Околу 81 процент од израелските граѓани или жители постари од 16 години ги примиле двете дози на вакцината.Во Израел, кој ја спроведе најбрзата вакцинација во светот, децата под 16 години не можат да се вакцинираат со Pfizer.
Израелските власти соопштија дека планираат да ги вакцинираат децата на возраст од 12 до 15 години по одобрување од американската Администрација за храна и лекови (ФДА).
Pfizer и партнерската компанија BioNTech побарале вонредно одобрение за вакцина од ФДА за наведената возрасна група на почетокот на овој месец.Во телевизиско обраќање, Нетанјаху рече дека Израел постигнал договор со „Фајзер“ и „Модерна“ за купување дополнителни 16 милиони дози од вакцините.
Израел има 9,3 милиони жители.
„Ние се подготвуваме за нова кампања за вакцинација за шест месеци“, рече израелскиот премиер.
„Подгответе ги рамената и мускулите, ако сакате, и за децата исто така, затоа што проценуваме дека вакцините за деца ќе бидат дотогаш одобрени“, додаде тој.
Вакцинацијата на деца и млади се смета за критичен чекор кон постигнувањето колективен имунитет и совладување на пандемијата, велат многу експерти.Pfizer соопштува дека нивната вакцина е безбедна, ефикасна и произведува силни антитела кај деца и млади на возраст од 12 до 15 години.
Извршниот директор на Фајзер изјавил дека на луѓето „веројатно“ ќе им треба трета дополнителна доза на вакцината во рок од 12 месеци, а можеби ќе требаат и годишни вакцини.