Целосно затемнување на Сонцето над Северна Америка на 8 април - Канал 5

Целосно затемнување на Сонцето над Северна Америка на 8 април

Целосно затемнување на Сонцето, поточно совршено порамнување на Земјата, Месечината и Сонцето во права линија, ќе се случи на 8 април и ќе биде видливо од Северна Америка.

Целосно затемнување на Сонцето над Северна Америка на 8 април

Затемнувањето ќе трае четири и пол минути, а ќе може да се гледа и на страницата и на Јутјуб-каналот на американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА).

- Целосното затемнување на Сонцето е една од најубавите глетки во природата и веројатно е ретка појава каде било во галаксијата, вели Крис Линтот - професор по Астрофизика на Универзитетот Оксфорд.

За разлика од делумното, целосното помрачување го покрива скоро целиот Сончев диск, освен оној светлечки „прстен“, или „круната“, т.е. слојот гасови што се наоѓа веднаш над површината на нашата ѕвезда.

Научниците од НАСА се особено заинтересирани за можните нови сознанија за Сончевата „круна“ коишто може да се добијат со помош на авиони-истражувачи на висина од околу 15 километри за време на затемнувањето. Таа фамозна „круна“ е мистерија за научниците бидејќи е стотици пати потопла од површината на Сонцето и е извор на Сончевиот ветар.

Целосната еклипса, исто така, го затемнува небото како да е ноќ. Се очекува стотици граѓани да учествуваат во следењето на оваа појава над Канада, САД и Мексико. Ова затемнување е невообичаено бидејќи, иако се случува на истото место еднаш во секои 375 години, во американската сојузна држава Илиноис помрачување ќе биде видливо по вторпат за само седум години./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Дебарца: Со поддршката за општините се реализираат околу 1.200 проекти низ државата

Мицкоски од Дебарца: Со поддршката за општините се реализираат околу 1.200 проекти низ државата

„Добар ден и од мене.

Јас немам што да додадам повеќе од тоа што го кажаа и градоначалникот и потпретседателот на Влада и министер за транспорт. Добро е кога се работи, добро е кога се пуштаат проекти, добро е кога се отпочнуваат проекти, ние рековме дека со онаа политика со поддршка на општините и реалокација на средства од централниот буџет кон општините во моментот се завршени, во фаза на изработка се завршени или се отпочнуваат околу 1.200 проекти, нешто до сега што се нема случено. Кога на тоа ќе се додадат и сите останати капитални инвестиции доаѓаме на навистина импресивен начин на водење и реализација на капиталните инвестиции.

Јас можам само да ја искористам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за работата којашто ја врши овде во Општина Дебарца, да се заблагодарам на советниците во општината коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата се разбира без која невозможно е да се случи, на пратениците коишто доаѓаат од овој регион коишто се борат за проект повеќе, да се заблагодарам на колегите од Владата, на потпретседателот на Влада и министер на транспорт за посветената работа во делот на инфраструктурата и очекувам дека сите овие проекти кога ќе ја добијат својата финална контура, добијат оној облик којшто очекуваме да биде тогаш драматично ќе се подобри квалитетот на животот и додадената вредност во рамките на животот на сите граѓани.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Aндоновски: ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс

ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс.

Aндоновски: ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс

Ова е вистинското лице на локалната самоуправа во Гостивар, предводена од коалицијата СДС, ДУИ и Таравари. Поради основано сомнение дека се поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, е директно загрозено здравјето на граѓаните.

Над 1000 граѓани појавиле симптоми на труење, за кои се сомневаме дека станува збор за загадување на питката вода за Гостиварчани.

Ваквиот начин на водење на локална самоуправа е доказ дека СДС, ДУИ и Таравари немаат капацитет и квалитет да ја водат општината.

Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ е заедно со Гостиварчани. Граѓаните очекуваат достоинствен живот, а не да живеат во страв поради неодговорно владеење на СДС, ДУИ и Таравари.

Очекуваме расплет на овој скандал од страна на надлежните институции, кои ги повикуваме да го истражат овој случај.

Мартин Андоновски, претседател на ОК Гостивар

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево

Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево. Направивме 18 километри пристапни патишта..

Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево

Завршена е реконструкција на локалниот пат од Мешеишта до Волино во општина Дебрца, како дел од проектот на Министерството за транспорт за поврзување на локалните патишта. Од овој пат се поврзуваат неколку населени места на автопатот Охрид-Кичево, за што во изминатиот период работевме посветено за да можеме да испроектираме и да изградиме вкупно 18 километри пристапни патишта кои претходно не биле предвидени, рече заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од работната посета на општина Дебрца.

Со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски, извршија увид во реконструкција на патот од Мешеишта до Волино и улици во село Волино, проекти кои се реализираат со поддршка на Владата преку Министерството за транспорт.

“ Овој проект во селото Волино го работевме заедно со општина Дебрца, со поддршка на Светска Банка преку една проектна линија којашто ја имаме обезбедено од Светска Банка и која што значи завршување на локални улици низ многу населени места во државата. Исто така претходно бевме на влезот на село Мешеишта, а кога бил правен проектот за автопатот Охрид-Кичево, за жал не беа предвидени нити пристапни патишта, нити паралелни патишта, ниту клучки, нити потпатници, ниту надпатници и на тој начин најголем дел од селата коишто се од левата и од десната страна на автопатот беа, односно требаше да бидат отсечени и од Охрид, од Струга, од Кичево и од Скопје.

Ние решивме тоа да го коригираме, испроектиравме паралелни патишта и пристапи во должина од 18 километри. За долниот дел од автопатот, од потегот кој што е од Пресека до Охрид мораше да бараме согласност и од Комисијата за УНЕСКО. Во изминативе 6 месеци работевме и со нив, добивме согласност и веќе можете да видите дека пристапот кон населените места, во случајов кон Мешеишта почнува да се работи, а онаму каде што завршува пристапот ќе продолжи општината, така што ќе добиеме едно модерно патно решение коешто нема само да значи спој за ова населено место, туку ќе значи и спој за Општина Струга и селата коишто гравитираат кон Општина Струга” – изјави Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер