МакедонијаЦаринска управа: Запленети тутунски производи, автоделови, лекови за животни, облека, ....Запленети тутунски производи, автоделови, лекови за животни, облека, украсни производи, девизи...Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, никотински ќесички, електронски цигари, тутун, автоделови, лекови за животни, облека, украсни производи, производи за сценски ефекти, девизи и фалсификати. Во контроли на влез во државата на граничен премин Богородица, Табановце како и во внатрешноста на државата, спречени се обиди за криумчарење тутун, при што запленети се 53 штеки цигари, 19 килограми режан тутун, како и 480 никотински ќесички, за коишто сторителите требало да платат вкупни давачки од 355 илјади денари. Во два одвоени случаи, при контрола на два камиони пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица откриени се 24 штеки цигари без акцизни маркички. - Во првиот случај, под тапацирите во кабината на камион со бугарски регистарски таблички кој бил управуван од македонски државјанин, пронајдени се 12 штеки цигари. - Во вториот случај, во две ќеси сместени во просторот кај моторот на влекач со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пронајдени се 12 штеки цигари. На влез во држвава на граничниот премин Табановце во патничко комбе управувано од страна на македонски државјанин пронајдени се 480 никотински ќесички од 14 гр од 13 гр, како и 120 електронски цигари со никотин од 50 мг. Мобилни царински тимови на влез во држвава на граничниот премин Богородица запленија 20 штеки цигари без акцизни маркички. Цигарите се пронајдени сокриени во фабричка празнина позади управувачката табла и во преграда за алат под долниот кревет во кабината на камион. На граничниот премин Богородица од страна на Службата за мобилни скенери во фабричка празнина во горниот дел на кабината на влекач со македонски регистарски таблички откриени се 9 штеки цигари без акцизни маркички. Мобилен царински тим во соработка со полициски службеници заплени околу 19 килограми режан тутун, пронајден при контрола на автомобил во близина на Арачиново. Против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка пред надлежен суд. 60 литри моторно масло и 20 филтри за возила се пронајдени во неколку картонски кутии и две ќеси сместени во багажникот и на задното седиште на автомобил кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Дојран. Царински службеници на граничен премин Дојран во соработка со припадници на граничната полиција Frontex спречија обид за шверц на 94 парчиња облека. Стоката е пронајдена при контрола на автомобил кој се пријавил за влез во државава на граничниот премин. Истата сторителот ја сокрил на повеќе места - кај резервната гума, кај моторот, под задните и предните седишта, под патосниците и во багажниот простор. Непријавената облека е запленета, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка. Мобилен царински тим при контрола на автомобил што го управувал турски државјанин на граничен премин Блаце откри непријавени 93 разни производи меѓу кои уметнички слики, украси обувки и производи за домаќинство. Производи за сценски ефекти (100 пакувања од 200 грама композитен титаниум за сценски ефект и 144 садови со течност за огнен ефект) се пронајдени при контрола на збирна стока која била со потекло од Кина, а наменета за увозник од Скопје. Стоката била пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија и истата не била опфатена во царинските документи. Од страна на царински службеници на граничниот премин Блато под седиштата на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата откриени се 20 вакцини за животни Poliovin од 100 ml за кои е потребна дозвола за увоз. Мобилен царински тим при личен претрес на патник, македонски државјанин, откри 5.200 евра што истиот сакал нелегално да ги изнесе од државата преку граничен премин Богородица. Патникот со себе носел 7.200 евра, при што вратени му се 2 илјади евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека останатите девизи во износ од 5.200 евра се привремено задржани. 348 парчиња детски играчки (возила, топки и ракавици) со ознаки на заштитени трговски марки се задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Стоката е откриена од страна на мобилните царински тимови при контрола на камион натоварен со стока со потекло од Кина, а наменета за увозник од Струмица, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Царинска управаТагови: царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter