Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
1Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
КултураЦеловечерен мултимедијален проект “Ретроспектива“ По повод 40-годишното творештво синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше поставена изложбата „Ретроспектива“’ од уметниците, брачната двојка, Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски. Љубителите на уметноста синоќа имаа можност да уживаат во ликовно-музички и визуелен целовечерен перформанс низ целиот простор на Центарот за култура: во ликовниот салон, фоајето, големата сала, галеријата. Презентирани беа инсталации (скулптури), фотографии и видео запис. Проектот е на Музејот за современа уметност од Скопје, а според авторот, кустосот Марика Бочварова Плавевска самото творештво на Блажеска и Грабулоски е предизвик за ваков вид мултимедијален проект. - Нивното творештво е склоп на неоконцептуалистички настани и перформански кои се доживуваат како и изложбата. Ме предизвикаа да ја направам изложбата токму во автентичен амбиент. Поттикнато е од нивното долгогодишно дејствување во амбиентот на рудникот за мермер каде работеа со мермерот во 80-ите и делумново 90-ите одини од минатиот век. Го комбинираа мермерот со дрво или метал или, пак, во просторот наоѓаа материјали за комбинација. Моментот на дематеријализација, поточно илузионистички замислените скулптурални елементи, проследено често со обработен звук ја дефинираше идејата за прифаќање на нивните повеќеслојни осмислени дела, поради можностите што максимално ги искористија во нивните зафати во различните амбиенти. Тоа беше нивен авангарден пристап и ја претставуваат неоавангардата во нашата уметност со проекти актуелни на ју-просторите, а посебно автентични за македонската ликовна уметност. Нивните перформанси беа претставени и на биеналето во Сао Паоло, Бразил и на биеналето во Санкт Петерсбург во средината на 90-ите години, изјави кустосот Бочварова Плавевска. За уметникот Виолета Блажевска ова е нивниот посебен однос и доказ пред младите дека и кај нас има поинаков пристап на уметноста. - мИ во Македонија во текот на 80-ите и 90-ите години ги имаше најсовремените текови на уметноста, иако се уште импресионизмот беше како главна уметност. Докажувавме и докажавме дека и звукот е ликовен, а не само музички елемент, рече Блажеска. Виолета Блажеска е родена во Охрид во 1952 година. Академија за ликовни уметnости завршила во Приштина во 1980 година. Богдан Грабулоски роден е во Прилеп 1948 година. Академија за ликовни уметности завршил во Приштина во 1980 година, а постдипломски студии на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1990 година. Работеше долги години како кустос во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Проектот „Ретроспектива“, финансиран од Министерството за култура ќе биде претставен и Музејот на ликовната уметност во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски патВо разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности. Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки. Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа. Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежностиЈавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија. На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки? Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура. Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно и релативно топлоВремето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34