Поранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина
1Поранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина
3Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
МакедонијаЦаринска управа: За неполни пет месеци поднесени 85 кривични пријавиЗа неполни пет месеци поднесени 85 кривични пријави, колку што биле вкупно во периодот 2020-та до 2022 година.Царинската управа за неполни пет месеци годинава поднела 85 кривични пријави што е еднакво на вкупниот број кривични пријави поднесени во тригодишниот период од 202-та до 2022 година. Како што информира денеска директорот Бобан Николовски, со засилени контроли се постигнати рекордни резултати, а се делува на повеќе фронтови за целосно сузбивање на долгогодишните криминали со употребувани возила, злоупотреби и измами со увози на храна чија цел била избегнување плаќање давачки со што е нанесена директна штета врз Буџетот на државата. Според Николовски, продолжени се предкривичните постапки за криминални дела со употребувани возила. -Решени сме да се справиме со криминалните банди и да ги наплатиме сите давачки кон државата. Годинава до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и до Основното јавно обвинителство, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе 41 кривична пријава против 32 правни и 118 физички лица за сторени кривични дела со 140 возила, при што директната штета нанесена врз Буџетот со избегнување плаќање давачки изнесува 14,7 милиони денари (239 илјади евра), истакна директорот на прес-конференција. Посочувајќи конкретни случаи, Николовски напомена дека е спречен обид за нелегален увоз на половно возило мерцедес Е 350 за кое се избегнати давачки од 450 000 денари. Мерцедесот е запленет и веќе се поднесени кривични пријави против девет лица. Во случајот биле инволвирани две шпедиции, една од Скопје и друга лоцирана на Блаце, нотар, тројца царински службеници и еден полициски службеник. Оваа организирана мрежа користела фалсификувана документација и лажни исправи. -Во секоја етапа од случајот се откриени криминални дејства. Станува збор за грубо кршење на сите закони, при што се извршени повеќе криминални дела, фалсификување исправа, употреба на исправа со невистините содржина и злоупотреба на службена должност и овластување. Но, тука не е битен мерцедесот, туку тоа што постигнавме ефект кон кој се стремевме зашто системот што го градиме е многу битен, подвлече Николовски. Во друг случај Царината открила дека увозник со помош на царински застапник во период од 2022 година до јули 2024 година увезувал автомобили и за нив употребувал лажни податоци за да избегне плаќање на дел од увозните давачки во висина од 1,6 милиони денари. Станува збор за 34 автомобили чија вкупна вредност изнесува 145 251 евро, при што осомничените при царинење автомобилите ги декларирале како моторни возила за превоз на стоки со цел избегнување плаќање данок на моторни возила. Од Секторот за контрола и истраги за овој случај дополнително се наплатени 1,6 милиони денари, а до ОЈО Скопје против две правни и две физички лица поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело царинска измама. -Применуваме сеопфатен пристап за спречување на криминалот. Ги зајакнуваме сите капацитети и внатре и на гранични премини и на оние најфреквентните и на оние со најмал сообраќај, при што ги спречуваме обидите за криумчарење. Последно на ГП Пелинце кога со години не се памети да има записник за кривично дело, спречен е обид за криумчарење злато и сребро во вредност од 2,4 милиони денари (39 илјади евра). На овој начин ќе продолжиме да делуваме и во иднина координирано и уште посилно се со цел фаќање на сторителите и создавање услови за побезбедно општество како темел за одржлива економија, потенцира директорот Николовски. Тагови: царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНа денешен ден во 1963 година во атентат беше убиен претседателот на САД, Џон КенедиПретседателот на САД, Џон Ф. Кенеди е убиен на 22 ноември 1963 година во Далас, додека се возел низ плоштадот Дили, во друштво на сопругата Жаклин и соработници.На денешен ден беше убиен Џон Кенеди, сè уште светот се прашува кој стои зад атентатот, СССР, Куба, ЦИА, мафија или ...? а постојат и бројни теории на заговор. Претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди беше убиен на 22 ноември 1963 година во Далас, додека се возел низ плоштадот Дили, во друштво на сопругата Жаклин и соработници. Атентатот врз американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, извршен на 22 ноември 1963 година во Далас, претставува еден од најзначајните и најтрагичните настани во историјата на Соединетите Американски Држави. Кенеди бил убиен додека се возел во претседателската лимузина низ плоштадот „Дили“ (Dealey Plaza), во друштво на неговата сопруга Жаклин, гувернерот на Тексас, Џон Конали, и неговата сопруга Нели. Во моментот на атентатот, Кенеди имал 46 години. Ли Харви Освалд, поранешен маринец кој служел во армијата на САД, бил обвинет за атентатот врз претседателот Кенеди. По атентатот, Освалд бил уапсен и обвинет за убиството на полицаецот Џеј Ди Типит, кој бил убиен неколку минути по атентатот врз Кенеди. Освалд негирал вмешаност и тврдел дека е невин. Два дена по атентатот, додека го префрлале од градскиот во окружниот затвор, тој е застрелан од сопственик на ноќен клуб во Далас, Џек Руби, . По атентатот, претседателот Линдон Б. Џонсон ја формирал Комисијата „Ворен“, официјално позната како Претседателска комисија за истражување на атентатот врз претседателот Кенеди. Комисијата заклучила дека Освалд дејствувал самостојно при атентатот врз претседателот Кенеди. Сепак, многумина ги оспориле тие заклучоци, што довело до бројни теории на заговор. И покрај официјалните заклучоци, многу Американци веруваат дека атентатот бил резултат на заговор. Анкетите покажаа дека голем процент од граѓаните се сомневаат во официјалната верзија на настаните. Теориите на заговор вклучуваат наводна вмешаност на ЦИА, мафијата, кубанската или советската влада, па дури и на самиот Линдон Б. Џонсон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортови„La decima“: Маркез е шампион – има повеќе титули од Валентино Роси! Марк Маркез стана светски шампион во мотоциклизам по десетти пат во својата кариера, а по осми пат во најсилната категорија.Во Португалија, на 22 ноември, Марк Маркез испиша историја во шампионатот MotoGP и ја освои јубилејната 10-та шампионска титула, а 8-ма во шампионатот MotoGP. Шпанецот сега е мотоциклистот со најмногу освоени титули во историјата на овој спорт! на маркез на денешната трка му беше доволно и освојување на 9 место за конечен триумф во Мото ФП со оглед на тоа што имаше 55 поени повеќе од Хорхе Мартин и 62 повеќе од Марко Бецеки. Во текот на трката беше јасно дека „Дукати“ му наложиле на Маркез безбедно да ја заврши трката во првите 10 и да не презема никакви ризици. NEW LEADER ALERT! Bez hits the front!🚨 #PortugueseGP 🇵🇹 https://t.co/uTphu7F1uG — MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 22, 2026 Во последниот круг Марко Бецеки пред Хорхе Мартин и Раул Фернандез влегоа со голема предност додека Марк Маркез се бореше за титулата од деветтата позиција. И успеа да стигне до неа. It's hugs everywhere 🤗❤️ #MARCmade | #H1STORY https://t.co/3F5RkG3nHH — MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 22, 2026 Тој сега е најтрофејниот возач на сите времиња, додека Валентино Роси е втор со девет освоени титули!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПоранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш и неговата сопруга Џоана Санз одлучија да стават крај на заедничкиот живот, а една од главните причини за разделбата е неговата сè поголема посветеност на религијата. Веста за нивниот развод ја објави шпанскиот новинар Хави Охоса, кој разговарал со сопругата на Алвеш и дознал детали за нивната одлука. Двојката стапи во брак во 2017 година, а во октомври 2025 година ја добија ќерката Хулиета. Според новинарите, Џоана Санз покренала постапка за развод бидејќи начинот на живот на екс фудбалерот на Барселона го оддалечува сè повеќе од неговото семејство. Во последните месеци, 43 годишниот Алвеш патува низ светот како проповедник и предавач, ширејќи ја евангелската вера. На 25 март 2024 година, Алвеш беше пуштен од затворот „Бријанс“ во близина на Барселона откако плати кауција од еден милион евра, а претходно беше осуден на четири и пол години затвор под обвинение за силување. Сепак, на 28 март 2025 година, Апелациониот совет на Судот на правдата на Каталонија го ослободи од обвиненијата, по што тој стана целосно слободен човек. Тогаш тој целосно ѝ се сврте на религијата. Токму оваа животна посветеност, како што е наведено, довела до сериозно отуѓување од сопругата. Наводно, на Санз не му пречело тоа што тој имал вера, што ја читал Библијата или што одел во црква, но ја вознемирувало тоа што религијата станала центар на неговиот живот, поради што таа се чувствувала осамено и запоставено. „Тоа го оддалечи од неа и од нивната ќерка, а таа се чувствува сосема сама. Таа има разбирање за верата на Дани и не би имала ништо против тој да ја чита Библијата или да оди во црква. Сепак, неговата одлука да му го посвети целиот свој живот на религијата го изолираше од неговото семејство“, пренесува новинарот зборови на сопругата на Алвеш. Според истите изјави, Санц конечно одлучила да стави крај на таквиот однос со зборовите: „Доста е, ми е преку глава, овде завршува сè“. Поранешниот дефанзивец на Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен на тој начин би можел да стави крај на бракот што траеше речиси девет години. Засега, ова се информациите што ги објави еден шпански новинар, повикувајќи се на разговор со Џоана Санц.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter