниот конзервативен претседател Хорхе „Туто“ Кирога од коалицијата „Алијанса Либре“ е на второто место со околу 27 проценти од гласовите, па затоа е сигурно дека двајцата ќе се сретнат во вториот круг. Имено, доколку ниту еден претседателски кандидат не освои повеќе од 40 проценти поддршка со предност од најмалку 10 процентни поени, втор круг избори ќе се одржи на 19 октомври. Победникот ќе ја преземе претседателската функција за петгодишен мандат во ноември. Боливиското владејачко Движење за социјализам (МАС) е на пат да го претрпи својот најлош изборен пораз при што неговиот кандидат Едуардо дел Кастиљо моментално има само 3,16 проценти од гласовите, со што се стави крај на речиси 20-годишната левичарска доминација во оваа јужноамериканска земја. Резултатот на Паз ги изненади аналитичарите бидејќи анкетите сугерираа дека центристичкиот сенатор ужива поддршка од околу 10 проценти, далеку зад Кирога и кандидатот од централно-десничарската партија Самуел Дорија Медина од коалицијата „Алијанса Унидад“. Бизнис магнатот го призна поразот во неделата и рече дека ќе го поддржи Паз во вториот круг. Боливиската политичка сцена со месеци наназад се карактеризираше со борба за превласт меѓу поранешниот претседател Ево Моралес (2006-2019) и неговиот наследник, Луис Арсе. Претседателот во заминување, Арсе, не се кандидираше за нов мандат, додека на Моралес со судска одлука му беше забрането да учествува на изборите. Додека Моралес повика на бојкот на изборите, Арсе ги призна резултатите од изборите, оптимистички пишувајќи: „Демократијата победи“. Боливија, една од најсиромашните земји во Јужна Америка, се соочува со длабока економска криза обележана со недостиг на девизи, недостаток на гориво, инфлација и растечко незадоволство кај граѓаните, наведува ДПА. -Боливија не бара само промена на владата, туку и промена на политичкиот систем. Ова е почеток на голема победа и голема трансформација, рече Паз во говорот емитуван синоќа, додека неговите поддржувачи скандираа „обнова“.Тагови: Боливија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаПосебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид ГетаПосетителите на музичкиот настан што денеска ќе се одржи во Националната арена „Тодор Проески“ треба да очекуваат отежнато одвивање на сообраќајот во околината на објектот.Концертот е закажан за 19 часот, а поради очекуваниот зголемен број посетители, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“. Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се обезбеди безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено одвивање на сообраќајот за останатите учесници. На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од Скопје им се препорачува навреме да ја испланираат својата маршрута и да предвидат дополнително време за патување. Возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници, поставената сообраќајна сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение за време на траењето на посебниот режим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. „Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“ На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на МакедонијаПо повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава. Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска. Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех. Македонија е наша татковина. Независноста е наше наследство. Иднината е наша заедничка обврска. Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија. Честит 8-ми Септември! Честити 35 години независна Македонија! Движење ЗНАМ за наша МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook