Целосно вакцинирани 38 отсто од граѓаните, активни 8.331 случај - Канал 5

Целосно вакцинирани 38 отсто од граѓаните, активни 8.331 случај

 Триесет и осум отсто од популацијата во државава е целосно вакцинирана, а 54.170 примиле трета доза. 

Целосно вакцинирани 38 отсто од граѓаните, активни 8.331 случај

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 1.483 тестирања регистрирани се нови 172 случаи со Ковид-19, девет починати и 381 оздравен пациент. Активни се 8.331 случај од кои најголем број 3810 се во Скопје.

Заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани. Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 4.684 дози вакцини, од кои 1.133 се аплицирани како прва доза, 916 се ревакцинирани, а 2.635 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Педесет и шест отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Од почетокот на пандемијата, во земјава се дијагностицирани вкупно 209.449 заболени, оздравени се 193.781 пациент, а починати се 7.337 лица. Досега во земјата се направени вкупно 1.430.424 тестирања на Ковид-19.

Во регионот состојбата со Ковид-19 се влошува. Во некои земји од регионот се заоструваат мерките за заштита од Ковид-19. Во Црна Гора вчера стапија во сила нови епидемиолошки мерки со кои се забрануваат новогодишни прослави на отворено, свадби на отворено и во затворен простот, како и работа на ноќните клубови. Исто така, се ограничува и работното време на угостителските објекти до полноќ и забрането е организирање ученички екскурзии и излети, приватни прослави и родендени, а престој во куќи и станови се препорачува само за членови на исто семејство.

Владата на Црна Гора се уште ја разгледува можноста од 1 декември да воведе задолжително поседување Национален дигитален ковид-сертификат за целата јавна администрација – здравство, образование, полициска управа, армија, пренесува РТЦГ. Доколку бидат усвоени тие мерки, од 1 декември Националниот дигитален ковид-сертификат ќе биде неопходен и за влез во јавен превоз, трговски центри, спортски сали, деловни простории и бизнис објекти, во кои дејност вршат повеќе од три компании, односно претприемачи и објекти со површина над илјада метри квадратни, каде се врши малопродажба на непрехранбени производи.

Додека, пак, Австријците кои се невакцинирани против Ковид-19, меѓу кои и 12-годишни деца, од полноќ се во „локдаун" врз основа на одлуката на австриската Влада донесена поради влошената епидемиолошка состојба. Австрискиот Парламент ги усвои соодветните правни акти, со кои може да се примени новата мерка. Согласно владината одлука, сите граѓани кои не се вакцинирани против коронавирусот од вчера се во строго „заклучување". Лицата кои немаат валиден сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 не постара од 180 дена, веќе не можат да влезат во сите продавници.

Со воведувањето на правилата „2G" невакцинираните веќе се оневозможени да влегуваат во угостителски, туристички, забавни и спортски објекти, но и во фризерски салони, козметички салони и слично. Отсега можат да одат само да купуваат намирници за секојдневна употреба, како производи и средства за хигиена. Сите невакцинирани лица можат да го напуштат домот само за да одат на работа, да посетат лекар, да одат во аптека, физички и психички да се опорават односно да пешачат, како и да им помогнат на други. Дополнително, невакцинираните лица имаат право да се сретнат само со едно лице од друго домаќинство. Тие можат да го напуштат сопствениот дом за да посетат црква, но и да одат на училиште или на факултет. Новата мерка се однесува на сите невакцинирани граѓани постари од 12 години, па ги опфаќа и децата кои се на возраст за вакцинација, а тоа се уште не го сториле. Лицата кои примиле само една доза од вакцината до другата ќе треба редовно да се тестираат за да бидат исклучени од овие мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар Богојески

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колку пати дневно треба да се шета кучето?

Ветеринари откриваат што е најдобро за домашниот миленик

Колку пати дневно треба да се шета кучето?

Особините на вашето куче ќе ви дадат појасен одговор на прашањето колку е доволно.

За многу миленици, прошетката е омилен дел од денот, не постои универзално правило колку често и колку време треба кучето да се изнесе надвор. Потребата од движење зависи од возраста, големината, расата, здравствената состојба на кучето, но и од неговата енергија.

Прошетката е добра за здравјето и расположението на кучето

Редовните прошетки помагаат кучето да одржи здрава телесна тежина, да го зачува здравјето, зглобовите и да поттикне добро варење. Физичките активности му даваат можност да ја истражи околината, да запознае нови мириси и да го посматра светот околу себе. Дури и ако имате двор, тоа не значи дека кучето добива доволно активност. На кучињата им е потребна интеракција со сопственикот.

Колку прошетка е доволно во текот на денот?

На повеќето возрасни кучиња доволни им се помеѓу 30 минути и два часа физичка активност дневно, но точниот обем зависи од нивната индивидуална потреба. Затоа прошетката не треба да се сведе на брзо завршување нужда. На некои кучиња им одговара пократка прошетка, додека активните раси бараат долги прошетки и дополнителна игра.

Малите кутриња допрва развиваат издржливост, па траењето на прошетката треба постепено да се зголемува. Особено е важно да се избегнуваат напорни активности што се повторуваат додека кучето не го заврши развојот, бидејќи може да се зголеми ризикот од проблеми со зглобовите. Кај старите раси, кратките и почести прошетки се подобар избор, со внимателно следење на знаците на умор.

Ни големината на кучето не е единствен показател за неговите потреби. Малите кучиња може да бидат многу активни, додека кај големите раси треба да се обрати внимание на оптоварувањето на зглобовите. Кај кучиња со респираторни и срцеви проблеми, како и кај раси со кратка муцка, планот за активност треба да биде според советот на ветеринарот.

Временските услови исто така се важни. За време на големи горештини избегнувајте напорни прошетки додека е топло, додека при студено време треба да обратите внимание на тресење, непријатност и други знаци. Ако забележите дека тешко дише, оди побавно или се обидува да седне, прекинете ја активноста и проценете дали му е потребна помош.

Како секојдневните прошетки да бидат побезбедни

Овозможете му на вашето куче да истражува нови мириси, па повремено менувајте ја рутата.

Користете цврст поводник и добро прилагоден околувратник, кучето би требало да носи плочка за идентификација со телефонскиот број на сопственикот. Микрочипот исто така е важен за полесно пронаоѓање на миленикот.

Редовните прошетки со доволно време за душкање и заедничка игра придонесуваат за негово подобро здравје и добра ментална стимулација.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?

Екраните станаа незаменлив дел од секојдневието. 

Што откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?

Денот често ни започнува со проверка на мобилните телефони; на работа поминуваме часови гледајќи во компјутерот, а вечерите ги поминуваме пред телевизор или прелистувајќи по социјалните мрежи. Многумина се запознаени со последиците: замор на очите, главоболка, заматен вид и општо чувство на напрегнатост, пренесува „Bored Panda“.

Со оглед на ова, популарните производите кои ветуваат олеснување не се изненадување. Очилата што ја филтрираат сината светлина се претставуваат како едноставно решение, наместо промена во навиките, намалување на времето поминато пред екраните или правење редовни паузи – корисниците можат едноставно да стават очила кои, наводно, го филтрираат проблематичниот дел од светлосниот спектар.

Маркетиншки ветувања и едноставна логика

Производителите ги рекламираат овие очила како решение за непријатноста во очите предизвикана од долготрајна работа на компјутер; некои одат и чекор понатаму, па ветуваат подобар сон и заштита на мрежницата од оштетување. Привлечноста на ваквите очила е разбирлива.

Логиката се чини едноставна: ако екраните предизвикуваат проблем, филтрирањето на нивната светлина би требало да е решението. Сепак, научната основа за овие тврдења е многу посложена отколку што сугерираат маркетиншките пораките.

Што вели науката?

Еден опсежен систематски преглед, објавен во научната база „Кокран“ (Cochrane), ги анализирал постојните клинички испитувања за ефектите од очилата што ја филтрираат сината светлина. Истражувачите го проучувале нивното влијание врз видот, напрегањето на очите, здравјето на мрежницата и квалитетот на сонот.

Наодите од студијата ги доведуваат во прашање маркетиншките тврдења и поттикнуваат дискусија за тоа што реално потрошувачите можат да очекуваат од овие производи, како и дали постојат поефикасни методи за ублажување на тегобите поврзани со екранот.

Анализа на 17 случајно распоредени студии покажала дека леќите што филтрираат сина светлина не го намалуваат значително напорот врз очите или непријатноста за време на користење на екранот. Нивното влијание врз квалитетот на спиењето останува нејасно поради недоследни резултати од истражувањата; па според тоа, во моментов нема цврсти докази дека ваквите леќи го подобруваат сонот.

Понатаму, клиничките истражувања не дале докази дека овие очила ја штитат мрежницата - задниот дел од окото, вклучувајќи ја и макулата - или спречуваат долгорочно оштетување на неа. Што се однесува до несаканите ефекти, тие генерално биле ретки, благи и привремени и почесто биле поврзани со носењето на самите рамки за очила, а не со специјалниот слој на леќите.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер