Царовска во Куманово: Покачувањето од 700 денари ќе влезе во основицата на пензиите

Зголемувањето на пензиите во јануари 2020 година, социјалната пензија и други актуелни прашања беа тема на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со пензионерите во Куманово. 

Министерката лично ги информираше пензионерите за претстојното покачување на пензиите во јануари 2020 година кое ќе изнесува од 860 до 900 денари со пресметаните дополнителни усогласувања.

„Ова е најголемо покачување во последните 12 години. Покачувањето од 700 денари ќе влезе во основица и истото дополнително ќе се усогласи во текот на 2020 со трошоците на живот. Со новото законско решение конкретно, растот на пензиите ќе го следи покачувањето на минималната и на просечната плата во државата. Покачувањето се прави плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и кога имаме раст на економијата во државата. Системското решение предвидува дополниетлно зголемување на пензиите освен според растот на БДП, да може да се зголемуваат и според растот на платите. Во години на раст на минимална плата над 15%, и на раст на просечна плата за 5%, ќе има можност за покачување и на пензиите за 5%“, рече Царовска на средбата во Куманово.

Илија Ивановски заменик директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување истакна дека пензиите се покачуваат во време кога дефицитот на Фондот за ПИО е намален за 10%, а приходите се зголемуваат. Речиси 44% од пензионерите во државата земаат пензија под 12.000 денари. Дополнителните 700 денари ќе значат најмногу токму за овие наши сограѓани. Секој заслужува достоинствен живот.

На средбата во Куманово присуствуваше и претседателката на Сојузот на здрженија на пензионери Станка Трајкова и претседателот на кумановското здружение на пензионери, Благоја Јакимовски, соопшти МТСП.

Османи се расправеше со новинарите: Дали да нацртам? Нема влада без Бадентер

Доколку Европскиот фронт победи во албанскиот блок на парламенатрбите избори на 8-мај од ДУИ сметаат дека по автоматизам им следува да бидат дел од идната влада. 

Според Османи не може да има Влада без двојно мнозинство - парламентарното од 61 пратеник плус Бадентерово, а ваквите тврдења ги темелеше на Охридскиот рамковен договор. Соочен со аргументите дека таканареченото двојно мнозство го нема во Законот за Влада или во Уставот и дека Влада се гласа со просто мнозинство, Османи влезе во кавга со новинарите чии прашања ги окарктеризира како навредливи за Албанците.

-Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет? Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира Владата. Затоа има две мнозинства со Рамковниот договор. тие што ги исполнуваат двете мнозинства, формираат Влада. Не може да се формира Влада без Бадентерово мнозинство. – Бујар Османи, колциција „Европски фронт“

Новинар: Но мандатот го добива една партија, а Влада се гласа со бадентер, туку со 61 пратеник.

Не знам како да ви обајснам. Да земам табла да ви нацртам.

Новинар: па цртавте еднаш, ама знаете како заврши тоа.

Епа изгледа треба пак да нацртам. Еве ви кажувам без ДУИ нема бадентер, а без бадетер нема функционална Влада.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак се категорични дека ислучуваат секаква можна соработка со ДУИ и Али Ахмети во било која форма или варијанта. Потпретседателот на партијата Александар Николоски утрово порача дека брзо по 8 мај граѓаните ќе се уверат дека зборот ќе биде одржан.

„Со Али Ахмети е исклучена секаква соработка во било која варијанта, во било која форма, на било кој начин нема да има соработка со Али Ахмети. Ние сме многу сериозни дека ДУИ ќе оди во опозиција, јас сум свесен дека до првиот круг најголем дел од политичката елита и дел од граѓаните во Македонија мислеа дека блефираме и дека го правиме тоа за политички поени. Свесен сум дека во овој момент има граѓани кои сеуште мислат дека ова го правиме како политичка игра, но ние ова ќе го реализираме и нашата поддршка после изборите ќе расте затоа што ќе видат дека го држиме зборот„.– Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Од Коалицијата ВРЕДИ изјавата на Османи ја оценуваат како желба за Власт по секоја цена и порачаа дека ќе преговараат за влез во идната Влада..

Дали ќе подржат еден од двајцата претседателски каднидидати од Вреди велат ќе одлучуват деновиве, но ги повикаа галасачите да излезат и да го остварат правото на глас на двојните избори.. Дали нивните членови и симпатизери вооошто да гласат и дали да поддржат некој од канидатите, став допрва ќе градат и во ДУИ.

Почина таткото на Тоше Проески

По тешко боледување, почина Никола Проески – татко на легендарниот музичар Тоше Проески.

Тажната вест денеска на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. Таа со фотографијата на која се Никола и Тоше се прости од својот татко. Според пријатели на семејството, последниве месеци, тој се лечел во приватна болница во Скопје.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

Локални избори во Велика Британија

Во Велика Британија денеска се гласа на локални избори кои се гледаат како последен тест на јавното мислење пред општите избори подоцна оваа година.

Прогнозите покажуваат дека владејачките конзервативци би можеле да изгубат до половина од советничките места што ги бранат и дека партијата очекува „значителни загуби“.

Повеќето места за реизбор последен пат беа оспорени во 2021 година, на врвот на популарноста на Борис Џонсон кога беше воведена вакцината против Ковид-19.

Исто така, се одржуваат вкупно 11 избори за градоначалник, вклучувајќи го и градоначалникот на Лондон меѓу фаворитот, актуелниот лабуристички градоначалник Садик Кан и конзервативната предизвикувачка Сузан Хол.

Прогнозите постојано го ставаат Кан пред Хол, а анкетата објавена во средата од Саванта го води Кан за 10 процентни поени, откако неговата предност се намали за време на кампањата. /МИА

притисни ентер