Цената на нафтата на највисоко критично ниво – какви мерки се неопходни за зачувувањето на стандардот на граѓаните - Канал 5

Цената на нафтата на највисоко критично ниво – какви мерки се неопходни за зачувувањето на стандардот на граѓаните

Цената на нафтата урива рекорди на светските берзи.. Суровата нафта од типот Брент достигна максимални 126 долари за барел, што е највисок скок во последните четири години, како резултат на најавите за можна нова воена операција во Иран.. 

Цената на нафтата на највисоко критично ниво – какви мерки се неопходни за зачувувањето на стандардот на граѓаните

Цената на брент нафтата го достигна највисокото ниво во послениве 4 години – по најавите дека САД се подготвуваат за долга блокада на иранските пристаништа цената на нафтата на светските берзи се вивна и до 126 долари за барел... Дел од економските екперти во земјава предупредуваат доколку цената на нафтата продолжи да расте последиците неизбежни....

Професорот Борче Треновски вели иако имаме благо зголемување на инфлацијата се уште ценовниот ефект не е целосно пренесен врз макеоднската економија, но доколку растот продолжи тогаш државата мора да направи целосна проценка на фискалниот ризик и да се видат можните начини на кој ќе се интервенира на среден рок...

„Значи секогаш имате определ тјамлек 2, 3, 6 месеци кога цената се пренесува во целата економија. Се надевмае дека кризата ќе се заузда и ќе го прекине овој ланец ако продолжи да расте цената на нафтата и понатмау ова ќе се пренесе многу позначајно кај цените. Односно некоја проекција која ја направивиме може 1,5 до 2 процентни поени, доколку цената на барел достигне и до 150 долари, а тоа може и до дури 1 пп да го намали нашиот економски раст. “

Според екпертите кризата нема да влијае само на цените на горивата. Алармираат дека државата мора да помогне, но фокус според економистите мора да се стави на најранливите.

„Јас припаѓам на таа група на економисти кои се залга да собира а таргетирнао да распоредува. Јас се залгам фда им се наплати со пропишаните норми а да се распоредува после кон загрозените семејства кон грушите бидејќи тоа треба да бидат исклучиво таргетирани политки.... “

„Јасна е препораката што доаѓа од науката, мора да се оди со таргетирани емрки бидејќи пазете храната поскапува во оваа криза не е смао горивата, преку горивата поскапуваа производствените трошоци на сите фирми, транспортот итн.,.. Меѓутоа имајќи го во обзир и фактот дека една третина од ѓубривата одат преку ормутскиот теснец поскапува и храната и треба посебна заштите за семејствата кои се загрозени...“

Владата досега интервенираше со намалување на акцизите и ДДВто за нафтените деривати, што според фикаслниот совет има позитивен ефект во ублажување на директниот удар врз трошоците граѓаните, но мерките според советот се фискално скапи и недоволно таргетирани...

„Намалувањето на ДДВто иако сега се врати на 18% и акцизата има краткорочно позитивен социјален ефект но мерката е фискална скапа и недоволно таргетирана....Ова е во согласност и со препораките на ММФ дека поддршката при енергетски и прехранбени шокови мора да биде таргетирааназа оние кои се најранливи...“

Според владините најави доколку има потреба можна е нова интервенција кај акцизите. Како високите цени на светските берзи ќе се одразат кај нас ќе се знае в понедленик кога Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нови цени на горивата...Во меѓувреме владата, како што посочија вчера активно преговата и соОКТА да се продолжи попустот за горивата кој истекува на полноќ, за сите компании кои се снабдуваат од рафинеријата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 16 загинати во земјотресот од 7 степени во Кина (ВИДЕО)

Најмалку 16 лица загинаа, а 32 се повредени во земјотрес со магнитуда од 7 степени што го погоди Тибет, Кина, во четврток вечерта. 

Најмалку 16 загинати во земјотресот од 7 степени во Кина (ВИДЕО)

11 од повредените се во сериозна состојба. Најмалку 339 куќи се урнаа.

Земјотресот го погоди округот Бакинг, градот Нагку во северен Тибет, во 22:33 часот по локално време. Кинескиот центар за земјотресни мрежи процени дека епицентарот бил длабок 10 километри, додека Американскиот геолошки завод (USGS) ја процени длабочината на 18 километри.

Спасувачките екипи продолжија да пребаруваат и да им помагаат на жителите. Полицијата и пожарникарите поставија шатори за луѓето раселени од земјотресот.

Кинеската државна телевизија CCTV објави дека тоа е најсилниот земјотрес што го погодил регионот во последните пет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовни протести поради строгите закони за абортус низ 20 градови во Полска

Жените во повеќе од 20 полски градови протестираа поради недостатокот на пристап до бесплатни и легални абортуси. 

Масовни протести поради строгите закони за абортус низ 20 градови во Полска

Демонстрантите ја обвинија либералната влада на премиерот Доналд Туск дека не го исполнила своето ветување за ублажување на строгите закони.

Во Варшава, стотици жени протестираа пред парламентот и покрај обилните дождови. Митинзите се одржаа и покрај тоа што парламентот во вторник одобри два закона што имаат за цел да ги ублажат правилата за абортус. Се очекува конзервативниот претседател на парламентот Карол Навроцки да стави вето на нив, според АП. Зофија Марчинек од „Тимот за соништа за абортус“, група за репродуктивни права со седиште во Варшава, рече дека усвојувањето на законот една година пред следните парламентарни избори е „симболичен гест“, а не вистинска намера за реформа на законот.

Либералната влада, рече таа, била свесна дека законите немаат шанси да го преживеат ветото на Навроцки, па затоа се обидела да создаде впечаток дека презема акција. Марчинек верува дека ѝ се потребни гласовите на жените за да победи на изборите следната година. Легалниот абортус во католичка Полска е дозволен од 1993 година само во случаи на тешки абнормалности на фетусот, ризик за животот и здравјето на мајката или кога бременоста е резултат на силување или инцест.

Полските жени оттогаш се залагаат за легализација на абортусот, вклучително и преку национален бран протести познат како „Црн протест“, кој започна во 2016 година, кога учесничките носеа црно.

Законите беа дополнително заострени во 2020 година, под власта на национално-конзервативната партија Право и правда (ПиС), кога абортусите беа забранети во случаи на вродени дефекти на фетусот. Абортусот останува табу тема во Полска, а земјата има еден од најрестриктивните закони во Европа. Построги прописи постојат само во Малта.

Проевропската коалиција на Доналд Туск ги доби изборите во 2023 година делумно врз основа на ветување за либерализација на законите за абортус. Туск во 2024 година рече дека неговата влада нема да може да го поништи ветото на конзервативниот претседател.

Наместо да се промени законот, беа воведени мерки за да се спречат болниците да одбиваат да вршат легални абортуси од религиозни причини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција им ги забранува социјалните мрежи на помладите од 15 години

Грчкиот парламент донесе закон со кој им се забранува на децата под 15 години да користат социјални мрежи. 

Грција им ги забранува социјалните мрежи на помладите од 15 години

Законот, кој стапува на сила на 1 јануари 2027 година, беше донесен поради растечката загриженост за влијанието на овие платформи врз здравјето и безбедноста на малолетниците, објави Ројтерс.

Премиерот Киријакос Мицотакис изјави дека платформите имаат рок од два и пол месеци да развијат систем за проверка на возраста на корисниците и да обезбедат заштита на нивната приватност. Грција е една од седумте земји-членки на Европската унија кои соработуваат со Европската комисија за решение за проверка на возраста на корисниците.

Слични мерки веќе се забележани во светот. Минатата година, Австралија стана првата земја што законски го ограничи пристапот до социјалните медиуми за малолетници. Во Франција, пак, Уставниот суд го поништи таков закон во август.

Помагање на родителите во борбата против зависноста

Владата нагласува дека со овој потег сака да им помогне на родителите во потиснувањето на таканареченото бесконечно скролување. Тие наведуваат дека овој феномен ги лишува децата од сон, ја нарушува концентрацијата и го одзема времето од поминувањето време со пријателите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер