Царовска на средба во Крива Паланка и Ранковце: Ги зголемивме пензиите за 700 денари, платите растат

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска вечерва се сретна со граѓаните на Крива Паланка и Ранковци, се наведува во партиското соопштение. 

Тема на разговор беа мерките кои Владата предводена од СДСМ ги спроведува во интерес на граѓаните и следните предизвици.

"Навистина сум среќна што од идната недела секој пензионер во државата ќе добие зголемена пензија за 700 денари. Ова зголемување ќе влезе во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки", рече Царовска.

Царовска истакна дека изминатиот период силно се работеше на намалување на сиромаштијата. Со имплементацијата на социјалната реформа помошта кон нсјранливите е зголемена во просек за 300 %.

"За само две и пол години минималната плата е зголемена за 60% и сега изнесува 14.500 денари. Имаме постојан раст на просечната плата, а со мерките за субвенционирање на придонесите 20.000 компании во декември ја зголемиле платата на вкупно 106.000 работници. Со неколку законски измени материјално обезбедивме 12.000 стечајци до пензионирање. Продолжувам понатаму со посветена работа. Продолжуваме да ја движиме економијата напред", рече Царовска.

Потпретседателката Царовска истакна дека Крива Паланка и Ранковце инфраструктурно се зајакнуваат со изградба на нови капитални објекти и патишта кои се во интерес на граѓаните,се наведува во соопштението на СДСМ.

„Халк Еко Скопје Трча 10км“ : Ивановски прв во машка конкуренција, Поп Арсова со рекорд

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“, а 1650 натпреварувачи застанаа на стартната линија. 

Прво место во машка конкуренција освои Дарио Ивановски, додека во женска конукренција прва до финишот стигна Адријана Поп Арсова, со што освои национален рекорд.

Како што соопштија организаторите, благодарение на учесниците на трката, како и на посетителите кои им даваа силна поддршка и гласни аплаузи, „Халк Еко Скопје Трча 10км“ и оваа година покажа дека спортскиот дух обединува, сплотува и го подигнува расположението на неверојатно ниво.

На трката со 10 километри, првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени со вкупен награден фонд од 160.000 денари и дополнителни вредносни награди. Пехари ќе добијат и најдобо рангираните во старосни категории и најбрзите пријавени екипи.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички, додека покровител е Град Скопје.

Патеката на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС и Светска Атлетика.

Организаторите на настанот им искажуваат голема благодарност на сите учесници, како и на волонтерите за денешното динамично, енергично и масовно издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 2024 година.

Поранешниот адвокат на Трамп доби отказ од радио, поради тврдења за изборна измама во 2020.

Емисијата на поранешниот градоначалник на Њујорк и адвокат на Трамп, Руди Џулијани, е повлечена од етерот поради неговите коментари за наводна изборна измама на претседателските избори во САД во 2020 година.

Шоуто на Џулијани беше повлечено од радиото WABC по налог на неговиот сопственик, републиканскиот милијардер Џон Кациматидис.

Кациматидис изјави за Њујорк Тајмс дека веќе двапати го предупредил Џулијани.

„Нема да зборуваме за заблуди на изборите во ноември 2020. Го предупредивме еднаш. Го предупредивме двапати. И синоќа добив порака од него, а утрово добив порака од него дека одбива да не зборува за тоа“, рече тој.

Тој истакна дека Џулијани не му оставил избор и дека е суспендиран, пренесува Washington Examiner. Поранешниот градоначалник ја осуди одлуката на радио станицата како политичка и ги негираше наводите на Кациматидис дека постојано бил предупредуван да не зборува за изборите во 2020 година, Џулијани, исто така, рече дека не знаел дека бил отпуштен додека не го контактирал „Њујорк тајмс“.

Кациматидис рече дека Џулијани бил суспендиран поради коментарите што ги дал во емисијата во четвртокот кога се пожалил на правните случаи против него и суспензијата на неговата адвокатска лиценца. WABC го исклучил шоуто додека Џулијани сè уште зборувал. Грчкиот милијардер навести дека се согласува со коментарите на Џулијано за изборите, но дека мора да се почитуваат правилата на компанијата.

Македонски Концепт со честитка по повод инагурација на Проф.Гордана Силјановска Давкова

Македонски Концепт  со честитка по повод инагурација на Проф.Гордана Силјановска Давкова за нов Претседател на Република Македонија.

Политичката партија Македонски Концепт го честита изборот на Проф.Гордана Силјановска Давкова за нов Претседател на Република Македонија.

Посакуваме успешен претседателски мандат и повикуваме да се работи во рамки на принципите и вредностите за кои им говоревме на граѓаните за време на изборната кампањата.

Центар за комуникации и анализи на Македонски Концепт

притисни ентер