ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија
2ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија
3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
ЗдравјеЦентарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација доби нов кабинет Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација доби нов кабинет за аудиометрија.Министерот за здравство Арбен Таравари при посетата на Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација во Скопје промовираше нов кабинет за аудиометрија и современа опрема која ќе ја подобри работата со деца кои имаат препреки во говорот и кадарот во центарот. - Денес промовираме нов кабинет за аудиометрија, со нов апарат, аудиометриски, со сите аудиолошки критериуми што се потребни. Во овој центар на годишно ниво се третираат 3 000 деца, рече Таравари. Тој изрази задоволство од тоа што во центарот има доволно обучен кадар и има лица кои во клиничка болница се остручени да за работат со деца кои имаат кохлеарен имплант и со новата опрема значајно се подобрени условите за третман на пациенти. Благодарност за новата опрема искажа и директорката на центарот, Нермин Теловска која посочи дека новата кабина ги задоволува сите критериуми и сите стандарди во однос на акустиката и пружањето услуги. Таа напомена дека центарот постои шеесет и една година и работат на рано откривање и третман на слушни и на говорно-јазични нарушувања. Одговорајќи на новинарски прашања, таа напомена дека има доволно кадар и дека со министерот било разговарано за воведување на втора смена. Директорката Теловска напомена дека новиот стил на живот и зачестената употреба на електронски уреди може да влијаат врз нервниот систем со што расте и бројот на деца кои имаат развојни тешкотии. Таа меѓу другото напомна дека е многу важно да се делува превентивно. - Имаме и програма со министерството за здравство со која опфаќаме со превентивни прегледи по градинките и училиштата, така што имаме широка дејност. Ние сакаме и имаме за цел да го развиеме тој дел на работа. Уште од родилиште се знае кои дечиња се со ризик и тука да се почне да се работи на превентивата. Ние би биле најсреќни да работиме на превентива, а не на третман, нагласи Нермин Теловска директорка на Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација. Според министерот Таравари, наскоро треба да се реши статусот на 13 лица кои во центарот работат со договор на дело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка. Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година. Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување. Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година. Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес. Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисијаДвижењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството. Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем. Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди. Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења. Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури. За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на Парискиот мировен форум се обрати на панел дискусијата насловена „Одбрана на линијата: суверенитет во ера на хибридни закани“.. „Ние живееме во интерегнум , така да се изразам, во меѓувластие, кога старото општество е заминато, а новото уште не се појавило и монструми нѐ опкружуваат. Во време на вештачка интелигенција и дигитализација овие насилници се скриени, но многу моќни. Оттаму ние мериме чекори, документи, политики ,а тие не. Она што мислам дека е многу важно, посебно за ЕУ и секако за НАТО нема никогаш политички вакуум, никогаш. Особено нема политички вакуум на Балканот. Секогаш Балканот бил карта за поткусуравање и големите сили си ги мерат своите сили, за несреќа, на Балканот. Затоа според мое мислење ова е многу важно. Не е важно само за да нѐ охрабрите нас во регионот, за да бидете силни, да бидете трпеливи и така натаму. Не, ние треба да ги направиме вистински чекори. Зашто од внатре ние сме 70 проценти поврзани со економијата на ЕУ. Тогаш, ако ние сме економски партнер и ако сме во НАТО, го знам одговорот. Доколку сме корисни, доколку сме кредибилни, доколку толку многу пати сме биле пофалени како одлични тркачи, тогаш имаме право и да го завршиме нашиот пат кон Брисел. И тогаш нема да речам дека нашиот маратон кон Брисел е како „Чекајќи го Годо“. “ , рече претседателката Сиљановска Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook