3СДСМ: Димитриеска-Кочоска се фали со „рекордни инвестиции“, а всушност ребалансот е признание за неуспех!
БалканЦела ноќ се водеше битка со огнените јазици во повеќе делови на Грција – повредени 15 пожарникариПо битката со огнената стихија во текот на ноќта, грчките пожарникари утрово продолжуваат со гаснењето на пожарите во Ахаија, во околината на градот Патра во северозападен Пелопонез, на островите Закинтос и Хиос, како и во близина на Превеза.По битката со огнената стихија во текот на ноќта, грчките пожарникари утрово продолжуваат со гаснењето на пожарите во Ахаија, во околината на градот Патра во северозападен Пелопонез, на островите Закинтос и Хиос, како и во близина на Превеза, што сè уште не се ставени под контрола, а според портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис повредени се 15 пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина. Ватракојанис утрово информираше дека со разденувањето веднаш почнале да интервенираат 33 воздушни средства во првата фаза и на сите фронтови, дополнувајќи дека се активни повеќе жариште, а се гаснат од копно и воздух. Посочи дека денеска се очекува да биде многу тежок ден бидејќи се предвидува многу висок ризик од пожар за повеќето области на земјата. Во текот на ноќта во неколку области каде што се активни пожарите беа испратени пораки од бројот 112 за итни случаи за евакуација на жителите што се во близина. Пожарите предизвикаа голема материјална штета со изгорена површина и изгорени куќи и бизниси, а штетата дополнително ќе се проценува. Во текот на вчерашниот ден, како што доцна синоќа информираше портпаролот на противпожарната служба на Грција интервенираа и продолжуваат да интервенираат 4.850 пожарникари. Тагови: грција пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за УкраинаСојузниците ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина на самитот на НАТО во Анкара, изјавија извори за германската новинска агенција ДПА денес.Амбасадорите на 32 земји-членки ја поддржаа иницијативата на состанокот во Брисел. Според планот, НАТО ќе издвои 70 милијарди евра годишно за вооружување и обука на украински војници во следните две години, вкупно 140 милијарди евра. Сепак, ова вклучува заем од ЕУ за Украина од 60 милијарди евра за 2026 и 2027 година. Ова значи дека сојузниците ќе треба да покријат 40 милијарди евра годишно од своите национални буџети, пренесува ДПА. САД ја намалија помошта Се очекува лидерите на НАТО официјално да го одобрат планот за пет дена во Анкара. Поголемиот дел од парите ќе бидат обезбедени од европските членки и Канада, откако САД ја намалија финансиската помош за Украина под претседателот Доналд Трамп. Германија веќе претходно објави дека во 2026 година има намера да ѝ помогне на Украина со 11,5 милијарди евра. Во последните месеци, НАТО му помагаше на Киев преку програма наречена „Список на приоритетни потреби за Украина“, позната под акронимот „PURL“. Програмата функционира така што САД продаваат оружје и муниција на европските сојузници и Канада, кои потоа ги доставуваат до Украина. Извор: Индекс.хрТагови: НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Интересот за електрични возила е резултат на паника, а не на промена на навиките на клиентите“Извршниот директор на Мазда во Австралија верува дека рекордната продажба на електрични возила во последните месеци не е резултат на трајна промена во навиките на клиентите.Извршниот директор на Мазда во Австралија, Винеш Бинди, верува дека рекордната продажба на електрични возила во последните месеци не е резултат на трајна промена во навиките на клиентите, туку е последица на конфликтот на Блискиот Исток и наглиот пораст на цените на горивата. Според него, зголемениот интерес за електрични возила е краткорочна реакција на пазарот на неизвесноста во снабдувањето со гориво, а не почеток на нов тренд. Во разговор за австралиски „Драјв“, Бинди рече дека новите нарачки веќе почнале да се враќаат на нивото пред избувнувањето на кризата на Блискиот Исток. „Мислам дека растот на интересот во последните два месеци е резултат на проблеми со снабдувањето со гориво, а не на структурни промени на пазарот. Побарувачката ќе продолжи да расте, но со многу побавно темпо“, рече Бинди. Тој исто така верува дека Австралија сè уште нема доволно развиена инфраструктура за да овозможи масовен премин кон електрични возила, иако државата го охрабри нивното купување со даночни олеснувања. Сепак, статистиката покажува дека електричните автомобили бележат рекордни резултати. Во мај 2026 година, нивниот удел во продажбата на нови возила достигна 19,9 проценти, што е историски максимум за австралискиот пазар. Еден месец претходно, процентот беше 16,4 проценти.Тагови: електрични возила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМолдавскиот премиер поднесе оставкаМолдавскиот премиер Александру Мунтеану поднесе оставка, со што се активира процесот на оставка на целата влада, беше објавено денес во Кишињев.Мунтеану, кој е на функцијата од ноември 2025 година, не ја објасни својата одлука детално. Тој во објава на социјалната мрежа „X“ изјави дека неговиот мандат завршува и дека одлучил да се повлече кога заклучил дека повеќе не може да ги извршува своите должности во согласност со своите принципи и верувања. „Денес завршува мојот мандат како премиер. Во моментот кога сфатив дека повеќе не можам да го извршувам мојот мандат во согласност со моите принципи и верувања, решив да се повлечам“, напиша тој. Today, my term as Prime Minister comes to an end. I accepted the responsibility of serving as Prime Minister with a deep sense of duty and the firm conviction that I could help bring about positive change. The moment I realized that I could no longer carry out my mandate in… pic.twitter.com/Oi2GUnHj2n — Alexandru Munteanu (@AlexMunteanuMD) July 3, 2026 Мунтеану (62) беше назначен за премиер по парламентарните избори одржани во септември 2025 година, на кои ПАС постигна убедлива победа над проруските политички ривали и обезбеди продолжување на проевропскиот курс на земјата. Пред да влезе во молдавската политика, работеше во странство повеќе од 20 години, вклучително и во Светската банка. Во својата објава тој рече дека ќе продолжи да ѝ служи на Молдавија без оглед на позицијата што ја има во иднина. Молдавија, која граничи со Украина и Романија, е кандидат за членство во Европската Унија. Политичката сцена во земјата со години е поделена меѓу проевропските сили и партиите што се залагаат за поблиски односи со Русија, потсетува Ројтерс. Маја Санду ќе започне консултации за новиот премиер на Молдавија следната недела Молдавската претседателка Маја Санду денес објави дека следната недела ќе започне консултации со парламентарните фракции за да предложи кандидат за нов премиер. Санду нагласи дека Мунтеану ќе продолжи да ја извршува функцијата привремен премиер додека не се избере нов шеф на владата, објави Молдпрес. Извор: Б92Тагови: Молдавија оставка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter