Централното градско подрачје на Дебар утре 7 часа без струја - Канал 5

Централното градско подрачје на Дебар утре 7 часа без струја

Централното градско подрачје на Дебар утре седум часа ќе биде без напојување со електрична енергија.

Централното градско подрачје на Дебар утре 7 часа без струја

-Утре, 16 април во периодот од 9:00 до 16 часот, ќе има планиран прекин на снабдувањето со електрична енергија во дел од Централното градско подрачје на Дебар, информираше Регионалниот Центар за управување со кризи- Дебар.

Според објавата, струја нема да има Чаршијата (од после градскиот амам), како и улиците "ЈНА", "Лиман Каба" и "1-ви Мај".

- Прекинот е поради планирани технички зафати на електро-мрежата. Ги замолуваме граѓаните за разбирање и препорачуваме навремено прилагодување на дневните активности, се наведува во објавата.

Денеска целиот град без вода е од 9 до 15 часот поради интервенција врз главниот вентил во градскиот резервоар а во исто време и негово генерално чистење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белгија отвора голема фабрика за сателити: Европа има за цел да му конкурира на „Старлинк“ на Маск

Белгискиот крал Филип вчера свечено отвори фабрика која треба да стане најголемиот капацитет за производство на сателити во Европската Унија.

Белгија отвора голема фабрика за сателити: Европа има за цел да му конкурира на „Старлинк“ на Маск

Целта е да се задоволи растечката побарувачка за сателити и друга вселенска опрема во Европа, пренесува „Еуроњуз“.

Лоциран во градот Шарлроа, во јужна Белгија, погонот е управуван од белгиската компанија „Аероспејслаб“. Меѓу другото, таму ќе се произведуваат сателити за европскиот проект „ИРИС²“, кој има за цел да му конкурира на сателитската мрежа „Старлинк“ на Илон Маск.

„Растевме дури и побрзо отколку што планиравме“, изјави Беноа Депер, извршен директор на „Аероспејслаб“. Тој истакна дека неговата компанија еволуирала од мал стартап во 2018 година во голем деловен потфат, кој сега придонесува за вселенската независност на Европа.

Големиот комплекс во Шарлроа – град кој е попознат по аеродромот што го користат нискобуџетните авиокомпании и по напуштените фабрики од индустриското минато на Белгија – ќе може да произведува околу 500 сателити на годишно ниво.

Во септември, Депер и неговите партнери обезбедија договор вреден 2,4 милијарди евра за производство на 264 од вкупно 348 сателити планирани за проектот „ИРИС²“.

Производството сè уште не е започнато во големиот комплекс со овален облик, кој зафаќа површина од приближно 20.000 квадратни метри. Се очекува вработените да се вселат во фабриката во јануари, а почетокот на производството е предвиден до крајот на 2028 година.

Во последниве години, Европа се стреми да го зајакне својот вселенски сектор за да ги искористи растечките економски можности во вселената, истовремено намалувајќи ја зависноста од други нации – поттикната од загриженоста за доверливоста на Соединетите Држави како партнер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија - СДСМ бара оставка од Клековски

Со Клековски и Мицкоски здравството е хаос, нема лекови, луѓе умираат.

СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија - СДСМ бара оставка од Клековски

Повторно нема лекови на Онкологија - СДСМ бара оставка од Клековски

Со Клековски и Мицкоски здравството е хаос, нема лекови, луѓе умираат.

Онколошките пациенти повторно се без терапија - по кој знае кој пат откако е криминалната ВМРО-ОКГ на власт.

Го нема лекот „паклитаксел“. Пациентите повторно се враќаат дома, без потребната терапија и тоа со информација, дека лекот ќе го нема до Нова година.

До Нова Година онколошките пациенти ќе треба да чекаат и да бидат без потребната терапија што за нив живот значи.

Ова е загрозување на човечки животи за што директно одговорен е Клековски.

Пациентите кои веќе поминаа болни циклуси сега се ставени во ризик да им напредува болеста.

Наместо итно решение и обезбедување на лекот, пациентите добиваат порака дека треба да чекаат до Нова година.

Ова е целосен распад на здравствениот систем заради криминалните тендери, заради Мицкоски и Клековски.

Хаосот што го направи Клековски, го доведува во ризик и здравјето и животот на граѓаните.

Организираната криминална група ВМРО и здравјето на граѓаните го гледаат низ призма на тендери и профити врз грбот на народот.

Нема пари за лекови, за апарати, за вработувања, за повисоки плати - ама имаат за нивните партиски тендери.

Бараме оставка од Клековски. Бараме одговорност за сите кои дозволија животот на онколошките пацинети да биде доведен во ризик.

Бараме веднаш да се обезбеди лекот „паклитаксел“ за сите пациенти на кои им е потребен - без изговори, без префрлање на вина и без нови одложување.

За здравјето на луѓето се работи, и тоа не може да чека!

Изјава за медиуми, Елена Радеска – Комисија за здравство

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка

На денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка

На денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека една од суштинските цели на надзорната расправа треба да биде разграничувањето на надлежностите и одговорностите на институциите во државата, особено имајќи ја предвид уставно загарантираната самостојност на Народната банка.

„Пред македонската јавност да разјасниме суштински прашања од уставен правен и институционален аспект. Сметам дека една од основните цели на оваа надзорна расправа треба да биде прецизното разграничување на надлежностите и одговорностите на секоја институција во државата. Вие покрај тоа што се претседателка на Републиката сте и долгогодишен професор по уставно право и поранешен пратеник во ова Собрание“, рече Мицевски кон претседателката Сиљановска Давкова.

Пратеникот Мицевски, во рамки на надзорната расправа, побара од претседателката на државата, Сиљановска Давкова, јасно и прецизно да ги образложи своите уставни и законски надлежности во однос на темата за која се одржува расправата, со акцент на случајот со Алта банка.

Притоа, тој потсети на членот 60 од Уставот, кој ја гарантира самостојноста на Народната банка, како и на членот 5 од Законот за Народната банка, кој ја утврдува нејзината независност.

„Која е вашата конкретна надлежност согласно Уставот и законите во однос на темата за која што денес ја одржуваме оваа надзорна расправа имајќи предвид дека членот 60 од Уставот ја гарантира самостојноста на Народна банка, а членот 5 од Законот за Народна банка ја гарантира нејзината независност. Дали претседателот на Републиката има какви било законски надлежности во постапката за издавање на банкарски дозволи, давање согласност за стекнување на квалификувано учество во банка, вршење на банкарска супервизија или воведување на привремена администрација. Дали во конкретниот случај со Алта банка вие или вашиот кабинет сте биле вклучени во која било од овие постапки“, праша Мицевски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер