Царинската испостава Пошта доби скенер за пратки - полесно ќе се детектира шверцот со оружје, дрога и експлозиви - Канал 5

Царинската испостава Пошта доби скенер за пратки - полесно ќе се детектира шверцот со оружје, дрога и експлозиви

Царинската испостава во Македонска пошта денеска доби скенер кој треба да го олесни спречувањето на трговијата со дрога, експлозиви, оружје, негови делови и муниција. 

Царинската испостава Пошта доби скенер за пратки - полесно ќе се детектира шверцот со оружје, дрога и експлозиви

Станува збор за рентген платформа на американската компанија „Астрофизикс“ која може да поддржи преку 200 килограми. Уредот има 180 киловати сила, висока резолуција и работи во шест бои, што е најнова технологија. Скенерот може да „помине“ стотици пратки во минута, а користи и вештачка интелигенција која преку база на податоци (запамтено оружје и делови од оружје) му сигнализира на операторот дека нешто е сомнително.

Скенерот е донација од Германија, Шведска, Холандија, Франција, Обединетото Кралство и Норвешка преку Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал во рамки на проектот Хермес 2. Покрај скенер, на Царината и Поштата ќе им бидат донирани и персонални компјутери за вработените кои ќе оперираат со скенерот.

Како што беше речено на презентацијата, онлајн купувањето од КОВИД-пандемијата е во пораст, а тоа им служи на криминалните групи полесно да го „протнат“ тоа што сакаат. Улогата, пак, на царинските и поштенските служби е ова да го спречат.

-Во време на рапиден пораст на е-трговијата, високата количина на пратки претставува потенцијална опасност за користење на поштенските пратки за дистрибуција на недозволени стоки како што се дроги, експлозиви и оружје. Оттука, спречувањето на користењето на е-трговијата како канал за дистрибуција од страна на криминалците е од исклучителна важност за ефикасно справување со безбедносни закани. Царинската управа е една од клучните институции што треба да одговори на овие предизвици. Скенерот е од големо значење во заедничката борба против тероризмот, спречување пролиферација на мало и лесно оружје и недозволената трговија со дрога. Годинава во царинската испостава Пошта, каде е поставен скенерот, поминале над 100 илјади пратки, што кажува за значењето што оваа опрема ќе го има врз контролата на поштенските пратки, истакна директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

Според него, со капацитет за скенирање стотици пратки во минута со помош на вештачка интелигенција, скенерот ќе помага во детекција на огнено оружје, негови делови и муниција, дрога и експлозиви.

-На овој начин, службите ќе бидат насочени да извршат навремена и прецизна проверка на сомнителните пратки. Во рамки на проектот, веќе се спроведени обуки за ракување со системот за царинските службеници од испоставата, како и за мобилните царински тимови. Наша обврска како институции е да одговориме на предизвиците со сите капацитети што ни стојат на располагање, со цел ефикасно сузбивање и целосно разобличување на криминалот, истакна Николовски.

Според директорот на Македонска пошта Орхан Куртиши, скенерот е од исклучително значење за поштенското работење.

-Живееме во време во кое секојдневно се соочуваме со сериозни закани предизвикани од криминални мрежи вклучени во трговија со забранети супстанци, оружје и дрога. Од тие причини, оваа донација е од голема важност за нивно непречено откривање, рече Куртиши и се заблагодари за спроведената обука на вработените кои ќе работат на скенерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок.

„Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски.

Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација.

Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на

Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните.

Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување.

„Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура.

Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

Нафтен танкер се судри со речен крузер во пристаништето во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана.

Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница.

Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта.

По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници.

Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени.

„Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“.

Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај.

Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот.

„Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!

Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. 

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!

Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ - здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски.

Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Откако се дозна дека сè е договорено и под контрола на Мицкоски, пратеник, советници и цели групи луѓе го напуштија ЗНАМ.

Денес, преминувањето во ЗНАМ е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците.

За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот.

Соединетите Американски Држави, нашиот стратешки партнер, вчера во своето соопштение наведоа дека во Србија ќе ѝ помогнат на новата влада која го собори Вучиќ и дека ќе помогнат во расветлувањето на транснационалната криминална мрежа на Западен Балкан, која претставува опасност за Америка, но и за целиот регион. Кај нас овие деновите се расветлуваат случајот со Алта банка и перењето пари од дрога, криминал и корупција, а токму Максим Димитриевски учествуваше во носењето на таа банка, заедно со Мицкоски и директорот на БИА од Србија.

Додека се работи на случајот со петте тони дрога, истата оваа група преминува во ЗНАМ, кај тој истиот Максо, познат по тендерот во Пошта, во време кога вработените немаа пари за плати, или по продажбата на плацот на компанијата Лидл и стекнувањето стотици илјади евра преку ноќ.

Таквите повеќе не можат да бидат во нашите редови и подобро е што сега го покажуваат своето вистинско лице, отколку и понатаму да роварат против нас одвнатре.

Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и Фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници.

ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски.

Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови.

Сега сите се на исто место. Им благодариме.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер