Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
2МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
БалканЦентрален предизборен митинг на СИРИЗА во АтинаТрадиционално во Грција четврток пред изборите е денот кога во центарот на Атина, говор одржува опозициската партија, а митингот на СИРИЗА беше на плоштадот Синтагма.Надеж дека СИРИЗА в недела ќе биде победник на изборите и увереност дека актуелните прогнози за рејтингот на партиите се погрешни, изразуваат симпатизерите и поддржувачите на СИРИЗА, кои синоќа присуствуваа на централниот предизборен митинг на кој говореше лидерот на партијата Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина. Традиционално во Грција четврток пред изборите е денот кога во центарот на Атина, говор одржува опозициската партија, а митингот на СИРИЗА беше на плоштадот Синтагма. -Граѓани на Атина, нашиот денешен собир најавува победата. Ова е најголемиот собир што некогаш сме го одржале на Синтагма, рече Ципрас на почетокот на неговиот говор поздравувајќи ги присутните. Истакна дека в недела Грција ќе сврти нова страница, ќе се стави „крај на режимот на неправдата“, а правдата ќе се врати во земјата и посочи дека со победа на СИРИЗА в недела, веќе в понеделник земјата ќе има прогресивна Влада. Дописничката на МИА од Атина присуствуваше на митингот на СИРИЗА и поразговара со поддржувачите на партијата, кои во пресрет на изборите в недела очекуваат победа и промена во земјата. -Очекувам промена, очекувам почитување на владеењето на правото и подобра иднина. Се надевам дека ќе победиме, вели млада Гркинка. Поддржжувачите на СИРИЗА изразуваат воздржаност и резервираност во однос на анкетите што се објавуваат во Грција, според кои партијата е втора со помал рејтинг од Нова демократија. Како пример ги споменуваат предизборните истражувања на Кипар и во Турција, кои беа демантирани од изборните резултати. -Нормално дека ќе победиме и сигурно е дека ќе се покаже дека прогнозите на агенциите за рејтинг се целосно утнати. На Кипар не погодија, во Турција исто, така ќе биде и во Грција, вели повозрасен Грк. Друг пак, потсетува на прогнозите за референдумот во 2015 година, кога исто така резултатите беа целосно спротивни на прогнозите и процените. Со партиски и грчки знамиња, симпатизерите на СИРИЗА му приредија топол пречек на партискиот лидер кој речиси еден час говореше за сите актуелни теми, за партиската програма, на присутните им закажа нова средба, в недела вечер, за како што рече, да ја прослават победата на СИРИЗА, а масовниот собир заврши онака како што и започна, под звуците на „Bella ciao“ -Искрено и со отворено срце денес од грчкиот народ не бараме втора шанса да владееме, туку прва шанса да ја водиме земјата врз основа на нашата програма, врз основа на нашите желби, а не врз основа на она што мора. Без меморандуми, без принуда, без Тројката, без Шојбле, без сите оние кои ни ја наметнаа нивната политика, порача Ципрас. На плоштадот Синтагма, присутни беа поранешни министри од Владата на СИРИЗА, како и актуелни и кандидати за пратеници. Кампањата во пресрет на изборите в недела, лидерот на опозициската партија ќе ја заврши со говор во Патра, додека пак во Атина, централен митинг, на последниот ден од предизборниот период, вечерва ќе одржи актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис. Според сите истражувања на јавното мислење во Грција, објавени во предизборниот период, СИРИЗА е на втората позиција зад Нова демократија, а разликата достигнува и до седум отсто. СИРИЗА беше на власт во периодот од 2015 до 2019 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини повторно се соблече И покрај негативните коментари на социјалните мрежи, холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот. Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување. Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка. View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney) Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите. Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата: Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки. „Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“. Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните. Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен. Изглед што потсетува на раните 2000-ти. Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПутин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 денаРускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори. „Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите. -Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС. Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена. Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија. Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог. „Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков. Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter