Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
1Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
ЖивотЦената на бесмртностаКомпанијата „КриоРус“ веќе цели осум години чува тела на покојници во течен азот за во иднина овие луѓе да можат повторно да се оживеат доколку науката пронајде начин за оживување на мртвите. Во процедура веќе имаат влезено 34 луѓе и 14 домашни животни, а потпишани се договори за уште над 100 луѓе. Нарачатели има и од САД и од Заедницата на независни држави. Мислењата за овој проект се разликуваат, но сопствениците на компанијата вложуваат пари во конкретни научни истражувања.Минатогодишната анкета на „Левада-центар“ покажа дека 41% од граѓаните на Русија се плашат од смртта, додека 20% имаат желба да живеат вечно. Компанијата „КриоРус“ го засновала својот бизнис на овие стравови и желби. Таа од 2005 година се занимава со длабоко замрзнување на телата на починатите луѓе и на мртви животни со цел во иднина да можат повторно да бидат оживеани. Компанијата има десет основачи меѓу кои се биофизичарот Игор Артјухов, основач на Институтот за биологија на стареењето, Валерија Прајд, активен учесник на Руското трансхуманистичко движење и Данила Медведев, кој поради криониката ја напуштил кариерата на аналитичар на една инвестициска банка. Претприемачите долго ја следеле работата на меѓународните компании за крионизација и сфатиле дека нивните технологии можат да се користат во Русија. Во тоа време на Запад постоеле четири вакви компании (најпознати се Alcor и Cryonics Institute во САД), кои во тој момент имаа крионизирано околу 150 луѓе. Светла верба во иднината Крионистите сметаат дека човековото тело може да се доведе во состојба на анабиоза пред да почне да се распаѓа, и дека во таа состојба може да остане додека науката не најде начин за оживување на мртвите. Истражувачите се уверени дека ќе биде можно да се оживее телото, а воедно и личноста и свеста на конкретниот човек. За да се постигне тоа, ќе биде потребно повторно да проработат оние делови на мозокот на покојникот кои се одговорни за трајното паметење. Исто така, некои веруваат дека во иднина ќе постојат повеќе можности да се оживее мозокот доколку неговите делови се заменат со електронски чипови и дека на научниците ќе им појде од рака да изработат модел на мозокот со сите детали. Според мислењето на Медведев и Прајд, кои се повикуваат на трудовите на познати неврофизичари, ова може да се случи во следните 50 до 100 години. Оптимизмот на крионистите не го делат претставниците на официјалната наука со кои разговаравме. „Светската наука денес смета дека замрзнатите човечки организми не можат да бидат оживеани. Поради тоа руската медицинска наука ги третира крионистите како бајачи или надрилекари, и како популаризатори на псевдонауката“, смета Ирена Силујанова, шеф на катедрата за биоетика при Рускиот национален истражувачки медицински универзитет „Н.И. Пирогов“. Од правна гледна точка фактот дека компанијата се занимава со нестандардна дејност, сепак не значи дека нејзините работници се измамници, одговара Светлана Јудина, правник на компанијата „Хренов и партнерите“. „Работата на компанијата за зачувување на луѓето може да се третира како измама доколку работник на компанијата тврди или ветува дека замрзнатиот труп сигурно ќе оживее и дури и го наведува датумот или периодот кога тоа треба да се очекува. Но, ако работниците само тврдат дека оживувањето е можно, но со помош на методи кои сè уште не се откриени, тогаш тука не постои никаква измама“. Клиентите на компанијата „КриоРус“ потпишуваа договор за изведување научен експеримент за зачувување и оживување на луѓе. Компанијата бара од нарачателот потврда дека извршителот не гарантира дека ќе го оживее криопациентот. „Русија треба да подготви закони со кои се регулира криониката“, смета Марија Баст, претседател на Асоцијацијата на адвокати на Русија за човекови права. „Сега 'КриоРус' има многу проблеми. Дури и ако некој по писмен пат изразил желба по смртта да биде крионизиран, роднините честопати ја оспоруваат таа одлука, така што успехот на крионичкото замрзнување на нечие тело зависи и од односот на неговите блиски“. Цена на (потенцијалната) бесмртност Основачите во 2005 година вложиле околу 10 илјади долари во овој бизнис. Парите главно се потрошени на опрема за криоториум (објект за чување на телата) во Зеленоград во околината на Москва. Подоцна се потрошени уште околу 20 илјади долари за купување на неколку криостати за чување на телата во сув мраз. Дополнителни средства се потрошени и за неколку термоси од 45 литри (за чување на одделни органи, биолошки примероци на ДНК, крв од папочната врвца и друго). Откако компанијата започнала да работи нејзините основачи потрошиле околу 60 илјади долари, а преку 50 илјади долари добиле од спонзори. Замрзнувањето на целото тело во компанијата „КриоРус“ чини 36 илјади долари, а само на главата или мозокот (неврокрионизација) 12 илјади долари. Поддршката на работата на криоториумот (вклучувајќи ги и трошоците за плата на вработените) ја чини компанијата од 80 до 120 илјади годишно. Купувањето течен азот (а, на фирмата ѝ е потребно половина тон месечно) чини 8.5 илјади долари годишно. Крионаути Во моментов во компанијата „КриоРус“ се замрзнати 34 покојници (од кои помалку од половина избрале неврокрионизација). Уште 100 луѓе однапред имаат платено за оваа услуга. Нарачките не се само од Русија, туку и од Заедницата на независни држави, од Европа и од САД. Во криоториумот се чуваат и тела на 14 домашни животни (за секое од нив сопствениците платиле во просек по 12 илјади долари). Компанијата во 2013 година крионизирала 11 луѓе и заработила околу 230 илјади долари. Според Валерија Прајд, работата веќе почнала да носи профит. Засега „КриоРус“ не троши пари на реклама и на маркетинг. Основачите на компанијата се надеваат дека истражувањата кои се во тек ќе овозможат веќе во следниве децении да се реализира оживување на пациентите. Истражувањата се вршат во две лаборатории (во Москва и во Воронеж). Во научните истражувања се вложуваат околу 30 илјади долари годишно, со тоа што и двете лаборатории наоѓаат приватни инвеститори. Основачите планираат во иднина да ја прошират работата и да опремат уште еден криоториум каде ќе се чуваат телата замрзнати по нова технологија, без кристали мраз. За инвестирање во овој проект ќе бидат потребни уште околу милион долари. Медведев и Прајд сметаат дека компанијата за крионизација во иднина ќе можат да склучуваат договори за кредитирање на криоуслугите и со банките (сега некои банки даваат кредити само за извршување „обични“ закопи). /Извор: Руска реч/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЗдравјеБесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравјеСпецијализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед.Специјализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед и консултативен преглед со претходно изготвени ПСА резултати со уролог специјалист кој доаѓа од ГОБ 8 Септември. Лани во рамките на ваквиот преглед биле навреме откриени 3 карцинома на простата кој за среќа биле во почетна фаза заради што укажуваат дека за оваа болест секој ден порано е значаен. Превентивата е иднината на медицината ососбено за ракот на простата кој е 4 по смртност во светски рамки а кој најчесто нема симптоми додека не дојде во крајна фаза. Ноември е месецот на машкото здравје но тоа не значи само да се пуштат бркови туку да се појде на превентивен преглед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЌе има ли поскапување на цената на струјата и парното по нова година?Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини власта дека води лоши економски политики. Тврди дека и покрај ветувањата оти струјата нема да поскапи се најавува ново зголемување на цените на струјата и парното, што според него дополнително ќе го оптовари животниот стандард на граѓаните . „Иако токму тој во септември ветуваше и укажуваше дека цената на струјата нема да поскапи, претседателот на РКЕ, членот на ВМРО криминалната група, Ацо Ристов, најави зголемување на струјата од 2 до 3 проценти и на парното, коешто е веќе зголемено 5 проценти, за дополнителни 6 до 8. Ете толку од добрите економски политики на оваа власт и толку од желбата да се зачува, во најмала рака, а па не станува збор за зголемување на стандардот на граѓаните. Што ќе се случи после Нова година кај нас? Ова зголемување на струјата за 2 до 3 проценти ќе повлече зголемување на сите производи кај нас“, подвлече Филипче. Лидерот на опозицијата предупреди дека новите поскапувања дополнително ќе ја намалат куповната моќ на граѓаните, во услови кога, како што посочи, синдикалната потрошувачка кошничка веќе достигнала 71 илјада денари. Од Регулаторната комисија за енергетика за Канал 5 кусо информираат дека не коментираат политички ставови и дека во моментов нема донесено одлука за поскапување на струјата. Евентуалната промена на цената се очекува да се разгледува во текот на декември. Претходно, претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, во телевизиско гостување изјави дека компаниите побарале поскапување на парното од 45 до 50 проценти, што го оцени како неприфатливо. Сепак, поради растот на цената на природниот гас, очекува зголемувањето да се движи од шест до осум проценти, додека струјата за домаќинствата од Нова година би можела да поскапи за два до три проценти. Од друга страна, премиерот Мицкоски предупреди дека Европа ја очекува исклучително тешка зима поради енергетската криза и високите цени на енергенсите. Тој уверува дека Владата ќе продолжи со мерките за заштита на животниот стандард и спречување драстични поскапувања. Според Мицкоски, со намалувањето на акцизите за горивата и ДДВ, Македонија поуспешно се справува со енергетската криза во споредба со земјите од регионот. „За нас како Влада главна цел е да го одбраниме стандардот на граѓаните од оваа зима. Односно да не дозволиме драстични скокови кога станува збор за цените на енергенсите. И во таа насока ќе продолжиме да ги водиме нашите политики. Кога станува збор за енергенсите, тука мислам на цената на електричната енергија и цената на топлинската енергија којашто ја добиваат одреден дел на граѓани во главниот град Скопје“, изјави Мицкоски. За справување со енергетските предизвици, Владата планира да го зголеми домашното производство на струја во термоелектраните „Битола“ и „Осломеј“, преку набавка на јаглен од Косово, како и да го рестартира ТЕЦ „Неготино“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПронајдено тело на 38-годишен маж во близина на Смилковско езеро со прострелна рана на ногатаТело на 38-годишен маж утрово е пронајдено на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци. Според официјалните информации од МВР станува збор за лицето Е.Ш. од селото Љубин. Покрај телото во близина бил пронајден и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал починатиот. При прегледот била забележана прострелна повреда во пределот на ногата а на лице место екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен утрово во 6 часот и 15 минути. Полициски екипи извршиле увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Засега нема информации како настанала прострелната повреда ниту дали станува збор за убиство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Полицијата и обвинителството работат на расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои починал 38-годишникот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook