Целовечерен концерт на „Охридско лето“ посветен на македонскиот композитор Гоце Коларовски - Канал 5

Целовечерен концерт на „Охридско лето“ посветен на македонскиот композитор Гоце Коларовски

Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со целовечерниот концерт „Вечерен ѕвон“, посветен на 65 години од раѓањето на македонскиот композитор Гоце Коларовски.

Целовечерен концерт на „Охридско лето“ посветен на македонскиот композитор Гоце Коларовски

Гоце Коларовски (5.02.1959, Скопје – 30.11.2006, Скопје) ѝ припаѓа на генерацијата македонски композитори чиешто творечко формирање се одвиваше во условите на постојан подем на професионалното музичко творештво и зацврстување на позициите на македонската национална композиторска школа. Потекнува од познатото семејство Коларовски од Скопје – Драчево, а неговиот дедо Миле Коларовски беше истакнат изведувач на кавал и гајда, еден од основоположниците и долгогодишен член на државниот ансамбл „Танец“. Композиторското образование Гоце Коларовски го стекна на Факултетот за музичка уметност – Скопје (класа на академик проф. Властимир Николовски) и на Конзерваториумот „Н. А. Римски-Корсаков“ во Санкт-Петербург (Ленинград, класа на проф. Сергеј М. Слонимски). Подоцна, кај Властимир Николовски ги завршува и постдипломските студии, станувајќи прв магистер по композиција на ФМУ – Скопје.

Творештвото на Гоце Коларовски, цврсто потпрено на националната музичка традиција (македонскиот музички фолклор, старото православно пеење), ги одразува и различните текови на современата западна музика: фолклоризмот на Барток и Стравински, но и авангардните постапки низ призмата на полската школа. Во подоцнежниот период особено значење за него добиваат и Веберн и Ајвз – концентрираноста на изразот и рационалноста кај едниот и обемноста и слоевитоста на содржината кај другиот. Специјалниот интерес на Коларовски е насочен кон истражувањето на звукот врз база на феноменот на ѕвоната – воедно и препознатливиот знак на звучниот амбиент на православната традиција. Во композиторскиот опус на Гоце Коларовски, иако не обемен, речиси сите дела претставуваат значаjнa појава и се на репертоарот на музичките уметници и ансамбли во Македонија и други земји. Меѓу нив се Симфонијата, Концертот за оркестар, Концертот за пијано и оркестар, делото „Молитвами“ за симфониски оркестар, композициите за гудачки оркестар, различни камерни состави и солистички инструменти.

Прераното заминување на композиторот го остави овој опус отворен, своевиден “unanswered question” (насловот на делото на неговиот омилен Ајвз чијашто тема е цитирана во кантатата „Гласови“ на стихови од Т. Елиот). Поголемиот дел од творештвото на Гоце Коларовски е снимен во МРТ и ставен на носачите на звук издадени од Сојузот на композиторите на Македонија. Во СОКОМ се печатени и неколку негови партитури.

Гоце Коларовски остана во историјата на македонската музичка култура како генеричка личност, промотор на нови идеи, сфаќања и стандарди. Како долгогодишен професор по композиција и група теориски предмети на ФМУ –Скопје, а во два мандата и декан на оваа институција, тој ја поттикнуваше креативноста кај младите со кои штедро ги споделуваше своите знаења и творечка енергија. По негова иницијатива во Македонија се одржаа и првите меѓународни летни школи по композиција. Неговата педагошка дејност се одвиваше на бројни семинари и мастер класи, а беше и поканет професор на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш. Како научник и публицист, тој ги промовираше новите теориски концепти, разработувајќи ги прашањата на современата музика и музичкото образование и претставувајќи ги на бројни научни собири во земјава и странство. Општествената дејност на Гоце Коларовски се одвиваше во Сојузот на композиторите на Македонија каде што повеќе години беше член на претседателството и селектор на манифестацијата „Денови на македонската музика“, придонесувајќи за нејзиниот меѓународен карактер. Гоце Коларовски е добитник на неколку награди и признанија за придонесот во композиторското творештво. Неговата симфониска музика, камерни дела за различни состави, солистички композиции со успех се изведуваат на концертните и фестивалските подиуми во Македонија и во други земји, секогаш оставајќи траен впечаток со својата длабока мисла, емотивност и композиторско мајсторство.

На вечерашниот концерт ќе настапат пијанистката Марија Вршкова, виолинистот Владимир Костов, Марија Ѓошевска на пијано, сопранистката Гонца Богоромова Страшо Темков на флејта, како и гудашкиот квартет во состав Ева Богоевска и Ивана Здравкова на виолина, Леона Кондратенко на виола и Маја Михајловска на виолончело.

Концертот ќе се одржи од 21 часот во катадралната црква „Света Софија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. 

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол.

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер