Целосно нормализиран сообраќајот на ГП Блаце - Канал 5

Целосно нормализиран сообраќајот на ГП Блаце

Сообраќајот на граничниот премин Блаце од 09:00 часот е целосно нормализиран за сите видови возила, соопшти АМСМ.

Целосно нормализиран сообраќајот на ГП Блаце

Сообраќајот на Блаце синоќа привремено беше во застој поради опасност од пожарот што избувна во близина на граничниот премин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот КИЦ во Загреб со „АЈДЕ!“ ја исполни до последно место салата на Загрепскиот танцов центар

Преполна сала, долги овации и силни емоции ја одбележаа изведбата на современата танцова претстава „АЈДЕ!“ во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. 

Македонскиот КИЦ во Загреб со „АЈДЕ!“ ја исполни до последно место салата на Загрепскиот танцов центар

Големиот интерес на публиката резултираше со целосно исполнета сала на Загрепскиот танцов центар, што претставува уште една потврда за растечкиот интерес за македонската современа уметност и култура во Хрватска.

Публиката уживаше во впечатливата и моќна танцова претстава на авторите и кореографи Игор Киров и Бојан Мицев, која преку современ сценски израз отвора универзални теми за љубовта, слободата, припадноста и предизвиците наметнати од општествените норми.

Долгиот аплауз и емотивната реакција по завршувањето на претставата јасно покажаа дека „АЈДЕ!“ е дело кое комуницира силно и непосредно со гледачите, без оглед на националните и културните граници.

Пред почетокот на претставата, на присутните им се обратија директорката на македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска, директорката на Загрепскиот танцов центар Александра Мадсен и кореографот Игор Киров, еден од најистакнатите македонски балетски уметници и кореографи, со свестско реноме во доменот на модерниот танц, кој има постигнато врвни уметнички остварувања на меѓународната балетска сцена. Во своите говори тие ја поздравија публиката и ја истакнаа важноста на оваа прва соработка меѓу македонскиот КИЦ и Загрепскиот танцов центар, преку која македонската современа танцова уметност добива значајна меѓународна видливост и се отвораат нови можности за соработка, преку вмрежување и афирмација на македонските автори и уметници надвор од границите на државата, како и продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска.

„Уметноста има моќ да ги поврзува луѓето без оглед на границите, јазиците и различностите. Вечерва преполната сала на Загрепскиот танцов центар е најдобрата потврда дека публиката препознава искрена емоција, квалитет и значењето на културната размена меѓу Македонија и Хрватска“, истакна Ѓоргоска Илиевска.

Претставата „АЈДЕ!“ претставува значаен пример на современото македонско танцово творештво, кое преку автентичен уметнички пристап успешно ги поврзува традицијата, современоста и универзалните човечки вредности. Ова е очигледен показател дека уметноста останува еден од најсилните мостови за поврзување на луѓето, културите и општествата.

Продукцијата на претставата е поддржана од Министерството за култура и туризам, Општина Штип и ЕАМ Штип, а гостувањето во Загреб е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, реализирана во соработка со Motion Network продукција и Загрепскиот танцов центар со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Перез или Рикелме, Реал Мадрид избира нов претседател

Најтрофејниот шпански фудбалски клуб, Реал Мадрид денеска бира претседател, над 75.000 членови имаат право на глас.

Перез или Рикелме, Реал Мадрид избира нов претседател

Актуелниот Флорентино Перез или Енрике Рикелме е изборот на 75000 членови на Кралскиот клуб со право на глас на денешните претседателски избори, први по 20 години.

Гласањето започна во 9 часот и ќе трае се до 20 часот.

Во кампањата која беше шестока двајцата против кандидати имаа многу ветувања околу нови фудбалери.

Перез кој е фаворит на изборот според анкетите вети дека ако остане на чело на клубот има договор со тренерот Жозе Мурињо, и дефанзивците Ибрахима Конате и Дензел Думфрис, а најави и една суперѕвезда,

Неговиот противкандидат Рикелме вети дека во клубот ќе ги врати легендите Раул, Касилјас, Јеро кои би имале директорски функции, а а како засилувања ги најави Ерлинг Халанд и Родри, додека за тренер ќе преговара со Јирген Клоп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД собори два ирански еднонасочни дрона

Централната команда на САД собори два ирански еднонасочни дрона за напад што го загрозија меѓународниот поморски сообраќај во Ормускиот Теснец,

САД собори два ирански еднонасочни дрона

Американските и иранските сили продолжија да разменуваат нови напади, по една недела во која се случи најлошото разгорување на тензиите откако започна нестабилното примирје и мал напредок кон привремен мировен договор.

Централната команда на САД собори два ирански еднонасочни дрона за напад што го загрозија меѓународниот поморски сообраќај во Ормускиот Теснец, се вели во соопштение објавено на социјалните медиуми во неделата. Нема извештаи за штети.

На соборувањето на дронови реагираше Иран.

Иран го повика Обединетите нации да преземат мерки поради, како што тврди Техеран, повторено кршење на примирјето од страна на САД, откако американските сили извршија напади врз радарски и крајбрежни надзорни објекти во јужниот дел на земјата.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека нападите врз објекти во регионот Сирик и на островот Кешм претставуваат „јасно кршење“ на примирјето од 8 април и повреда на суверенитетот и територијалниот интегритет на Иран. Според Техеран, станува збор за објекти што се користеле за заштита на границите и за безбедност на меѓународните поморски рути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер