Средба на Сиљановска-Давкова со делегација на францускиот Сенат: Франција е важен пријател и партнер на македонскиот европски пат
1Средба на Сиљановска-Давкова со делегација на францускиот Сенат: Франција е важен пријател и партнер на македонскиот европски пат
МакедонијаЦентарот на Скопје кај „Рекорд“ попладнево претворен во пешачка зонаСкопје ослободен од сообраќај по урнекот на светските метрополи.Ваква е најавата на одбележувањето на Европската недела на мобилност, во чии рамки попладнево улицата кај Рекорд е претворена во пешачка зона. Андријана Лазова е таму, заедно со градоначалникот на Скопје , Петре Шилегов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СкијањеЛиндзи Вон ја потврди новата врска со 11 години помлад скијач (ФОТО)Легендарната американска скијачка Линдзи Вон потврди дека е во врска со францускиот скијач Матие Баје.По неколку месеци шпекулации, 41-годишната Вон објави заеднички фотографии со 30-годишниот Баје, со што јавно ја потврди нивната врска за прв пат. Вон објави серија фотографии на Инстаграм на кои се осврна на изминатото лето. Меѓу нив имаше фотографии со Баје, вклучувајќи ја и едната од нив како се бакнуваат во базен опкружен со планини. На втората, Бајет ја држи околу половината додека позираат заедно на карпа покрај морето, а таа го покажа и нивниот заеднички момент на релаксација во хамак. „Време е за мала летна претпремиера... прв дел“, напиша таа покрај објавата, на која ја додаде и песната So Easy (To Fall In Love) од пејачката Оливија Дин. View this post on Instagram A post shared by L I N D S E Y • V O N N (@lindseyvonn) Постоеја гласини за нивната врска од мај Гласините за врската на Линдзи и Матие се појавија уште во мај, кога беа видени заедно на Бродвеј. Изворот потоа тврдеше дека двајцата само што се запознаваат, но ниту Вон ниту Бајлет јавно не потврдија дека се заедно. Бајлет е француски алпски скијач кој се натпреварува на Светскиот куп, специјализиран за брзи дисциплини, спуст и супер-џи. Тој е 11 години помлад од Вон. Зад неа стојат познати врски Љубовниот живот на една од најуспешните скијачки на сите времиња со години привлекува внимание на јавноста. Од 2007 до 2013 година, Вон беше во брак со поранешниот американски скијач Томас Вон, чие презиме го задржа дури и по разводот. По разводот, таа беше во многу публицизирана врска со голферот Тајгер Вудс. Нивната врска траеше од 2013 до 2015 година. Подоцна беше свршена со хокеарот П.К. Сабан, но двојката објави на крајот на 2020 година дека се разделиле.Тагови: Линдзи Вон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаСредба на Сиљановска-Давкова со делегација на францускиот Сенат: Франција е важен пријател и партнер на македонскиот европски патПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими делегација на Сенатот на Француската Република, предводена од Марта де Сидрак, претседателка на Групата за пријателство Франција–Западен Балкан. Во состав на делегацијата беа сенаторите Арно Базен, Ален Милон и Лоранс Арибе, советникот Гијом Рендино и францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер. Претседателката ја поздрави посетата на француските сенатори и активниот ангажман на Групата за парламентарно пријателство во поддршката на регионот на патот кон ЕУ. Таа ја нагласи важноста на континуираниот политички дијалог и на парламентарната соработка, во духот на принципите и вредностите утврдени во основачките акти. Сиљановска-Давкова укажа на неприродно и нелогично долгиот македонски пат кон Брисел, којшто, наместо преку Копенхаген, врвел преку метрополите на соседите, членки на ЕУ, соочувајќи се со препреки и услови од идентитетска, наместо од реформска природа. Таа потсети дека уште во 1992 година, Бадентеровата комисија позитивно ја оценила нашата уставна усогласеност со Европската конвенција за човекови права и со Рамковната конвенција за заштита на малцинствата, а во 2022, Венецијанската комисија во Мислењето за Законот за употреба на јазиците, констатирала повисоки стандарди на заштита на малцинските права од европските. Исто така, претседателката посочи на македонскиот евроинтеграциски парадокс, кога, по десетина позитивни годишни извештаи за почитување на правата на заедниците, за прв пат, во 2023 година, во Извештајот на бугарскиот пратеник Илхан Ќучук се констатира потребата од внесување на Бугарите во нашиот устав, врз основа на вториот записник/протокол на Македонско-Бугарската комисија за историски и образовни прашања, потпишан од министерот Османи и министерката Генчовска, иако во Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, таква одредба нема. Таа прашува: може ли со записник/протокол, двајца министри да „амандманираат“ билатерален договор; може ли услов од записник да стане дел од Заклучоците на Советот, а тоа да не се проблематизира и спори; може ли некоја држава да бара од друга промена на уставот, а да се заборави на филозофијата на Договорот за ЕУ, односно одредбите за почитување на: националниот и културниот идентитет на државите и нациите, уставните и политичките структури, интегритетот и дигнитетот на граѓаните; може ли некој во демократска држава да гарантира уставни измени, кога пратениците ги претставуваат граѓаните и гласаат по сопствено уверување? Според неа, македонскиот Устав, односно членот 48 и амандманот VIII ги гарантираат малцинските права не само на наброените заедници во Преамбулата, туку на „другите“, за разлика од бугарскиот, којшто, освен антидискриминаторската клаузула од членот 6, не содржи ниту една гаранција, па Венецијанската комисија, во Мислењето од 2008 и препорачува со уставна измена да го стори тоа. Таа го афирмираше и прашањето за односот на Бугарија кон пресудите на Судот за човекови права во Стразбург, во којшто има и свој судија. Претседателката на Групата за пријателство Франција–Западен Балкан, Марта де Сидрак, изрази разбирање за состојбата во којашто се наоѓа земјава и ја потврди француската поддршка за нејзината европска перспектива, потенцирајќи дека државите од Западен Балкан заслужуваат членство во ЕУ врз основа на мерит системот. Таа изрази уверување дека Групата за пријателство Франција–Западен Балкан ќе продолжи да го негува дијалогот, европските вредности и наследството на Робер Бадентер, како нејзин основач, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКанадскиот премиер го шокира светот: Разгледувавме и опција за воена интервенција од САД Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека ја разгледал можноста за американска воена акција против Канада, изјави тој за „Њујорк тајмс“ во интервју.Карни рече дека неговата администрација внимателно го разгледала сценариото „екстремен крај на линијата“ во кое САД преземаат воена акција против неговата земја и се подготвила соодветно, без да даде дополнителни детали. „Мислам дека во овие улоги имате одговорност да го разгледате ризикот од екстремен крај на линијата“, рече Карни, додавајќи: „Тоа е едноставно управување со ризик. Тоа не е основно сценарио, но би било неодговорно да не се подготвувате за него.“ Тензиите меѓу соседите се зголемија за време на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп. Секој воен конфликт веројатно би бил многу нерамномерен. Американската војска има повеќе од два милиони активен и резервен персонал, додека Канада има помалку од 200.000. Слично на тоа, САД имаа 65 подморници во 2024 година, во споредба со четирите на Канада, објави Би-Би-Си. Сепак, Канада има најдолга крајбрежна линија во светот и е блиску до Арктикот, две околности што го наведоа Карни да ги зголеми трошоците за одбрана откако ја презеде функцијата. Во меѓувреме, Трамп честопати ја нарекуваше Канада „51-ва држава“. Тој, исто така, започна трговска војна, која ескалираше минатиот месец кога двете земји почнаа да воведуваат царини за низа производи. Дури и по ескалацијата на конфликтот, Карни потврди дека „често“ разговара со Трамп. „Од моја перспектива, имаме добри односи во смисла дека можеме да се јавиме на телефон и да разговараме еден со друг за проблеми“, рече тој, додавајќи: „Тој е директен. Јас сум директен за тоа каде се наоѓаме. Тоа е многу поефикасно и затоа знаете дека постои и ќе остане така.“ Mark Carney says he has considered possibility of US military action against Canada https://t.co/HRpQeMJbEM — BBC News (World) (@BBCWorld) September 24, 2026 Карни рече дека верува оти сè уште постои пат за продолжување на трговските разговори со Соединетите Држави. Враќањето на пријателските односи би било корисно за двете земји.Тагови: канадскиот премиер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter