Целиот атлетски тим на Јамајка на допинг контрола - Канал 5

Целиот атлетски тим на Јамајка на допинг контрола

На чело со светскиот рекордер на 100 и 200 метри Усеин Болт сите 44 члена од атлетската репрезентација на Јамајка мораа да го минат допинг тестот во Москва.

Целиот атлетски тим на Јамајка на допинг контрола
Претставникот на атлетската федерација на Јамајка информираше дека агенти од Светската антидопинг агенција го посетил нивниот тренинг камп и од сите атлетичари земале крв за допинг контрола.

Атлетичарите од Јамајка се почесто се на мета на агентите од антидопинг агенцијата , посебно откако двојната олимписка шампионка Вероника Кемпбел беше позитивна на допинг , како и уште петмина спринтери меѓу кои се и ѕвездите Асафа Пауел и Шерон Симпсон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Истрага за насилство врз лекар

​Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

ОЈО: Истрага за насилство врз лекар

Според доказите обезбедени до овој момент, на 16 септември, во приватна ординација во склоп на поликлиниката “Букурешт”, осомничениот извршил грубо насилство врз, лекар-гинеколог кој бил на неговото работно место. Му се заканували физички го нападнал со повеќе удари, а предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај други присутни во ординацијата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на осомничениот и забрана тој да се приближува до оштетениот и ординацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велковски на министерски состанок за млади од Западен Балкан во Црна Гора: Младите треба да бидат активни партнери во креирањето на реформите

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, учествуваше на „Министерскиот состанок за млади од Западен Балкан 2026“, кој се одржа во Подгорица, Црна Гора.

Велковски на министерски состанок за млади од Западен Балкан во Црна Гора: Младите треба да бидат активни партнери во креирањето на реформите

Состанокот беше организиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) во партнерство со Министерството за спорт и млади на Црна Гора, под покровителство на Владата на Црна Гора, во рамки на Берлинскиот процес. На состанокот учествуваа министри и шефови на делегации надлежни за младите од земјите од Западен Балкан.

Министерскиот состанок претставува високо ниво на меѓувладина платформа за политички дијалог, зајакнување на регионалната координација и усогласување на пристапите во политиките што се однесуваат на потребите и перспективите на младите.

Посебното значење на овогодишниот состанок е и во тоа што се одбележуваат 10 години од основањето на RYCO, која во изминатата деценија се разви во значајна регионална платформа за младинска соработка, дијалог, размена и градење доверба.

Во рамки на министерската програма се разговараше за приоритетите за регионална младинска соработка, со посебен фокус на тоа како младите да бидат поефективно вклучени во тековните реформски процеси – не само како корисници, туку како активни придонесувачи во креирањето, спроведувањето и следењето на политиките.

Во овој контекст, теми на разговор беа младинското учество во донесувањето одлуки, регионалната мобилност и поврзаност, образованието, вработувањето, претприемништвото, волонтерството, младинските иницијативи, како и улогата на младите во пошироките реформски процеси поврзани со економскиот развој, миграцијата, безбедноста, социјалната кохезија и европската интеграција.

Во таа насока, министерот Велковски информираше дека во државата се работи на концепт за единствен национален агрегатор за млади, преку кој на едно место ќе бидат достапни информации за програмите и можностите што ги нудат државните институции, општините, младинските организации и другите релевантни чинители во општеството.

„Верувам дека ваквиот пристап во иднина може да добие и регионална димензија. Нашата амбиција треба да биде еден млад човек во Скопје, Подгорица, Сараево или Тирана лесно да може да ги види можностите што му се достапни не само во сопствената земја, туку и во регионот,“ истакна Велковски.

Министерот во рамки на дискусиите потенцираше дека младите треба да имаат реална можност да учествуваат во идентификувањето на предизвиците, предлагањето решенија и следењето на резултатите, на локално, национално и регионално ниво.

Посебен акцент беше ставен и на поврзувањето на националните младински политики со пошироките реформски процеси. Во тој контекст, Националната стратегија за млади 2023–2027 и Акцискиот план 2026–2027 се препознаваат како важни механизми за поврзување на младинските приоритети со реформите во областите кои директно влијаат врз младите.

Една од темите на состанокот беше и RYCOncile – Фондот за млади на RYCO, како практичен механизам преку кој политичките заложби за младите треба да се претворат во конкретни можности и активности. Фокусот е на поддршка на младински иницијативи, регионална соработка, мобилност, учество, инклузија и социјална кохезија.

Одржувањето на Министерскиот состанок има за цел да придонесе кон понатамошно јакнење на регионалната младинска соработка и да ги поврзе политичките определби со конкретни механизми за нивна реализација.

Учеството на Македонија на овој висок политички форум е можност за размена на искуства и добри практики со земјите од регионот, за зајакнување на регионалната координација во младинските политики и за отворање простор за нови иницијативи и механизми што ќе придонесат кон поголемо учество и поврзаност на младите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите - ЕУ гледа банда на власт, тоа не е народот

Министерот за полиција излезе пред амбасадори и рече: време е и за нас да важат истите принципи. 

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите - ЕУ гледа банда на власт, тоа не е народот

Правда. Правичност. Реципроцитет. Личен пример во полиција, суд, обвинителство.

Тошковски мора да разбере едно. Брисел не го меша народот со ВМРО-ОКГ.

Народот го гледа како народ. Власта ја гледа како организирана криминална група што ги држи институциите.

Затоа извештајот е катастрофален токму за мешање во правосудство. Затоа реформите стојат.

Затоа вториот рок истече. Затоа Македонија чека во место.

Народот не е бандата. Не смее Тошковски да ги изедначува.

ЕУ ги гледа граѓаните исто како граѓаните на другите земји, ама бандата не смее да биде на власт. Бандата не спроведува реформи. Ја узурпира полицијата. Судот. Обвинителството.

Во ЕУ премиерот не поставува обвинител преку телевизор. Не наредува политички прогон од собраниска говорница. Владата не превезува пет тони дрога преку граница. Не поставува луѓе со криминално минато за почесни конзули, па им дава да земаат народни пари за броила.

Нема во ЕУ министерка дваесет години во мрежата на Лазаревиќ што бара извинување наместо регистар. Нема премиер што ходникот го продава како самит.

Тошковски зборува за личен пример во институцијата во која е. Неговата институција хиперхлорираше вода во Гостивар и единаесет недели нема извештај. Неговата институција снима „safe city“ додека 5 тони товар минува преку граница. Неговиот бодигард на шефот на бандата излегува без казна. Тоа е личниот пример.

Принципите што ги бара веќе важат за држави каде што полицијата не е партиска, судот не е на телефон, обвинителот не се именува од екран.

Затоа ЕУ не нè гледа како нив. Гледа банда на клучевите. Народот го гледа зад бандата.

СДСМ е со граѓаните. Патот кон Унијата е слободен суд, слободно обвинителство, граница што одговара, конзул што не ја продава струјата. Не лекција од министер на организирана криминална група.

Кога бандата си оди, ЕУ ќе нè гледа како другите. Дотогаш гледа точно што има: Тошковски, Мицкоски, ВМРО, криминал и корупција.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер