3Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
ЗабаваЦелосен пресврт во случајот со „огромните вонземјани“ во Бразил, се појави кошаркар (ВИДЕО)Вчера пишувавме за бизарното видео од Бразил, на кое според авторот се гледаат „огромни вонземјани“ на рид.Снимката е снимена на островот Ила до Мел, а предизвика голем интерес на мрежите, особено по инцидентот на Флорида кој, според теоретичарите на заговор, го предизвикале, погодувате - „огромни вонземјани“. Сара Далете снимила необично видео и изјавила дека „необичните суштества“ брзо се движеле, а биле високи „најмалку три метри“. Додала дека „не било можно да се дојде до таа точка“, па ги снимила со својот телефон. Треба да се напомене дека бројните корисници, како и британскиот експерт за НЛО, Ник Поуп, не се убедени дека се работи за „суштества од друга планета“. „Овие приказни - и реакциите на нив - се навистина бизарни“, рече Поуп. И додека луѓето разговараа и погодуваа што - или кој е снимен од Сара Далете, се случи неочекуван пресврт. Италијанскиот кошаркар Фелипе Мота, кој настапува за клубот „Фламенго“ од Бразил, јавно проговорил и открил дека тој бил на видеото, пренесува Индипендент. „Уживав во природа, шетав по патеката, а потоа луѓето ме фотографираа. Го испратија видеото на мрежите и ме нарекоа „чуден““, објави спортистот. Мота е висок два метри и вели дека во животот го задевале поради неговата висина, но никогаш вака. „Овие работи мора да престанат“, нагласи тој. View this post on Instagram A post shared by Felipe Motta (@felipemotta13) Имајте предвид дека некои корисници се убедени дека Мота бил само саркастичен, додека фотографиите на неговата страница на Инстаграм покажуваат дека тој навистина бил надвор во природа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаУпсени се осум дилери на дрога во текот на изминатото деноноќиеЛишени од слобода осум лица на територијата на целата држава во текот на изминатото деноноќие, при преглед кај нив е пронајдена дрога.На 25/26.07.2026 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ч.(47), А.Б.(19), Ф.Р.(27), Н.К.(19), М.О.(26), сите од Скопје, В.М.(35) од с.Морани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. На 26.07.2026 во 01:45 часот во с. Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.И.(21) и О.М (18), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана. Тие биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
ЕкономијаГоривата засега остануваат најевтини во регионот, Владата ја следи состојбата на светските пазариПо растот на цената на нафтата на светските берзи премиерот Мицкоски уверува дека граѓаните не треба да се грижат и дека Македонија и натаму ќе остане со најевтини горива во регионот. Граѓаните можат да бидат спокојни, земјава и понатаму ќе остане со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивата во регионот, порача премеирот Христијан Мицкоски - откако цената на нафтата на светските берзи се искачи на над сто долари за барел, поради конфликотот на Блискиот Исток. Новите цени на горивата Регулаторната комисија ќе ги соопшти утре, а доколку има потреба премиерот уверува дека Владата веднаш ќе интервенира. „Ја следиме состојбата со нафтата на светските пазари и сè уште остануваме земја со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивото во регионот. Доколку биде потребно, ќе реагираме како што реагиравме и досега, иако станува збор за берзански производи чии цени зависат од движењата на светските пазари, а не од тоа дали некој е подобар претприемач или подобар политичар“ Во однос на новите царини од страна на САД и тоа што соедна Србија е привремено изземена од нив, Мицкоски појасни дека и Македонија не е опфатена со ваквите дополнителни царини, но дека тоа на значи дека ниту Србија, ниту Македонија нема да плаќаат никакви царини кон САД. Потенцираше дека треба да се направи разлика меѓу редовните царински давачки и дополнителните царини што Вашингтон ги воведе за дел од земјите. „И ние не сме меѓу 60-те држави на кои им се воведени дополнителни обврски, но тоа не значи дека немаме царини. Истото важи и за Србија и за другите земји што не се на таа листа. Ние ги цениме односите со САД како наш стратешки партнер и сметаме дека конечно можеме да соработуваме онака како што доликува на две партнерски држави. Не правиме естрада од тоа, туку водиме нормална и одговорна политика“ Мицкоски појасни и дека седумте милиони евра кои Владата ги позајмила од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и Јавното претпријатие за државни патишта ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка за изградбата на автопатите. Нагласи и дека станува збор за вообичаена процедура која многупати во минатото била применувана и дека средвата уште следниот месец ќе им бидат вратени на компаниите. Веќе утре пред пратениците ќе се најде и ребалансот на буџетот, а за кој се поднесени десетици амандмани од опозицксите партии. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаЈанев: Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар кај село ВозарциПожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар кој зафати сува трева и дрвја во атарот на село Возарци.Екипите на терен вложуваат максимални напори за локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење. Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни и одговорни, особено во овие денови со високи температури, и да не палат оган на отворен простор. Со заедничка грижа и одговорно однесување можеме да помогнеме во заштитата на природата и безбедноста на сите, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47