Целосна доминација на „Барби“ и „Опенхајмер“ за наградата Златен глобус (ВИДЕО)

Летниот кино хит Барби води во номинациите за Златен глобус со девет категории, пред историската драма Опенхајмер која има осум, објави денеска организаторот на филмската награда во Холивуд.

Барби ќе се натпреварува во категоријата за најдобра комедија и мјузикл со American Fiction, The Holdovers и други на церемонијата во јануари што ќе ја започне сезоната на американските филмски награди.

Опенхајмер, со Силијан Марфи во главната улога, меѓу другите ќе се соочи со Killers of the Flower Moon и Maestro во битката за најдобра драма.

Во телевизиските категории најмногу номинации има семејната драма Succession, девет.

Златните глобуси се добар показател за најпознатата филмска награда Оскар што се доделува во март. Тие ќе бидат избрани оваа година од нова организација, откако во јуни беше распуштена непрофитната холивудска асоцијација за странски печат, новинарска група која беше на удар на критики поради етичките пропусти и недостатокот на различност.

Сопствениците на Златните глобуси, Елдриџ Индустрис и Дик Кларк продукција, ја поставија наградата како профитабилен бизнис, а гласачкото тело ќе се состои од расни и етнички различни 300 новинари од 75 земји. Победниците ќе бидат објавени на церемонија на 7 јануари.

Хамилтон ќе се обиде да научи италијански пред да се приклучи на Ферари

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон одговори на прашањето дали ќе научи италијански пред да се приклучи на Ферари во 2025 година.

- Во сите овие години не можев да научам други јазици, но секако дека ќе се обидам. Се сеќавам кога се тркав со картинг во Италија, можев да научам нешто, па се надевам дека брзо ќе се сетам на овие фрази, изјави Хамилтон за официјалната веб-страница на Формула 1.

Британецот вози за Мерцедес од 2013 година. На 1 февруари се дозна дека на крајот на сезоната 2024 година ќе го напушти германскиот тим и ќе се приклучи на Ферари. Беше објавено дека Хамилтон потпишал долгорочен договор со Скудерија.

Минатата сезона, 39-годишниот Хамилтон го освои третото место во генералниот пласман на возачи, со 234 поени. /МИА

Кржовска:Случајот е пријавен во надлежните институции, ученичката доби опомена пред исклучување

Доцна попладнево со став излезе директорката на гимназијата Јосип Броз Тито, Силвана Кржовска.

Таа потврдува дека во врска со вчерашни случувања било пријавено во надлежните институции кои имаат надлежност за понатамошно постапување, без да наведе повеќе детали за какво вознемирување станувало збор.. Таа посочува дека бил одржан наставнички совет, кој едногласно изрекол педагошка мерка опомена пред исклучување за ученичката, а дека не се работело за префрлување во друг клас како што е презентирано во јавноста..

Земјоделци го навредуваа и исвиркаа Макрон на Саем за земјоделство

Земјоделците денеска го исвиркаа и навредуваа францускиот претседател Емануел Макрон на Саемот за земјоделство во Париз, незадоволни од неговата политика и барајќи мерки за подобрување на состојбата во земјоделството.

Макрон го отвори Саемот со четири и пол часа задоцнување поради судирите меѓу полицијата и земјоделците кои упаднаа на Саемот.

Иако се чинело дека ситуацијата се смирила, кога Макрон ја пресекол лентата, земјоделците извикувале „Оставка!“, „Губи се!“, „Ѓубре!“, пренесе Бета.

Сепак, францускиот претседателот разговараше еден час со земјоделците од три синдикални организации чии членови учествуваа во судирот со полицијата и рече дека „преферира дијалог наместо конфликт“. /МИА

притисни ентер