Царовска: Со планско градење и инвестиции обезбедуваме пристап до образование на секое дете

„Факт е дека околу 30 % од училишните згради во државата се во лоша состојба.“

Методологијата за прераспределба на општинските буџети за основните училишта, изработена од Здружението на истражувачи и аналитичари – ЗМАИ, поддржано од Фондација Отворено општество, ги дава најважните сегменти во кои треба да се насочат инвестициите за да се подобрат инфраструктурните услови во основното образование. На денешната презентација на истражувањето, министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека за квалитетно образование , освен добри наставни програми, потребни се и современи објекти во кои ќе се одвива наставата.

„Факт е дека околу 30 % од училишните згради во државата се во лоша состојба. Со децении било запоставено одржувањето и вложувањето во училиштата. Факт е и дека со години наназад не било инвестирано во изградба на нови училишта и реконструкција и санација на веќе постоечките, но нашата заложба е да ја промениме ваквата состојба и на тоа веќе работиме. Затоа целосно го менуваме начинот и методологијата за вложување во капитални инвестиции во образованието и воспоставуваме планско градење според реалните потреби“, рече Царовска.

Истражувањето е направено врз основа на увид во состојбата во 48 училишта од 10 општини. Еден од истражувачите на ЗМАИ, д-р Виктор Стојковски посочи дека истражувањето им дава почетна точка на институциите во нивното работење.

„Во ЗМАИ веруваме дека оваа анализа и предложената методологија може да го подобри финансирањето на училиштата. Резултатите беа искористени за идентификување на приоритетните проекти, а направени се и акциски планови за реализација на тие инвестиции. Навистина е важно што министерката е тука, затоа што ние веруваме дека нашите анализи се само дел од системот за подобрување на условите. Само кога има соработка со институцијата, овие проекти може да се реализираат и заедно да ги подобриме условите за учење во основното образование“, истакна Стојковски.

Фондацијата Отворено Општество е долгогодишен партнер во изработката на квалитетни анализи и проекти за подобрување на условите во македонското образование. Според претседателката, Фани Каранфилова Пановска, резултатите јасно покажуваат дека раководните лица и вработените во училиштата и општинската администрација вложуваат максимални напори со цел подобрување на условите во основните училиштата, но средствата со кои тие располагаат не се доволни за обезбедување рамномерен развој и настава која ќе ги следи модерните трендови.

Дијалогот институции-истражувачка јавност продолжува во насока на подобрување на начинот на финансирање на училиштата и подобрување на условите за сите деца. Она што е истакнато е напредокот во однос на носителите на одлуки во образованието, во насока на изнаоѓање решенија, за подобрување на условите.

Министерство за образование и наука

Уапсени се 13 членови на „балканскиот картел“, шпанската полиција им влезе во бункерот (ВИДЕО)

Агенти на Националната полиција во Шпанија, во соработка со своите колеги од Србија, разбиле криминална организација со српско потекло во Барселона, која наводно се занимавала со меѓународен шверц на дрога.

По тој повод, како што јавија шпанските медиуми, откриени се пет плантажи со марихуана во кои се запленети повеќе од 37.000 растенија.

Во шест провинциски општини уапсени се 13 лица и извршени се шест претреси во кои се запленети 25 килограми пупки марихуана и 32.000 евра во кеш, пишува Блиц.

Насадите се наоѓале во населени места, далеку од урбаните центри, а најголемите ги сместиле во напуштен хостел, кој претходно го претвориле во бункер.

Како што се наведува понатаму, освен трговија со дрога, осомничените им доставувале и таканаречени растенија „бејби“ на продавачите во Барселона.

Истрагата започнала во јануари годинава како резултат на размена на информации меѓу српската и шпанската полиција за водачот на криминална група од српско потекло кои живееле во Шпанија и биле особено активни во трговијата со дрога со своите роднини од иста националност.

„Откако истражителите ги лоцирале и идентификувале сите членови на организацијата, откриле дека тие биле задолжени за управување со експлоатација на неколку насади со марихуана во различни делови на провинцијата Барселона. Организацијата била структурирана на пирамидален начин, со јасна распределба на функциите кои сите нејзини членови ги знаеле и ги извршувале координирано и подредено, со целосна дискреција во комуникацијата со цел да се гарантира нивната безбедност“, вели изворот за шпанскиот медиум. Покрај наведеното, полицијата конфискувала и три мобилни телефони и едно возило.

Ева Лонгрија среде улица ги соблече високите сандали и одеше боса (ВИДЕО)

Ева Лонгорија била на настанот на американското издание на магазинот Elle во Лос Анџелес.

Таа за оваа прилика облече долг сребрен фустан кој го истакна нејзиното деколте и потпетиците во иста боја.

Но, изгледа дека чевлите не ѝ биле баш удобни. Додека се шетала со пријателките по настанот, Ева застанала на сред улица и ги соблекла штиклите, а папараците го снимиле тој момент. Остатокот од патот продолжи боса.

Во оваа ситуација можеа да се препознаат голем број жени бидејќи секоја од нив барем еднаш одела дома боса по ноќно излегување.

Потсетуваме дека оваа есен почина актерот Тајлер Кристофер, поранешниот сопруг на Ева, а многумина ја осудија актерката. Имено, наместо посвета на Кристофер, успехот кој го постигна актерката го сподели во магазинот Тајм. Додека едни ѝ честитаа за успехот, други беа лути што таа не му посветила објава на нејзиниот починат поранешен сопруг.

„А што е со Тајлер?“, „Таа не коментираше, а тој беше толку прекрасен човек“, „Би требало барем да напишеш нешто за бившиот“, „Тој не се ни олади, а ти се фалиш“. „Мислам дека Ева и Тајлер не беа во најдобри односи, па можеби сака да ги задржи чувствата за себе“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, Кристофер беше во брак со ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ од 2002 до 2004 година.

Сите бегаат од поплавите, а еден човек има друг проблем- снимката е хит (ВИДЕО)

Циклонот Михаунг предизвика големи поплави во Индија, а следното видео е снимено во областа Ченаи.

Многу жители на главниот град Тамил Наду се во сериозни проблеми поради поплавите. Сепак, среде хаосот, поединци се обидоа да го извлечат најдоброто од најлошото.

На социјалните мрежи кружи снимка од маж кој лови риба во надојдената вода. Наводно сѐ било снимено во населбата Тарамани, пренесува Times Now News.

Човек во кабаница уловил голема риба, но тешко ја контролирал. Корисниците најмногу на шега коментираа на сцената.

„Кога ќе добиеш поплава, оди на риболов“, напиша една личност.

Имало и такви кои изразиле загриженост за подводниот свет и опасноста што ги снашла.

„Поплавите предизвикаа многу проблеми, но долгорочно придонесуваат за опстанок на одредени видови. Оваа ситуација им дава можност да мигрираат во различни зони и да одржуваат генетска разновидност“, напишал еден човек.

притисни ентер