Царовска: Преку социјален дијалог продолжуваме со соработката во интерес на економскиот раст и развој

Соработката помеѓу Владата, коморите, синдикатите и организациите на работодавачи е клучна во креирање на ефективни и ефикасни економски политики, програми, проекти и мерки, за побрз и одржлив економски развој.

Тоа го истакна вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска на денешната средба со претседателите на четирите најголеми стопански комори, претставници на синдикатите и претставници на организациите на работодавачи.

Царовска, како што соопшти владината прес-служба, посочила дека досегашната соработка е на многу високо ниво, како и дека очекува во иднина уште потесна соработка за креирање на решенија со кои ќе се постигнат повисоки стапки на бруто домашниот производ и ќе се влијае на подигнување на животниот стандард на македонските граѓани.

-Во изминатите две и пол години, како никогаш претходно, Владата успешно соработува со коморите, синдикатите и организациите на работодавачи и како резултат на таа блиска соработка донесени се решенија со кои се задоволуваат интересите на сите засегнати страни: работниците, компаниите и државата. Како пример го имаме Законот за минимална плата, која со заеднички консензус определвме сега да изнесува 14.500 денари, што е за 60 отсто повеќе во односн на 9.050 денари, колку што изнесуваше минималната плата на почетокот на мандатот. Мора да се истакне и Законот за финансиска поддршка на инвестициите, преку кој во 2018 година, за првпат се овозможи поддршка на домашните компании, преку транспарентни и јасни критериуми кои важат за сите компании подеднакво, а со кој веќе се поддржани околу 200 компании, истакнала Царовска.

Вицепремиерката посочила дека во изминатите две и пол години, активно се работеше и на креирање на програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот преку Оперативниот план кој го спроведува Агенцијата за вработување, кои пред се ги задоволуваат потребите на компаниите и реалните потреби на пазарот на трудот.

-Оперативните планови за 2018 и 2019 година се креирани исклучиво за реалните потреби на пазарот на трудот, а пред нивното донесување претходеа широки консултации со сите засегнати страни за да се направат мерки кои навистина ќе бидат за потребите на стопанството и невработените лица. Во 2019 година од буџетот издвоивме рекорден износ од 1,3 милијарди евра за Оперативниот план што е за 33 отсто повисок износ од 2018 година или за 83 отсто повисок износ од 2016 година. Преку Оперативниот план за 2019 година, поддржани се 1.300 микро бизниси, овозможени се обуки и преквалификации за околу 1.670 лица, додека со мерката пракиканство се опфатени 1.700 лица, што претставува вистинска поддршка и за самите компании и за невработените. Со новиот оперативен план за програми и мерки за вработување продолжуваме да спроведуваме активности кои ќе влијаат на намалувањето на невработеноста во државата, со поддршка на самовработувањето, но и преку обуки и преквалификации со кои ќе се задоволат понудата и побарувачката на работна сила на пазарот на трудот, истакнала вицепремиерката Царовска.

Таа посочила дека во периодот кој следи Владата ќе биде посветена на унапредувањето на програмите во образовниот процес, со особен фокус на средните технички училишта и техничките факултети, за да се следи процесот на индустријализација на земјата и да од образовниот процес излегуваа квалитетни, добро обучени кадри, за повисока продуктивност и ефикасност на компаниите, а со тоа и повисока конкурентност на домашниот и меѓународните пазари.

Во своето обраќање пред присутните Царовска додала дека во изминатите две и пол години се направени исклучително големи чекори во енергетскиот сектор, при што го посочи донесувањето на Законот за енергетика, целосно усогласен со третиот енергетски пакет на Европската Унија, како и Законот за енергетска ефикасност, кој е во собраниска процедура, а со чие усвојување земјата ќе направи дополнителен исчекор.

Претставниците на коморите, синдикатите и организациите на работодавачи изнеле свои видувања за идната соработка со Владата, а заедно со вицепремиерката се согласиле дека сите законски решенија, политики, програми и мерки, треба да се носат преку заедничка координација и широки консултации. /МИА

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал.

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

Како што информираат денеска од МВР, не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОЈО: Жител на Мелница имал три полуавтоматски пиштоли без дозвола

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар.

За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор.

ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, соопштуваат од Обвинителството.

Заокружена серијата мурали во духот на заедницата, кои го отворија 19. издание на АКТО фестивал

Со последните два мурала во Кичево и Скопје е заокружена серијата мурали во духот на заедницата, кои го отворија 19. издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во организација на Здружението Факултет на работи што не се учат - ФРУ од Скопје.

Како што информира Факултет на работи што не се учат - ФРУ од Скопје, во центарот на Кичевската чаршија, на Центарот за култура „Кочо Рацин“, на надворешната и предна фасада е реализиран мурал од уметницата Ивана Самандова во соработка со уметниците Александар Џинго и Методиј Исков. Идејата зад муралот, како што се наведува, е да поттикне размислување околу потребата за соработување меѓу луѓето, особено во полето на уметничките и креативни контексти/дејности.

- Во соработка со ФРУ - Скопје, идејата за овој мурал е делумно инспирирана од релјефот на Јордан Грабулоски, македонски академски вајар и уметник, кој го има изработено на спомен-костурницата во Кичево. Од истиот тој релјеф, композициски се презема инспирацијата да се преобрази во еден поинаков контекст преку кој се нагласува хармонична соработка помеѓу луѓето (во сооднос со самата порака), но и ја доловува функцијата на Домот на култура - како простор каде што се негува културата и уметноста иницирана од индивидуалци и групи. Кога заедно би создавале и негувале услови кадешто сите би се чувствувале поддржани едни меѓу други, низ заедничката соработка би се развила и здрава потреба за творештво во заедница кадешто едни со други, меѓугенерациски, си помагаме и го потхрануваме нашиот заеднички и индивидуален развој, се вели во соопштението.

Во март 2024 година во Скопје се реализираше мурал на зградата која се наоѓа на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Од ФРУ - Скопје посочуваат дека тоа побудило позитивни чувства и резултирало со уште една иницијатива за реализација на мурал, како вид завршно заокружување на целиот проект и подарок кон станарите.

- Поткрепени со ентузијазмот на станарите во зградата и поддршка од ФРУ, уметницата Ивана Самандова во соработка со Ана Трајковска и Доротеј Нешовски реализираа мурал на зградата бр. 37. На овој мурал е поставен цитат од Бертхолт Брехт кој вели: „Наместо само да бидете слободни, создадете услови кои ги ослободуваат сите!“. Со овој мурал, фокусот е пренасочен на визуелни елементи со деца како симболика на реална слобода, особено во аспекти на однесување, изразување и размислување, се наведува во соопштението.

Серијата мурали (во Скопје, Прилеп и Кичево), од кои два се во соработка со две јавни културни институции и уште два со две заедници по нивно барање, се темелат на концептите за солидарност, правдина, соработка и слобода. /МИА

притисни ентер