Царовска: Работниците да пријават злоупотреба на минимална плата, ќе стојам зад секој од нив

Според податоците на УЈП над 90 проценти од работниците кои имаат ниски примања ја добиле загарантираната минимална плата.

Малиот интерес за субвенционирање на исплатата најверојатно е резултат на можноста на компаниите тоа да го направат без помош на државата. Има информации за злоупотреби, односно за барања работниците да им вратат дел од средствата на работодавачите, но затоа тие треба да се охрабрат, да пријават за да можеме да преземеме мерки, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Потенцира дека компаниите независно од тоа што не ја користат државната помош ја почитуваат минималната плата, од една страна, но од дрига страна, преку медиумите се добиваат информации и шпекулации дека има злоупотреба, дека граѓаните треба да ја вратат платата.
- Затоа апелирам во секоја моја изјава дека е многу важно да имаме сведоци затоа, дека треба да покренеме постапки. Не само што е прекршок, туку е кривично дело вие од работникот да земате пари назад во кеш или да исплаќате плата на рака. Ги замолувам сите работници да се охрабрат и конечно да ја завршиме таа работа за злоупотреба на работната сила во компаниите. Јас искрено ќе стојам позади секој работник кој ќе пријави ваква злоупотреба или непочитување на законот, рече Царовска одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на мерки за оптворање работни места.
Малиот број барања за финансиска помош од државата за исплата на минималната плата, вели, е согласно нивните предвидувања дека фирмите имаат капацитет да исплатат плата од 12.000 денари.
- За да не се направи паника,сепак, понудивме и буџетска поддршка, но гледате дека таа не се искористува. Можеби им треба период за адаптација, имаат уште многу време да ја користат, можеби наредниот месец ќе се пријават за субвенција, можеби чекаат да видат и државата како ќе постапува кон оние кои бараат буџетска поддршка во однос на исплатата на минимална плата... Мислам дека компаниите треба да се ослободат, таа буџетска поддршка е за нив и треба да ја искористат и не треба да се плашат од ништо, рече Царовска.
Таа појасни дека имала средба со претставници на кожарската индустрија кои посочиле дека исплаќаат минимална плата, но оти тоа им преставува проблем поради тоа што продажните цени на нивните производи веќе биле однапред утврдени и не можеле да ги менуваат.
- Се сретнав со нив и ги упатив дека треба да дадат предлог каков тип поддршка треба да им дадеме за да може да го поминат овој критичен период, затоа што тие кажаа дека до февруари-март ќе им биде проблематична исплатата на минималната плата затоа што цените за откуп на нивните производи им се фиксирани. Тоа не можат да го променат во од, но рекоа дека наредната година тоа може да го променат со поскапување на цената на нивниот производ, рече Царовска.
Додаде дека за да го направат овој период полесен за поминување да се обратат до Владата писмено преку Стопанската комора и да таа да изготви некаков пакет мерки./МИА

Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска, на последниот ден од посетата на Франција и во пресрет на посетата на Србија, го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година, пренесе Бета.

„Пред 25 години на денешен ден, НАТО флагрантно ја бомбардираше кинеската амбасада во Југославија, при што беа убиени тројца кинески новинари. Тоа никогаш не треба да го заборавиме. Кинеско-српското пријателство, создадено со крвта на нашите сонародници, ќе остане во заедничката меморија на Кинезите и српскиот народ“, изјавил Си пишува Фајненшл тајмс.

Лондонскиот весник наведува дека во Нов Белград, каде што била Амбасадата, денеска биле истакнати националните знамиња на Кина и Србија, а активистите на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ) и на Новата комунистичка партија на Југославија (НКПЈ) во понеделникот беа истакнати транспаренти пред зградата на Кинескиот културен центар, која е вклучена на тоа место и на кои пишува „Добредојдовте претседателе“, „Косово е Србија - Тајван е Кина“ и улицата „Кинески жртви на агресијата на НАТО“.

Кинескиот претседател денеска ја завршува посетата на Франција и вечерва доаѓа во дводневна посета на Србија, во рамки на неговата мини европска турнеја, во која ќе ја посети само уште Унгарија.

Европратеник и неговиот помошник се осомничени за шпионажа во корист на Кина

Денеска белгиската и германската полиција извршиле претрес во канцелариите на екстремно десничарскиот пратеник во Европскиот парламент Максимилијан Крах и неговиот помошник Џијан Г, како дел од истрагата за сомневање за шпионажа за Кина.

Германските власти објавија дека федералното обвинителство побарало претрес на канцелариите на Крах, главниот кандидат на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на изборите за ЕП во јуни оваа година, и неговиот помошник Џијан Г, кој е осомничен за „активности на агент на тајната служба“, пренесува „Политико“.

Германската полиција во април годинава го уапсила Џијан Г., а како што пишува Дојче веле, постои сомневање дека тој со години доставувал информации од Германија и Европскиот парламент до кинеските служби.

Инспекторите се сомневаат дека Џијан Г. ја искористил својата позиција во кабинетот на Крах за да пренесе информации од парламентарниот живот до кинеското Министерство за безбедност.

Изборите за Европскиот парламент ќе се одржат од 6 до 9 јуни годинава.

Пет мажи носат пејачка како да е статуа- не може да оди поради фустанот од песок (ВИДЕО)

Пејачката и текстописец Тајла синоќа беше меѓу најдобро облечените гости на Мет Гала во Њујорк.

Ја вклучија меѓу најдобро облечените гости, а таа стана ѕвезда на хит видео од Инстаграм. Но, како што вели, сѐ е во ред, важно е што е симпатична.

Тајла во необичен фустан е меѓу најдобро стилизираните гости и оние кои одговорија на темата Мет Гала 2024. Таа носеше фустан од Balmain прекриен со песок и чанта како песочен часовник.

За да ги „скокне“ скалите на Мет Гала 2024 во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк и да ја постигне вистинската поза за фотографирање, таа имала помош од пет мажи кои ја пренеле преку скалите. Видеото е доказ дека понекогаш добриот стил не се постигнува лесно.

„Кому му е гајле, луѓе, јас сум слатка“, рече пејачката на прашањето дали воопшто би можела да дише во овој фустан.

Фустанот бил инспириран од песокот на времето, односно од текот на времето што песокот го предизвикува во песочник, што беше инспирацијата и за чантата.

„Инспирацијата за оваа креација дојде од желбата да се редефинираат границите и да се трансформира ефемерниот материјал во безвременско ремек-дело. Идејата за обликување на облека од нешто толку ефемерно како песок ја разгоре мојата имагинација и не можев да бидам позадоволен од крајниот резултат“, изјави креативен директор на Balmain, Оливие Рустен.

притисни ентер