Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат - Канал 5

Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат

Цените на нафтата значително паднаа откако САД и Иран објавија тридневно примирје, со што се зголеми надежта за смирување на конфликтот. 

Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат

Цената на барел сурова нафта „Брент“, која е глобален ценовен репер, во еден момент падна за повеќе од 9 отсто, на под 88 долари. Ова претставува значаен пресврт во однос на минатата недела, кога цената надмина 100 долари, пишува Би-Би-Си.

До падот на цените дојде по изјавата на американската амбасадорка во Обединетите нации дека нападите врз Иран биле прекинати втора ноќ по ред со цел да се „отвори простор за преговори“. Портпаролот на иранската армија во неделата потврди дека Техеран, како одговор, ги прекинал „одмаздничките“ напади во регионот.

Избувнувањето на војната со Иран претходно предизвика нагло зголемување на цените на нафтата, бидејќи конфликтот практично го затвори Ормускиот теснец. Станува збор за клучна поморска рута низ која поминуваат околу 20 отсто од светската нафта и течниот природен гас (LNG).

Кога Иран и САД во јуни потпишаа меморандум за разбирање за прекин на воените операции и повторно отворање на теснецот, цената на нафтата падна на предвоеното ниво од околу 70 долари за барел. Сепак, пропаѓањето на примирјето претходно овој месец повторно ја зголеми загриженоста за глобалното снабдување со енергија, што повторно ги крена цените.

Минатата недела цената за првпат од мај достигна 100 долари за барел. Дополнителна неизвесност внесоа и нападите на јеменските бунтовници Хути врз танкери со нафта во Црвеното Море, со што беше загрозена клучната извозна рута преку која Саудиска Арабија го заобиколува Ормускиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Демократската унија за интеграција реагира на зголемувањето на цените на меѓуградскиот транспорт, што директно ги оптоварува граѓаните, особено студентите и вработените кои секојдневно патуваат од еден во друг град.

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Од Тетово до Скопје, билетот кој досега чинеше 200 денари е зголемен на 250 денари, што претставува зголемување од 25% по патување. За студент или вработен кој секојдневно патува, ова значи значително дополнително месечно оптоварување.

Истовремено, според презентираните податоци, месечните трошоци за транспорт се зголемиле од околу 5.500 на 6.500 денари, што дополнително го зголемува притисокот врз семејните буџети.

Дали ова е политиката на „грижа за граѓанинот“ што ја нуди власта?

Наместо да се креираат политики за подостапен јавен транспорт и за поддршка на студентите и вработените кои секојдневно патуваат, граѓаните се соочуваат со сè повисоки цени.

ДУИ бара од надлежните институции јавно да ги објаснат причините за ова зголемување и да преземат мерки за заштита на граѓаните, особено на студентите и категориите кои зависат од меѓуградскиот транспорт.

Граѓаните не можат да бидат тие што ќе ја плаќаат сметката за секој неуспех на власта, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Целата акција против вработениот е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата

Лицето со иницијали Д. Ц. е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода. 

Влада: Целата акција против вработениот е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата

Првичната пријава за незаконскиот поткуп потекнува и е на иницијатива на институциите на кои им било пријавено барањето за поткуп.

На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани.

Истото лице во моментот на незаконското делување работело и остварувало задачи како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, откако претходно засновало работен однос по примерот на сите останати институции во Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Оваа акција беше спроведена претходно во соработка со службите на МВР, при што беа дадени бележани пари и целата акција е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата. Со овој случај се покажува дека законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата. Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Шест пожари активни, најкритично на Рамно

Шест пожари на отворено се активни во земјава, откако само во текот на вчерашниот ден биле регистрирани повеќе од 30, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. 

Ангелов: Шест пожари активни, најкритично на Рамно

Најкомплексен е пожарот кај Рамно, во Чучер Сандево, каде поради непристапниот терен и силниот ветер интервенираат пожарникари, екипи на ДЗС, Армијата и полициски хеликоптер, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Пожарот кај Грачани и Никиштане, кој од Косово премина на македонска територија, се спушта кон Лепенец со намален интензитет и се очекува денеска да биде ставен под целосна контрола. Активни пожари има и кај Струга и Дебар, Тајмиште и Белица.

Надлежните апелираат на зголемена внимателност поради високите температури и силниот ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер