Цените на дизелот во Германија достигнаа рекордно ниво - Канал 5

Цените на дизелот во Германија достигнаа рекордно ниво

Полнењето на резервоар од 50 литри сега чини 123,55 евра. 

Цените на дизелот во Германија достигнаа рекордно ниво

Цената на дизелот во Германија достигна ново рекордно ниво. Просечната цена по литар вчера изнесуваше 2,471 еврa, надминувајќи го претходниот рекорд од 2,453 евра, поставен само еден ден претходно. Полнењето на резервоар од 50 литри сега чини 123,55 евра. Во меѓувреме, цената на бензинот благо опадна, од 2,314 на 2,308 евра по литар.

Поскапувањето е предизвикано од воената ескалација на Блискиот Исток и во Персискиот Залив, што доведе до нагло зголемување на цените на суровата нафта. Проблемите со снабдувањето дополнително се влошуваат поради дефекти и оштетувања на енергетските постројки. Автомобилскиот клуб „ADAC“ проценува дека цените на нафтата и девизниот курс на еврото само делумно ги објаснуваат исклучително високите цени на германските бензински пумпи.

Владата разговара за мерки за олеснување

Овие нови рекордни цени вршат притисок врз сојузната влада. Канцеларот Фридрих Мерц најави брзи мерки за олеснување, иако сè уште нема консензус во рамките на владејачката коалиција за нивната конкретна форма.

Генералната секретарка на „CDU“, Франциска Хоперман, за првпат изнесе конкретни бројки во четвртокот вечерта за време на емисијата „Мајбрит Илнер“. Таа изјави дека намалувањето на цената за 21, 23 или 25 центи по литар би било забележливо. Се очекува прашањето да се разгледува на почетокот на октомври.

Партиите од Унијата предлагаат намалување на даноците за енергија или на ДДВ-то за гориво. Од друга страна, министерот за финансии Ларс Клингбајл се залага за воведување европски данок на екстра-профитот на нафтните компании. Сè уште не е постигнат конечен договор.

Совети за заштеда на пари при полнење гориво

Возачите кои сакаат да заштедат пари треба да полнат гориво непосредно пред пладне. Од 1 април, на бензинските пумпи им е дозволено да ги зголемуваат цените само еднаш дневно – во 12:00 часот – додека можат да ги намалуваат повеќепати во текот на денот. Според податоците на „ADAC“, бензинот и дизелот генерално се најевтини во утринските часови. Цените забележливо растат токму напладне, а потоа постепено опаѓаат во текот на остатокот од денот.

Се препорачува и споредување на цените, бидејќи тие можат значително да варираат помеѓу пумпите во иста област. Горивото обично е значително поскапо на бензинските станици покрај автопатот, па дури и кратко скршнување од рутата може финансиски да се исплати.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Македонија не е на продажба – Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата!

Македонија не е на продажба, а земјата, рудите и водата не се приватна сопственост на Христијан Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Филипче: Македонија не е на продажба – Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата!

„Мицкоски најавува распродавање на земјата и ги нуди рудните богатства на странски инвеститори. Јасно и гласно му порачувам: не смее да ги распродава националните богатства. За отворање рудници прво мора да бидат прашани граѓаните“, рече Филипче.

Тој нагласи дека жителите на населените места каде што се планираат рудници мора на референдум да одлучат дали прифаќаат такви проекти во близина на своите домови.

„Во време кога илјадници граѓани во Гостивар беа затруени од загадена вода, кога и во Струмичкиот регион има места со неисправна вода, кој може да гарантира дека токсични материи, како антимонот, утре нема да завршат во водата? Такви одлуки не смеат да се носат зад грбот на граѓаните“, рече Филипче.

По целосниот дебакл на економските политики, Мицкоски нема право спасот да го бара во распродажба на природните ресурси, додаде претседателот на СДСМ.

„Тоа што во моментов ја води Владата не значи дека може да располага со националните богатства како да се негова приватна сопственост. Како што водата ја ветил за изградба на дата-центри, така сега сака да ги распродава земјата и рудите за да ги покрие своите лоши економски политики“, истакна Филипче.

Во однос на најавените дата-центри, тој посочи дека власта крие суштински информации: кој ќе ја користи водата од Вардар, што ќе се случи со земјоделството, колку електрична енергија ќе трошат центрите, дали ќе поскапи струјата и каква корист ќе имаат граѓаните од проекти што отвораат само неколку работни места.

„Ние не сме против технолошкиот развој на државата. Ние сме против приватните бизнис-интереси на оваа власт да се остваруваат на штета на граѓаните. Водата од Вардар, земјата и рудите им припаѓаат на сите граѓани, а не на приватни компании и луѓе блиски до Мицкоски“, рече Филипче.

„Македонија не е на продажба. Граѓаните мора да одлучат дали ќе има рудници во близина на местата каде што живеат. Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

YouTube video

Филипче: Граѓаните на референдум да одлучат дали сакаат рудници во близина на своите домови

Граѓаните треба на референдум да одлучат дали сакаат рудници во близина на своите домови, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, по најавите на премиерот Мицкоски за изградба на рудници и експлоатација на рудното богатство. Филипче посочи дека националните богатства не се приватна сопственост на премиерот и дека за вакви прашања мора да се слушне гласот на граѓаните.

„Премиерот Христијан Мицкоски најавува распродавање на земјата. Вчера го слушам, кажува како ние сме биле богати со руда, надевајќи се дека ќе привлече инвеститори кои што тука ќе градат рудници. Сакам јасно и гласно да му порачам - не смее да ги распродава националните богатства. Прво, за рудници треба да се прашаат граѓаните“, рече Филипче.

Тој додаде дека граѓаните мора да имаат право директно да одлучат дали во нивната непосредна околина ќе има рудници, особено во услови кога веќе постојат сериозни проблеми со квалитетот и безбедноста на водата.

„Треба граѓаните во средините во кои што живеат да се изјаснат на референдум дали сакаат или не сакаат, близу до нивните места на живеење, да се градат рудници.Сега кога имаме случај на загадување на водата, сега кога после толку месеци и пет илјади отруени луѓе во Гостивар кои што пиеја вода загадена со фекалии, сè уште немаме податок дали водата е чиста на хартија. Да се види тоа, сега кога секојдневно се отвораат сега и во струмичкиот регион, неколку места во кои што водата не е исправна, дали е потребен дополнителен ризик од загадување со екстремно токсични материи, како што е антимонот, и кој би гарантирал тој процес, дека ќе биде безбеден, и дека утре антимон нема да се најде во водата, ако се отворат такви рудници, без да се прашаат граѓаните“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека Владата не смее националните богатства да ги користи како излез од сопствените економски проблеми и неуспеси.

„Нема право премиерот, кога има сега целосен дебакл во сферата на економските политики, да мисли дека може да ја распродава земјата. Тоа не е негова приватна сопственост. Тоа што тој во моментов ја води владата, не значи дека треба да располага со националните богатства на земјата за да се спаси во делот на лошите економски политики. Така како што очигледно дека ги има ветено водите за изградба на дата центри, така сега сака да ја распродаде и земјата. Јасно и гласно кажуваме - граѓаните треба да одлучат на референдум дали ќе има или ќе нема рудници близу до местата каде што живеат“, рече Филипче.

Скопје, 18.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукање во училиште на Филипините: Загинаа три деца, а осум се повредени

Тројца ученици загинаа денес при пукање во училиште во градот Банга, во јужниот дел на Филипините, вклучително и 16-годишникот осомничен за извршување на нападот , додека осум други лица се повредени, соопшти градоначалникот на градот.

Пукање во училиште на Филипините: Загинаа три деца, а осум се повредени

„Сите жртви се ученици на возраст од 14 до 17 години. Четворица од повредените се во критична состојба“, изјави за Ројтерс Алберт Паленсија, градоначалникот на Банга.

Медиумите претходно известуваа, повикувајќи се на локални претставници, дека најмалку едно лице загинало, а четворица биле ранети.

Инцидентот се случил во Националното средно училиште „Банга“ во провинцијата Јужен Котабато, на југот на Филипините, според гувернерот на Јужен Котабато, Реиналдо Тамајо.

Наредникот на полицијата Реџи Фадерон претходно изјави дека има повеќе повредени и оти полицијата ги утврдува деталите.

Пред точно еден месец, најмалку две лица загинаа, а девет беа повредени при пукање во училишниот комплекс во градот Замбоанга, на југот на Филипините – поточно во кампусот на средното училиште при Универзитетот „Атенео де Замбоанга“.

Според градоначалникот, осомничениот, ученик во седмо одделение, влегол во училиштето на 18 август вооружен со пушка и пиштол, отворил оган врз учениците и наставниците, а потоа си го одзел животот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селекторот на Србија го објави составот: Душан Тадиќ се враќа во репрезенатцијата

Селекторот на најдобрата фудбалска селекција на Србија, Вељко Пауновиќ, го објави спидсоко на фудбалери  за претстојните четири натпревари во елитната А група од Лигата на нации на УЕФА. 

Селекторот на Србија го објави составот: Душан Тадиќ се враќа во репрезенатцијата

Србија најпрво ја очекуваат два натпревара на домашен терен во Белград против Грција и Холандија, по што следуваат исклучително тешки гостувања против Германија во Минхен и повторно против Холандија во Ајндховен.

Главна вест во врска со составот е официјалното враќање на поранешниот капитен Душан Тадиќ во националниот тим, како и повикувањето на бројни дебитанти и целосна реконструкција на нападот.

Нови имиња на списокот се Петар Шукачев и Лазар Николиќ од Војводина Нови Сад, како и Стефан Џодиќ од шпанска Алмерија.

Во нападот, повикани се помладите играчи Михајло Цветковиќ и Јован Милошевиќ, заедно со повратникот Дејан Јовељиќ.

Селекторот Пауновиќ ќе се потпре на следните играчи за претстојните репрезентативни предизвици:

Голмани: Вања Милинковиќ-Савиќ, Ѓорѓе Петровиќ, Филип Станковиќ.

Одбрани: Страхиња Павловиќ, Страхиња Ераковиќ, Срѓан Бабиќ, Никола Симиќ, Коста Недељковиќ, Алекса Терзиќ, Петар Шукачев, Лазар Николиќ.

Играчи од средниот ред: Александар Станковиќ, Немања Максимовиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Саша Лукиќ, Немања Гудељ, Вања Драгојевиќ, Лазар Самарџиќ, Андрија Живковиќ, Филип Костиќ, Стефан Џодиќ, Василије Тасвиќ, Душин Костов.

Напаѓачи: Душан Влаховиќ, Лука Јовиќ, Дејан Јовељиќ, Михајло Цветковиќ, Јован Милошевиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер