Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
ЖивотЦените во Белгија со тенденција на опаѓање, но и натаму повисоки од лани „Потрошувачката кошничка“ за четиричлено семејство 3.356, а за едно лице 952 евра Стапката на инфлација во Белгија во април 2025 година бележи пад од мартовските 2,91 проценти на 2,55 отсто, додека индексот на потрошувачките цени на месечно ниво е намален за 1,12 процентни поени на 134,44, со што сепак е за 3,72 процентни поени повисок во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Белгиското статистичко биро (Статбел). Според Статбел, на падот на априлскиот индекс на потрошувачките цени влијаело поевтинувањето на природниот гас за 5,9 отсто, на електричната енергија за 4,6 проценти, на рибите и морските плодови за 3,8, на овошјето за 2,9, на млечните производи и на јајцата за 2,8, на моторните горива и на лебот и житарките за по 1,4 и на месото за 1,0 отсто. Меѓутоа, како што јави дописникот на МИА од Брисел, цените на сите прехранбени производи во април збирно, вклучувајќи го и алкохолот, пораснале за 2,48 проценти, станарините се зголемиле за 3,51 отсто, а услугите поскапеле за 3,96 отсто, пред се поради значителните зголемувања на цените на авионските билети од 11,1 и на хотелското сместување за 5,4 проценти. Бирото посочува дека стапката на инфлација оваа година има тенденција на намалување од 3,55 отсто во февруари годинава, на 2,91 во март и на априлските 2,55 отсто. Сепак, ваквата тенденција се должи на поевтинувањето на енергијата, бидејќи стапката на инфлација пресметана без цените на енергенсите во април изнесувала 2,71 отсто, што претставува раст во споредба со март кога била 2,57 и од февруарските 2,29 проценти. На годишно ниво (април 2025 споредено со април 2024 година), цените во Белгија во просек пораснале за 2,85 отсто. Најмногу поскапеле цигарите и тоа за 25,1 отсто, пред услугите за 22,6, природниот гас за 20,8, струјата за 17,4, соковите од овошје и зеленчук за 17, накитот за 15,8, останатите тутунски производи за 14,8 и надоместот за испуштање отпадни води за 13,4 проценти. Најголемо поевтинување на годишно ниво се бележи кај услугите за мобилна телефонија од 20,5 отсто, на видео и телевизиската опрема за 20,1 проценти, на смартфоните за 16,5, бензините за 12,2, компјутерите за 11,7, маслото за греење на домаќинствата за 11,2, дизелот за 10,8 и на маслата за готвење за 8,3 отсто. „Потрошувачката кошничка“ за четиричлено семејство 3.356, а за едно лице 952 евра Според податоците на барометрите за висината на потрошувачките цени, цените на недвижности и оценките за квалитетот на живот од овој месец, месечните трошоци за четиричлено семејство во Белгија, без издатоци за станарини, се проценети на 3.356 евра, а за самци на 952 евра. Кога кон ова ќе се приклучат и кириите, тогаш месечните трошоци за четиричлено семејство се проценети на 4.327, а на поединец на 1.992 евра. Цената на свеж бел леб од 500 грама се движи од 1,12 до 4 евра или во просек 2,19 евра, на литар млеко од 0,79 до 2 евра (во просек 1,14 евра), на пакување од 12 јајца од 1,80 до 5,40 евра (просек 3,48 евра), на килограм сирење од 6 до 25 евра (во просек 13,24 евра), на килограм пилешко филе од 7 до 14 евра (во просек 10,41), а на јунешкото месо од 9,87 до 25 евра (во просек 16,13 евра) за килограм. Кога станува збор за овошјето и зеленчукот, нивните цени за еден килограм се движат од 1 до 4 евра (просек 2,11 евра) за оризот, од 1,2 до 3 евра (просек 2,47) за јаболката, 1,3 до 3 евра (просек 2,06 евра) за бананите, од 1,2 до 3,89 евра (просек 2,24 евра) за портокалите, од 1,2 до 4,2 евра (просек 2,59) за доматите, од 0,75 до 3 евра (просек 1,98 евра) за компирите и од 0,75 до 3 евра (просек 1,63 евра) за кромидот, додека цената на едно парче марула се движи од 0,9 до 2 евра или во просек 1,28 евра. Цените на пијалаците се движат од 0,4 до 1,8 евра (во просек 0,9 евра) за 1,5 литри вода, од 5 до 12 евра (во просек 7 евра) за шише вино од средна класа, од 0,98 до 3 евра (просек 1,71 евро) за белгиско пиво од 0,5 литри и од 1 до 3,6 евра (во просек 1,97 евра) за увезено пиво од 0,33 литри. Кутија од 20 цигари чини од 8 до 12,5 евра или во просек 10,5 евра. Просечната цена на дезодорансите од 50 милилитри е 9 евра, на шампоните од 400 милилитри 4,92 евра, на пакување тоалетна хартија од 4 ролни 3,01 евро, а на паста за заби 4 евра. Цени во угостителски објекти и трошоци за превоз, културно-спортски активности и облека Оброк во т.н. евтини ресторани за едно лице чини од 12 до 30 евра или во просек по 20 евра, додека во ресторан од „средна класа“ сумата изнесува од 30 до 65 евра (во просек 40 евра). Во рестораните за брза храна, пак, еден оброк чини од 9 до 13 евра или во просек 10,5 евра. Цените на белгиските пива од 0,5 литри и на странските пива од 0,33 литри во рестораните и кафулињата се движат од 3 до 6 евра, при што просечната цена за белгиските пива е 4,5, а за увезените 4 евра. Безалкохолен газиран пијалак од 0,33 литри чини од 2 до 3,5 евра или во просек 2,75 евра, а во истиот размер се движи и цената за исто количество вода, но нејзината просечна цена е 2,49 евра. Нормално капучино пак чини од 2 до 4,5 евра или просечно 3,55 евра, а коктел околу 12 евра. Билет за едно возење во јавниот транспорт во Белгија се движи од 2 до 3 евра или во просек 2,5 евра, додека во Брисел таквиот билет чини 2,8 евра. Овој билет важи еден час од моментот на првото „отчукување“, за кој период можете да се качите во колку сакате превозни средства и од секој вид - метро, трамвај или градски автобус. Месечниот билет за јавен превоз чини од 34 до 55 евра или во просек 49 евра. Такси превозот чини од 4 до 15 евра старт (просек 5,75 евра) и од 2 до 3,5 евра за изминат километар во нормална тарифа или просечно 2,5 евра. Еден час чекање на такси возилото чини од 30 до 50 евра или во просек 40 евра. Цената на бензините се движи од 1,58 до 1,95 евра или просечно 1,66 евра за литар, колку што чини и литар гас за возила. Билет за во кино чини од 10 до 16 евра или во просек 13 евра, а за во театар околу 45 евра. Месечна претплата за во фитнес клуб изнесува од 24 до 60 евра (во просек 33,04 евра), а изнајмување на терен за тенис за време на викенд на еден час чини од 10 до 25 евра или просечно 19 евра. Кога станува збор за гардероба, пар фармерки чинат од 50 до 120 евра (во просек 90,61 евро), парче летна облека во продавниците на „Зара“, „Ејџ-Ем“ или „Примарк“ од 20 до 70 евра (во просек 39,87 евра), пар патики од средна класа од 60 до 130 евра (во просек 93,87 евра), а кожни чевли од 75 до 192 евра или просечно 123,66 евра. Трошоци за домување и услуги Надоместоците за станарина во Белгија за еднособен стан во централните градски подрачја се движат од 670 до 1.200 евра или просечно 848,58 евра, додека во приградските населби тие изнесуваат од 600 до 1.000 евра или во просек 735,25 евра. За трособен стан во центрите на градовите, пак, кириите се движат од 950 до 2.200 евра или просечно 1.330,05 евра, а во приградските средини од 850 до 1.700 евра или во просек 1.112,73 евра. Цената на квадратен метар на стан во централните градски подрачја се движи од 2.500 до 6.000 евра (во просек 3.684,60 евра), а во приградските населби од 2.000 до 4.000 евра (во просек 2.920,63 евра). Вкупните месечни трошоци за комуналии (струја, греење, вода и подигање смет) се движат од 127,50 до 350 евра или во просек 194,86 евра. Месечната претплата за интернет и кабелска телевизија се движи од 35 до 70 евра или просечно 49,70 евра, а за мобилна телефонија со 10 гигабајти интернет од 12 до 35 евра или во просек 20,42 евра. Месечните трошоци за згрижување на едно дете во приватните детски градинки се движат од 250 до 990 евра или во просек по 567,07 евра, а годишна школарина за ученик во приватните основни училишта се движи од 7.000 до 25.000 евра или просечно 13.668,82 евра. Преглед на приватен општ лекар чини 30 евра, а доза антибиотици 14 евра. Потстрижување за мажи чини од 10 до 60 евра или во просек 29 евра. Платите на Белгијците годинава повисоки за најмалку 3,58 отсто Според априлските податоци на Статбел, просечната бруто месечна плата во Белгија изнесувала 4.076 евра. Сепак, половина од Белгијците заработуваат под 3.728 евра месечно, а месечните бруто плати на околу 10 отсто од вработените во земјата се под 2.443 евра. Минималната бруто плата во Белгија за 2025 година е утврдена на 2.070 евра. Статистичките податоци покажуваат и дека просечната бруто плата на работниците на возраст од 60 години е за околу 188 отсто повисока во однос на вработените помлади од 20 година. Просечната плата на вработените со високо образование, пак, е за околу шест отсто повисока од државниот просек, а на оние со магистерска диплома за 46 проценти. Просечната бруто плата на извршните директори на компаниите во Белгија изнесува 11.772 евра месечно, што е за 189 отсто над просечните примања во земјата. Но, иако бруто платите и минималната плата во Белгија се меѓу највисоките во Европа, сепак нето примањата се значително помали, како резултат на високи даноци и придонеси за социјално и пензиско осигурување. Гледано по сектори, највисока просечна плата од 6.431 евра имале вработените во петрохемиската индустрија, по што следат административните службеници во компаниите со 5.696 евра, вработените во банкарскиот сектор со 5.472 евра, компјутерските програмери со 5.356 евра, работниците во фармацевтска индустрија со 5.331 евра, службениците во осигурителните компании и во приватните пензиски фондови со 5.259 евра, работниците во хемиска индустрија со 5.219 евра, медиумските работници во радијата и телевизиите со 5.218 евра, вработените во секторите за производство и дистрибуција на електрична енергија, гас и пареа со 5.216 евра и работниците во воздухопловството со 5.208 евра. Гледано, пак, по професии, највисоки просечни месечни бруто плати имаат директорите за продажба од 12.596,20 евра, пред директорите во лизинг компаниите од 11.654,10 евра и нивните колеги во ИТ секторот од 11.122,80 евра. Раководителите на фабрики заработуваат 10.655,10 евра месечно, управните директори 10.371 евро, пилотите 10.303, управителите на земјоделски површини 10.257,90 евра, финансиските директори 9.804,34, маркетинг менаџерите 8.947,99 и техничките директори 8.840,12 евра. Листата на најдобро платените професии во Белгија ја заокружуваат медицинско-фармацевтските советници со месечни бруто плати од 8.807,24 евра, по што следуваат директорите на издавачките куќи со 8.759,16 евра, контролорите на летање со 8.738,75, раководителите на правните оддели со 8.727,40, раководителите за логистика со 8.669,29 и ИТ програмерите со 8.421,86 евра. Најниско платени професии, пак, кројачите во текстилната, кожарската и конфекциската индустрија со просечни месечни бруто примања од 2.178,83 евра, по што следуваат социјалните работници со 2.195,06 евра, медицинските административци со 2.195,83, чуварите со 2.202,27 и шивачите со 2.279,49 евра. Нешто подобро платени од нив се негувателите во детските градинки со просечни бруто плати од 2.287,53 евра, куќните помошници со 2.290,07 евра, чистачите со 2.308,45 евра, поштенските службеници со 2.323,62 евра, помошниците наставници со 2.372,81 евра, пакувачите со 2.387,51 евра и поштарите со 2.400,39 евра. Потоа следуваат кинезиотерапевтите со плати од 2.402,22 евра, општите работници со 2.422,91 евра, текстилните контролори со 2.437,62 евра, касиерите со 2.452,79 евра, собарките со 2.462,44 евра и болничарите со 2.468,26 евра. Во Белгија секоја година се врши корекција на платите согласно промените на трошоците за живот, процес познат како индексација на платите, со цел да се одржи нивото на куповна моќ на вработените и покрај инфлацијата. Пресметаната индексација за 2024 година изнесуваше 3,58 отсто, што значи дека од 1 јануари годинава платите на вработените во Белгија беа зголемени за толкав процент. Сите работодавци се должни да ги корегираат платите на вработените согласно индексацијата, а оние кои нема да го сторат тоа ризикуваат да се соочат со казни. Покрај ова, во јуни се исплаќа и годишна премија, чија цел е обезбедување дополнителна финансиска сигурност за вработените, и таа за годинава е пресметана на 323,69 евра. Дополнително, според договорот постигнат меѓу коалициските партнери во Федералната влада на Белгија минатиот месец, во мај 2026 година социјалните бенефиции и платите на вработените во јавниот сектор ќе треба да се зголемат за два проценти за да се прилагодат на очекуваните повисоки трошоци за живот. Прогнози за 2025 и 2026 година Според проценките на Статбел, просечната инфлација во Белгија годинава ќе изнесува 2,1 отсто, а во 2026 - 1,3 проценти, што би било намалување во однос на ланската инфлациска стапка од 3,14 и 4,06-те отсто во 2023 година. Статбел проценува и дека оваа година просечната цена на барел нафта ќе изнесува 68 барел, на природниот гас 38 евра за мегават час, а на електричната енергија 84 евра за мегават час. Кога станува збор за следната 2026 година, се предвидува просечната цена на нафтата да биде 65 долари за барел, на природниот гас 31 евро мегават час, а на струјата 82 евра за мегават час.Тагови: Белгија цените Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21