Цената на доматите падна на 15 денари за килограм – струмичките земјоделцисе жалат на загуби - Канал 5

Цената на доматите падна на 15 денари за килограм – струмичките земјоделцисе жалат на загуби

Струмичките градинари годинава оставени на цедило. При крајот на масовните берба на доматите се соочуваат со мизерни откупни цени од само 15 денар за килограм.

Цената на доматите падна на 15 денари за килограм – струмичките земјоделцисе жалат на загуби

Според нив оваа цена ни од далеку не ги покрива трошоците кои ги имаат направено во текот на годината иќе бидат во загуба а за трудот и маката што ги вложиле никој не може да го наплати.

Со години семејството Митеви од Василево живее и опстанува од неколку декари под пластеници. Годинава лошо поминаа со зелката и со компирот па се надеваа дека таа загуба ќе ја надополнат од производството на домати но и таму слобнодниот увоз на зеленчук од Албанија сериозно ги урива цените а со тоа и можноста овие производители на храна да опстанат и да не заминат во некоја фабрика на работа оставајќи ги нивте празни.

Но не само градинарите од струмичко, годинава многу лошо поминаа и производителите на пченица и јачмен. Во време кога драстично се зголемија ценита на ѓубривата и нафтата заради војната на блискиот исток тие имаат откупни цени од 10 денари како од пред 20 години.

Допрва претстои откупот и на грозјето каде иако се објавија пресметките за откупните цени според земјдоелците нема одговор на тоа дали ќе се откупи целото црно грозје и дали годинава ќе се почитуваат овие цени бидејќи лани сепак откупот течеше по цени кои ги диктираа винариите а не оние кои ги донесе државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија ѝ одговори на Шпанија дека нема да ги укине граничните контроли сè додека постојат ризици

Италија денес објави дека нема да попушти пред „ултиматумите“ на Шпанија и ќе ги одржи граничните контроли за патниците што доаѓаат од таа земја најмалку до 15 август. 

Италија ѝ одговори на Шпанија дека нема да ги укине граничните контроли сè додека постојат ризици

Шпанија претходно денес се закани дека ќе воведе реципрочни мерки за патниците од Италија ако Рим не ги укине граничните контроли што ги воведе минатата недела до недела, по масовниот прилив на мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута.

Италијанската влада во соопштението изјави дека ќе ја преиспита својата одлука само откако ќе биде сигурна дека нема безбедносни или терористички ризици, нема нов бран на миграција и нема нелегални мигранти што се упатуваат кон европска територија.

Повеќето мигранти се вратија

Мадрид претходно изјави дека ги смета контролите за „неправедни, спротивни на интересите на ЕУ и дискриминаторски кон шпанското население“. Италија не дели копнена граница со Шпанија. Мерката што ја воведе Мелони се однесува на морскиот и воздушниот сообраќај, а контролите се првенствено насочени кон патниците кои не се од ЕУ.

Речиси 60.000 луѓе, претежно Мароканци, пристигнаа или се обидоа да стигнат до шпанската енклава Сеута минатата недела пеш или пливајќи од соседниот град Фнидек. Имигрантите брзо ја преплавија шпанската енклава, а повеќето од нив потоа беа вратени во Мароко. 82 загинаа обидувајќи се да влезат во Сеута, соопштија властите.

Шпанскиот град на северноафриканскиот брег постепено се враќа во нормалниот живот, но неговите улици се полни со малолетници без придружба кои не можат да бидат вратени во Мароко, но чија заштита и грижа мора да бидат одговорност на заедницата во која се наоѓаат. Владата на Сеута проценува дека околу 1.100 малолетници влегле во градот меѓу приближно 60.000 мигранти.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наредена итна евакуација на населението во Јапонија, откажани летови

Тајфун се движи кон јапонија. се евакуираат 260 илјади луѓе а откажани се повеќе од 500 летови додека тајфунот „Долфин“, кој се движи бавно, се приближува кон регионот.

Наредена итна евакуација на населението во Јапонија, откажани летови

Тајфунот од прва категорија носи ветрови со максимална брзина од 144 километри на час, со удари што достигнуваат и до 198 километри на час, и се приближува кон низата острови меѓу регионот Кјушу и префектурата окинава, соопшти јапонската метеоролошка агенција

Властите издадоа наредби за евакуација на речиси 260.000 жители во префектурите кагошима и окинава, додека „Тојота“ денеска го прекина производството во девет фабрики.

Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека може да се формира и линеарен појас на дожд – односно тесен појас на интензивни врнежи и грмотевици – што би можело да предизвика поплави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Во попладневните часови особено во северните делови, ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

За време на викендот и во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и многу топло време со појава на мала до умерена облачност во текот на денот. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер