ЦДЦ: Во САД забележани осум случаи на благ миокардитис кај вакцинирани деца - Канал 5

ЦДЦ: Во САД забележани осум случаи на благ миокардитис кај вакцинирани деца

Во САД забележани осум случаи на благ миокардитис кај вакцинирани деца на возраст од пет до 11 години.

ЦДЦ: Во САД забележани осум случаи на благ миокардитис кај вакцинирани деца

Американскиот ЦДЦ соопшти дека добил информации за осум случаи на миокардитис кај деца на возраст од пет до 11 години, кои примиле вакцина против коронавирусот на Фајзер/БиоНТек, пренесуваат британските медиуми.

ЦДЦ претходно соопшти дека стапката на миокардитис кај момчињата на возраст од 16 до 17 години може да биде над 69 случаи на милион администрирани дози и околу 40 случаи на милион дози кај момчиња на возраст од 12 до 15 години.

Оттаму не откриваат дали има врска меѓу случаите на миокардитис и вакцините. Исто така, не е познато колкава е стапката на миокардитис во оваа група кај вакцинирани или невакцинирани деца.

Агенцијата соопшти дека во моментот кога ги прегледала податоците имало над седум милиони дози од вакцината во возрасната група од пет до 11 години, со дадени 5,1 милиони прва доза и два милиона втора доза.

Регистрираните случаи имале блага клиничка слика, соопшти ЦДЦ ми додаде дека истите веднаш беа пријавени во Американскиот систем за известување за несакани ефекти од вакцините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сексапилната водителка повторно освојува

-Се појави во спортска опрема, а потоа ги истакна своите облини.Сексапилната водителка повторно во центарот на вниманието.

Фото: Сексапилната водителка повторно освојува

Најубавата спортска новинарка во Италија, Дилета Леота, викендот го минува во природа, а својата мала авантура ја овековечи со фотографии.

Како и многупати претходно, нејзините облини беа во преден план...

Позната по своите прекрасни облини, но и по тоа што сака да го истакне своето витко тело, атрактивната Дилета уште еднаш им приреди вистинска глетка на своите бројни обожаватели.

Сепак, овој пат таа одлучи да ја промени локацијата за фотографирање, па фановите уживаа во неверојатни кадри од природата и нејзината убавина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На аукција се нудат речиси 300 лични предмети на Брижит Бардо

На аукција се нудат речиси 300 лични предмети на славната актерка Брижит Бардо, вклучувајќи и необични предмети од нејзиниот дом.

На аукција се нудат речиси 300 лични предмети на Брижит Бардо

Бројни обожаватели на француската филмска икона се собраа во центарот на Париз за да ги разгледаат предметите донесени од нејзините два дома.

Речиси 300 лични предмети на култната француска актерка и активистка Брижит Бардо се ставени на аукција во аукциската куќа „Друо“ во Париз.

Приходот од продажбата ќе биде наменет како за нејзината фондација за заштита на животните, така и за нејзиниот единствен син. Бројни обожаватели на француската филмска икона се собраа во центарот на Париз за да ги разгледаат предметите, кои се донесени од нејзините два дома во Сен Тропе и од нејзиниот стан во Париз.

Делови од нејзиниот дом се верно рекреирани во рамките на изложбениот простор. Аукцијата ја организира аукциската куќа „Милон“, а колекцијата опфаќа предмети од различни периоди на нејзиниот приватен и секојдневен живот.

Меѓу предметите што се нудат на продажба се вклучени дијамантски прстени, религиозни скулптури, класични гитари и механичката машина за пишување на која таа ги пишувала своите писма и својата автобиографија. На аукцијата се нудат и поневообичаени предмети, како што се нејзиниот примерок од „Кама Сутра“, садови за готвење од марката „Ле Крузе“ (Le Creuset), кујнски прибор и запалки.

„Секој предмет на продажбата носи трага од некоја средба, ангажман, момент на среќа или одредена фаза од нејзиниот живот. Тие ја раскажуваат приказната за една жена, а истовремено создаваат легенда“, изјави нејзиниот долгогодишен секретар, Франк Гију.

Посебно внимание привлекуваат нејзиниот велосипед „Пежо“ и два пара кожни балетанки од брендот „Репето“ (Repetto). Бардо, која била школувана балерина, значително придонела за глобалната популарност на овој бренд.

Таа своевремено побарала од производителот да создаде модел на балетанки што би можеле да се носат секојдневно – односно, и надвор од балетската сцена. На аукцијата се нуди и голем број нејзини портрети, вклучително и некои со еротска содржина.

Иако почетните цени за повеќето предмети се под 100 евра, аукционерот Сесил Дипуи очекува дека големиот интерес од страна на обожавателите и љубителите на животни би можел значително да ги зголеми конечните цени.

Брижит Бардо е запаметена како една од највлијателните жени на 20-тиот век. Откако во 1950-тите години стана глобална икона на модерната женственост и на сексуалната револуција, таа се повлече од актерството и се посвети на застапувањето на правата на животните.

Нејзиниот подоцнежен живот беше одбележан и со бројни контроверзии, вклучително и неколку судски пресуди поради јавни изјави за кои беше оценето дека поттикнуваат расна омраза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во текот на минатата недела се отстранети 650 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 650 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини.

Во текот на минатата недела се отстранети 650 кубни метри отпад од диви депонии

Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Чаир, каде што се расчистени вкупно 170 кубни метри отпад од диви депонии.

Воедно, беа подигнати и транспортирани 2700 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано реализира активности за одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се одвива во доцните вечерни часови.

Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење и на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и Старата скопска чаршија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер