Царовска во Женева: Со инвестирање во градинките до квалитетен ран детски развој

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска во Женева учествуваше на Регионалниот форум на УНЕЦЕ 2019: Врсничко учење за одржлива иднина. 

Таа беше дел од панел дискусијата за раниот детски развој на која говореше за конкретните чекори што Владата ги презема за создавање квалитетен човечки капитал.

– Инвестирањето во раниот детски развој е еден од високите приоритети на Владата на Република Северна Македонија, поради што годинава обезбедивме за 300 проценти поголем буџет за изградба на градинки. Секое дете треба да има ист старт во животот, а градинките да бидат пристапни за сите, бидејќи раниот детски развој е клучен за создавањето на квалитетен човечки капитал во иднина. Целта на МТСП е во следните четири години опфатот на деца кои одат во градинка да го зголеми за 50 отсто и полека да се приближуваме до европскиот просек кој изнесува 90 отсто, а тоа ќе го постигнеме само со јакнење и проширување на капацитетите, на што веќе засилено работиме. На овој начин не само што градинките ќе згрижуваат повеќе деца, туку истовремено ќе обезбедуваме и поголема застапеност на жените на пазарот на трудот, што во моментот е на многу ниско ниво, истакна Царовска.

На панел дискусијата говореше и шефицата на Кабинетот на министерката Царовска, Санела Шкријељ која оцени дека само институции кои креираат родово одговорни политики имаат основа да ги таргетираат потребите и придобивките подеднакво за сите граѓани, односно и за жените и за мажите. – Целта на ваквите политики е токму тоа никој да не биде изоставен, рече Шкријељ.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека пред почетокот на форумот, министерката Царовска имала состанок со регионалната директорка на УНИЦЕФ Афшан Кан со која разговарала за соработката со УНИЦЕФ, раниот детски развој, социјалната реформа и процесот на деинституционализација.

На форумот во Женева учествуваа над 600 претставници од владите, граѓанското општество, академијата и приватниот сектор. /МИА

„Гардијан“: Додека Белград го пречекува Си, остатокот од Европа е под кинески шпионски напад

Додека Белград го пречекува Си со највисоки почести, остатокот од Европа е под кинески шпионски напад, апсења низ целиот континент.

Кинескиот претседател Си Џинпинг е во посета на Србија на втората етапа од својата европска турнеја, а властите ширум Европа се борат со бран шпионски напади, за кои има сомневање дека ги спроведува Кина, пишува „Гардијан“.

Британскиот премиер Риши Сунак вчера откри дека „злонамерен актер“ ја компромитирал евиденцијата за платите на британската војска, а извештаите сугерираат дека зад тоа стои Кина, наведува весникот

Во еден случај, тројца германски државјани беа уапсени под сомнение дека организирале пренос на информации за чувствителна технологија во Кина. Во друг случај, еден човек по име Џијан Г, кој работел за германски европратеник од екстремната десница, бил уапсен под сомнение за шпионажа. Максимилијан Кра, европратеник на Алтернатива за Германија, за кого работеше Џијан Г, негираше каква било вмешаност.

Во Белгија, властите во јануари отворија кривична истрага против екстремно десничарскиот политичар Франк Крејелман , откако истрага на „Фајненшел Тајмс“, „Шпигел“ и „Монд“ покажа дека тој бил користен неколку години како средство на кинеската разузнавачка служба.

Експертите велат дека неодамнешното зголемување на апсењата и истрагите го одразува променливото расположение во Европа кон кинеските закани.

Во Берлин нападната сенаторка, трет напад врз владин политичар за само неколку дена

 Во Берлин физички е нападната сенаторката за економија и поранешна градоначалничка Франциска Гифи од Социјалдемократската партија на Германија, (СПД).

Ова е трет последователен напад врз владини политичари за само неколку дена.

Гифи вчера попладне била нападната од непознат маж во библиотека во Берлин со удар со торба во главата, по што и била укажана прва помош.

По нападот напаѓачот успеал да побегне.

- По првичниот шок, сега сум добро. Благодарна сум за добрите желби и се враќам на работа, изјави Гифи денеска.

Минатиот викенд во Саксонија беше претепан и тешко повреден кандидатот на СПД за изборите за Европскиот парламент, Матијас Еке, додека лепел изборни плакати.

Непосредно пред тоа беа нападнати и политички активисти на партијата Зелени.

Кремљ одби да го коментира украинското тврдење за планиран заговор за убиство на Зеленски

 Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека малку е веројатно дека тоа се точни информации, пренесуваат британските медиуми.

Кремљ не ги коментираше украинските тврдења за приведени руски агенти во Украина кои планирале да го убијат шефот на украинската држава, Володимир Зеленски, но портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека малку е веројатно дека тоа се точни информации, пренесуваат британските медиуми.

Украинската служба за безбедност вчера соопшти дека фатила двајца агенти, кои работеле за Русија, за планирање убиство на Зеленски и други високи политичари како „подарок“ на рускиот претседател Владимир Путин за неговата инаугурација.

Песков, истовремено, одби да даде коментар и за тоа дали руската војска користи ракети произведени во Северна Кореја, како и за украинските тврдења дека ги испитува остатоците од таквите проектили. Тој изјави дека работата е воена, па затоа не може да зборува за тоа, пренесуваат руските медиуми.

На прашањето дали Русија пренесува преработена нафта во Северна Кореја со што ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ОН, Песков кажа дека Кремљ го цени својот однос со Пјонгјанг.

-Имаме намера да ги развиеме во сите можни области, рече тој, додавајќи дека Северна Кореја „е наш добар и многу перспективен партнер“.

Британските медиуми вчера цитираа неименуван извор од американската Влада дека руските пратки на преработена нафта го донеле севернокорејскиот увоз „над границата на Советот за безбедност од 500.000 барели годишно“.

притисни ентер