Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги
1 Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги
БалканЦентарот на Атина како бојно поле, солзавец, камења, димни бомби ..Атина трет ден по ред во знак на насилни и жестоки протести поради законот за начинот на организирање демонстрации, чии измени ги донес грчкиот парламент во четвртокот вечерта.Солзавец камења димни бомби, протестите се претворија во вистински улични битки околу плоштадот синтагма во централното градско подрачје. Шест мина полицајци се повредени а се уапсени девет демонстранти. На страната на демонстрантите застанал и еден специјалец за кој се покажало дека бил член на опозициската Сириза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСаша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицетоМегапопуларниот српски пејач Саша Ковачевиќ ги објави првите фотографии со наследникот од породилиштето.Зорана Тасовац, партнерката на пејачот Саша Ковачевиќ, се породи и роди здраво машко дете. Гордите родители го добија своето прво заедничко дете, а набргу потоа ја споделија радосната вест на социјалните мрежи. Саша сега објави фотографии со наследникот од породилиштето. Првата слика е направена веднаш по породувањето, додека на втората пејачот не ја симнува насмевката од лицето и позира со бебето во колевката. Тој го покри лицето на синот со емотикон во форма на срце, а глетката ги разнежни неговите следбеници. Ковачевиќ претходно откри дека за доаѓањето на бебето избрале приватна клиника и дека тој сакал да биде покрај Зоран за време на породувањето. „Сакам да бидам таму, како поддршка, но и за да ги почувствувам убавините на татковството уште од првата секунда кога тој ќе дојде на свет“, изјави пејачот.Тагови: Саша Ковачевиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услугиМинистерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 18-тиот состанок на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, кој се одржа денеска во Белград, Република Србија.На состанокот беше усвоен Буџетот на ReSPA за 2027–2028 година, како и годишниот финансиски план за 2027 година, со што се обезбедува континуитет на нејзината работа, програмите и активностите насочени кон унапредување на јавната администрација во земјите од Западен Балкан. За Министерството за јавна администрација, ReSPA претставува значаен стратешки партнер во процесот на европска интеграција и спроведувањето на реформите во јавната администрација. Нејзината улога е особено важна преку реализацијата на специјализирани обуки, јакнењето на професионалните и раководните капацитети, експертската поддршка, регионалните проекти и размената на искуства и добри практики со земјите од регионот и Европската Унија. Преку овие активности, ReSPA овозможува европските принципи и стандарди за добро управување да се преточат во конкретни знаења, вештини и подобрени институционални практики, што е особено значајно за унапредување на професионалноста и ефикасноста на администрацијата, модернизација на јавните услуги и градење институции кои се поодговорни, потранспарентни и поотворени кон граѓаните. Регионалната димензија на ReSPA има дополнителна вредност бидејќи овозможува земјите од Западен Балкан заеднички да ги адресираат предизвиците во реформата на јавната администрација, да разменуваат искуства и да ги користат знаењата и експертизата на европските партнери. На тој начин, регионалната соработка станува важен механизам за побрзо приближување кон европските административни стандарди и зајакнување на подготвеноста на институциите за членство во Европската Унија. На состанокот беа презентирани и главните постигнувања и активности на ReSPA во изминатиот период, вклучително и спроведувањето на нејзината програмска работа и соработката со партнерските организации. Учеството на министерот Минчев ја потврдува заложбата на Министерството за јавна администрација за активно учество во регионалните иницијативи, продлабочување на соработката со ReSPA и целосно искористување на можностите што ги нуди ова партнерство за унапредување на националните реформски приоритети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваГвардиола одмора во Дубаи и гледа кошаркаЕден од најтрофејните тренери во светскиот фудбал, екс предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по напорните сезони на клупата на граѓаните е на заслужен одмор. Пеп во моментов одмора во Дубаи каде ја следи и кошаркарската Евролига. Шест месеци по заминувањето од Манчестер Сити – со кој освои 20 трофеи – тој денеска беше забележан во Дубаи, на натпреварот од Евролигата меѓу домашниот клуб Дубаи и Анадолу Ефес. Пред почетокот на натпреварот во „Кока-Кола Арена“, генералниот менаџер на клубот од Дубаи, Дејан Камењашевиќ, му врачи на Гвардиола клупски дрес на самиот терен со неоговото презиме и бројот четири – истиот број што прославениот тренер го носеше како фудбалер на Барселона во текот на 1990-тите години. На овој меч Пеп се сретна и со свoјот пријател и сонародник од Каталонија, стратегот на домаќините Чави Пасквал, тренерот кој со Барселона ја освои Евролигата во 2010 година – токму во периодот кога фудбалскиот тим на Гвардиола доминираше во Европа. Страста на Гвардиола кон врвната кошарка не е ништо ново. Ова е веќе негов втор натпревар во Евролигата во последниот месец, откако кон средината на октомври во Барселона го следеше дуелот Барселона и Олимпијакос, кој отиде во продолжение. Тој, исто така, беше на трибините во „Палау Блауграна“ во 2022 година на натпреварот против АСВЕЛ, а во 2015 година, како тренер на Баерн, го гледаше натпреварот меѓу минхенскиот клуб и Химки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook