Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада
1 Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада
Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
1Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
ЖивотЦела плажа во шок- однеле свиња на ражен во морето за да ја посолат (ВИДЕО)Сезоната на одмори е во полн ек, па речиси секој ден на мрежите се појавуваат необични приказни од одморалиштата.Во исто време, повторно е ажурирано вирално видео од двајца туристи кои донеле свиња на солење во морето и ја „бањале“. Не се знае каде е снимено - на мрежите е најмалку една година, но веќе се шпекулира дека се работи за Црна Гора, Хрватска, или за околината. Во секој случај, глетката е неверојатна, а гледаме двајца мажи како влегуваат во морето, носејќи свиња на ражен. Кога навлегле доволно длабоко, убаво го „посолиле“. Видеото предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Некои го осудија ваквото однесување, а други се шегуваа на сметка на нереалната сцена. It’s that time again for Albania, Croatia, Montenegro and Greece. The landlocked, aka "Paradajz Turisti" are back to take over your beaches. Enjoy the gypsi tunes 🤣😂🤣🤣 https://t.co/J1RtA0QERI pic.twitter.com/z883oDsnKU — Winston Dutt (@DuttWinston) July 16, 2024 Не е познато што направило дуото откако камерата била исклучена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Свет Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до освојување на минимум 61 пратеничко место во Кнесетот за формирање на Влада – Израел се соочува со можна политичка блокада иако се уште во тек е пребројувањето на гласовите. Според досегашните резултати, владеачката партија – Ликуд останува водечка, сепак, комбинираниот опозицискиот блок би можел да добие мнозинство доколку соработува со арапските партии – опција која голем дел од нив ја исклучија. Бенјамин Нетанјаху повика на формирање националистичка десничарска влада и изјави дека арапските партии не смеат да имаат пристап до владата. -Што се однесува до Ликуд — две работи станаа јасни. Првата е недвосмислена: Ликуд е најголемата партија во Израел. Мораме да формираме силна, десничарска, националистичка влада. Забрането е, едноставно забрането, да се стави Израел во ризик преку формирање влада која се потпира на непријателски арапски фракции. Пред Израел стои единствена, историска можност — заедно со нашите партнери и претседателот Трамп — еднаш засекогаш да се отстрани егзистенцијалната закана од Иран.- Бенјамин Нетанјаху, преоден премиер на Израел и лидер на Ликуд Гади Ајзенкот вети дека ќе формира ционистичка влада со задолжителна воена служба - вклучително и за ултра-ортодоксните евреи, кои досега беа изземени, што е чувствително прашање во Израел. -На сите милиони што денес гласаа за општа воена служба и за но во раководство, сакам да им порачам дека ќе ги вложам сите свои сили за да формирам ционистичка влада посветена на општа служба за државата. Ова ќе биде влада што ќе се придржува до принципите што ги застапував цело време: признавање на државата Израел како еврејска и демократска, посветеност на вредностите од Декларацијата за независност, посветеност на донесување закон за „Служба за сите“ и посветеност на уништување на Хамас.- Гади Ајзенкот, кандидат и лидер на Јашар Според светските медиуми, доколку официјалниот резултат покаже дека никој нема мнозинство, израелскиот претседател – Исак Херцог би можел да се обиде да ги насочи двете најголеми партии кон формирање влада на национално единство. Херцог веќе изјави дека ќе стори се што е во негова моќ да спречи нови избори и политички застој.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТерористички напад пред израелската амбасада во Белград: Напаѓачот извикувал „Алах Акбар“Малолетник со два ножа, извикувајќи Алах Акбар, доцна синоќа е убиен, откакоСе работи за момче од Шабац, кое според полицијата, бил приврзаник на џихадистичката Исламска држава и веќе било следено од безбедносните служби како потенцијална закана. Полицаецот кој во самоодбрана смртно го застрелал напаѓачот, минал со полесни исекотини. Според министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, се работи за терористички напад, а нивото на терористичка закана е подгигнато на највисоко ниво. -Тоа ниво се зголемува на црвен степен. Toa значи дека од наутро ќе биде засилена контролата и присуството на полициските сили на сите места кои се важни поради инфраструктурните објекти и поради собирање на поголем број граѓани. , изјави Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи Во актуелната наелетризирана постизборна состојба во Србија, црвено ниво на безбедност не значи забрана за јавни собири, но значи зголемено присуство на полиција онаму каде што има. Од Студентската листа стравуваат дека актуелната влада во заминување може да го злоупотреби нападот пред амбасадата, дури и да прогласи вонредна состојба, со што би се пролонгирало конституирањето на новото собранието и новата влада, рече во интервју, кандидатот за пратеник на листата, Немања Ѓуриќ. Темата за евентуално прогласување вонредна состојба стана актуелна во дел од српските медиуми по упадот на група граѓани во телевизија „Информер“, собирите пред Пинк и јавниот сервис, но и заканата на Вучиќ дека како партија ќе се самоорганизираат, ако државните органи останат неми на инцидентите. -Вонредна состојба се воведува тогаш кога заканата за државата и за граѓаните е огромна, односно кога под закана е опстанокот на државата и на граѓаните. Во овој момент тоа не постои, а дали некој ќе се обиде тоа да го исценира и да создаде таква слика, останува да видиме. , изјави за „Инсајдер.рс“, Предраг Петровиќ, Центар за безбедносна политика Синоќешниот е втор теористички напад пред израелската амбасада во Белград, откако пред две години маж со самострел рани жандарм кој го обезбедуваше. И тогаш беше прогласно црвено ниво на закана, кое траеше шест дена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаМакедонски Телеком воведува прва самостојна 5г плус мрежа во земјаваМакедонски телеком ја воведува првата самостојна 5г+ мрежа во Македонија, која треба да донесе побрз и постабилен мобилен интернет и нови дигитални услуги.Од компанијата информираат дека инфраструктурата е веќе поставена, а новите функционалности постепено ќе се активираат и ќе им бидат достапни на корисниците до крајот на годинава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00