Шоу бизЦел Холивуд на роденден кај Леонардо, актерот ги изненади гостите со неочекуван настап (ВИДЕО)Роденденската забава на Леонардо ди Каприо изминатиов викенд беше како собир за премиера или доделување награди.Холивуд се собра на Беверли Хилс во внимателно одбрани комбинации, папараците доживеаја ноќ од соништата и се забавуваа до зори. Салма Хаек, Крис Рок, Кејт Бекинсејл, Зои Кравиц и Ченинг Тејтум, Рита Ора и Тајка Вејтити, Зои Салдана, Снуп Дог, Ким Кардашијан, Џеј Зи, Лејди Гага, раперот 2 Чејнц, Кејси Афлек и Кејли Кауан и Емил Хирш. Со него секако беше и неговата девојка, манекенката Виторија Серети. И обезбедувањето беше на ниво на врвен шоубиз настан, но некои фотографии од прославата сепак протекоа во јавноста. Помеѓу останатите е и фотографијата на поранешната девојка на актерот Викторија Ламас, со која беше накратко во 2022 година и која наводно не успеала да влезе на забавата. Фановите кои ја коментираа забавата најмногу ги воодушеви тоа што средовечната суперѕвезда во еден момент се качи на стол и со микрофон во рака пееше, односно рапуваше на песната DWYCK од Gang Starr и Nice&Smooth од 1994 година. Им се допадна и тоа што гостите го носеа актерот на стол како крал. On Saturday night bae Leonardo DiCaprio had his birthday party at an event space in Beverly Hills. During one point of the evening Leo even took to the mic & sang along to classic hip hop alongside Lil Wayne who was the nights musical guest.#LeonardoDiCaprio pic.twitter.com/91bydaO84b — Daily Leo DiCaprio (@dailyleodicapri) November 12, 2023 На Редит, коментарите ја споредија изведбата на Ди Каприо со онаа на Кендал Рој (ја игра Џереми Стронг) од серијата „Наследство“ која рапува во една епизода од шоуто. Сцената стана извор на бројни мемиња кои кружат на интернет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран има нова мета?Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Канада станала „резервен тим“ на САД во нивната воена агресија против Иран.Портпаролот Багеи изјави дека САД ја нарекуваат Канада своја педесет и прва земја, воведуваат царини на нејзините стоки, па дури и се закануваат дека ќе ја казнат за еколошки проблеми. Тој исто така додаде дека одговорот на Отава е само послушност, според новинската агенција Тасним. „Официјална Отава учествува во нелегалната војна на САД против Иран за да го задоволи Вашингтон. Оваа ситуација покажува дека Канада повеќе не се согласува со САД, туку е сведена на улога на резервен тим“, рече Багеи. Извор: Б92Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделениеОпштина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта.Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина во која секое дете ќе се чувствува еднакво и прифатено. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека обезбедувањето бесплатни униформи е дел од заложбите на Општината за еднакви услови за сите деца. „Училиштето треба да биде место каде што децата ќе се разликуваат по знаењето, трудот и успехот, а не по тоа кој што носи и колку неговите родители можат да си дозволат. Токму затоа минатата година ја воведовме оваа мерка, а продолжуваме и оваа година. Со бесплатните униформи сакаме да ги намалиме социјалните разлики, да спречиме тие да бидат причина за поделби или булинг и кај децата да го зајакнеме чувството дека сите подеднакво припаѓаат на своето училиште“, порача Герасимовски. Секој ученик ќе добие комплет од пет памучни парчиња – две маици со јака, две маици со долги ракави со јака и еден дуксер со патент. Општина Центар ќе продолжи со оваа мерка и во наредните учебни години, при што бесплатни униформи ќе се обезбедуваат и за новите генерации ученици. Покрај бесплатните униформи, Општина Центар и оваа година ќе обезбеди бесплатни ранци за сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта, како дополнителна поддршка за семејствата и убав почеток на нивното прво училишно поглавје. Со овие мерки, Општина Центар продолжува да инвестира во образование во кое секое дете има еднаква можност, еднаков третман и услови непречено да се посвети на учењето и својот развој. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзминатата седмица санкционирани 122 непрописно паркирани возила на територија на Општина ЦентарЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 10.08 до 16.08.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter