Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот
2Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот
3ЛДП: Европските либерали изгласаа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
Осми ден од нокаут-фазата: Бразил се соочува со „скриен фаворит“; настапот на ѕвездата на Англија е неизвесен
1Осми ден од нокаут-фазата: Бразил се соочува со „скриен фаворит“; настапот на ѕвездата на Англија е неизвесен
ЖивотЦел град е понуден на продажба, чини колку стан во европските градови (ФОТО)Во срцето на австралиската држава Квинсленд се наоѓа градот Кулади, кој неодамна е ставен на продажба.Целиот град со двајцата преостанати жители е ставен на продажба, а некогаш бил важна железничка раскрсница во овој дел од земјата. Има пошта и поштенски број Иако некогаш имал 270 жители, сега е практично напуштен поради затворањето на локалната индустрија и укинувањето на железничките врски, објавува „Мирор“. Според објавените податоци, Кулади се наоѓа на 800 километри од главниот град на Квинсленд, Бризбејн. Иако е речиси напуштен, сè уште има своја пошта и поштенски број (4479). Потенцијалниот купувач ќе мора да издвои околу 240.000 евра за да го купи градот. Според преостанатите жители, Џо Корнел и Керол Јароу, кои се населиле тука во 2023 година, локалната заедница е сè уште активна, иако најблиската населена точка е оддалечена 70 километри. „Продавницата и пабот се веројатно главните бизниси. Ние ги организираме и поштенските линии“, вели Керол, додавајќи: „Најдобрата работа кај Кулади е локалната заедница. Луѓето патуваат 70 километри за да нè посетат.“ „Живеење во совршена околина“ Агентката за недвижности Беки Џасман, која ја води продажбата, вели дека со купувањето на овој австралиски град не само што го добивате земјиштето, Фокстрап Роудхаус и другите објекти, туку и „можноста да живеете во совршена околина“. „Ако сакате да избегате од вревата и метежот на модерниот живот, ова е местото каде што треба да бидете. Ако четворица луѓе го купат градот, неговото население би се удвоило“, вели таа. Џо и Керол, од друга страна, решиле да продолжат понатаму. „Можеби е време некој друг да ја преземе контролата и да ја продолжи приказната за ова мало гратче“, вели Керол, надевајќи се дека некој ќе се осмели да го купи и да направи нов почеток во овој округ.Тагови: град продажбата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЛокализиран пожарот кај Солун Пожарот што уништи два индустриски погони и предизвика евакуација на три села и еден дом за нега во близина на Солун преку ноќ е во голема мера локализиран и повеќе нема активен фронт, пренесува Грчкиот Екатимирини.Вкупно 160 пожарникари, поддржани од 52 противпожарни возила, пет копнени екипи, два авиона и два хеликоптери, остануваат на местото на настанот во Ореокастро, предградие на градот. Пожарот сега е ограничен на пошумена област, каде што пожарникарите се концентрираат на спречување на разгорување во две фабрики уништени од пожарот – фабрика за рециклирање и текстилна фабрика. Тагови: пожар солун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОсми ден од нокаут-фазата: Бразил се соочува со „скриен фаворит“; настапот на ѕвездата на Англија е неизвесенНа 23 Светски фудбалски шампионат во САД, Канада и Мексико продолжува битката за места во елитното четвртфинале.Осмиот ден од нокаут рундата носи два супер неизвесни меча. Зе место меѓу осумте најдобри ќе играат Бразил - Норвешка во 22:00 часот, и Мексико -нглија во 02:00 часот по полноќ. Останатите натпревари од осминафиналето се: Португалија против Шпанија, САД против Белгија, Бразил против Норвешка, Мексико против Англија, Аргентина против Египет и Швајцарија против Колумбија.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
КошаркаВо Луксембург по максимален ефект – Македонија го затвора првиот претквалификациски циклусДенеска од 16 часот, нашата најдобра кошаркарска селекција ќе се обиде да ја забележи и шестата победа во претквалификациски циклус.Македонската сениорска репрезентација денеска (16 часот) ќе го одигра последниот натпревар од првата фаза на претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029. Во „Националниот центар за спорт и култура“ во Луксембург, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе се соочат со домашната селекција, со јасна желба квалификацискиот циклус да го завршат со максимален учинок. Со пет победи во исто толку одиграни натпревари, Македонија веќе го обезбеди првото место во групата „А“ и пласман во следната фаза од претквалификациите. Иако дуелот нема резултатско значење, во нашиот табор владее желба успешната серија да биде продолжена и во Луксембург. Лука Стојановски, еден од најстандардните репрезентативци во последните квалификациски циклуси, очекува натпреварот да биде добра можност за дополнително воигрување на тимот и за поголема минутажа на сите кошаркари кои се во составот. „Факт е дека ова е натпревар без никакво резултатско значење. Освен тоа настапуваме без најдобрите играчи од Македонија. Но на тоа гледаме како одлична шанса за поголем простор за играчите кои се тука, од поискусните до оние најмладите. А тие минути индивидуално треба да ги одиграме зрело, а во меѓувреме да работиме на тимската хемија на теренот“, вели Стојановски. И покрај тоа што првото место е веќе обезбедено, мотивацијата не изостанува. Напротив, во националниот тим владее убедување дека серијата победи треба да продолжи и на последното гостување во оваа фаза од натпреварувањето. „Точно е дека со победата против Ирска веќе ја завршивме работата. Но никој од нас не планира да се опушти. Напротив, ќе играме максимално одговорно, бидејќи сакаме победа за крај на квалификациите. Кој и да истрча на теренот, сигурно ќе даде сѐ од себе бидејќи само така можеме да ја постигнеме целта“, порача Ваљмир Какруки. Натпреварот меѓу Луксембург и Македонија започнува во 16 часотТагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook