Царинска управа: Неколку обиди за криумчарење разна стока - Канал 5

Царинска управа: Неколку обиди за криумчарење разна стока

Во текот на минатата недела, царински службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока

Царинска управа: Неколку обиди за криумчарење разна стока

Привремено се задржани:

-27 штеки цигари со македонски акцизни маркички од марките Marlboro и Rothmans, откриени се на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на куфер на патничка која имала намера да отпатува со лет за Лондон.

-Употребуван мотор за возило MITSSUBISHI PAJERO 1994 е пронајден во багажникот на автомобил при влез во државата на граничниот премин Ново Село.

-На граничниот премин Св.Наум на влез во државата запленети се 75 пакетчиња и 123 ленти различни видови лекови (Amaryl 2 mg, Anafranil 25 mg, Procto Synalar-N 15 g, Androcur 50 mg, Pilokarpine, Arava 20 mg и други) за чиј увоз е потребна дозвола од Агенција за лекови и медицински средства. Лековите се пронајдени во една ќеса и една торба сместени под предните седишта на автомобил. Вредноста на привремено задржаните лекови изнесува 83.180 денари, додека вредноста на избегнатите давачки изнесува 8.526 денари.

-58 пакувања со ветеринарни лекови (Limoxin, Pentstrep, Alben Care, Macotyl 300, Agalaxipra, Exiptol, Genta 100и други) за кои е потребна дозвола за увоз, се откриени во патните торби на двајца патници при контрола на автомобил кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Стење.

-5.600 евра се пронајдени при личен претрес на патник кој се пријавил за излез од државата на граничниот премин Делчево. Возачот пријавил дека со себе носи 2.000 евра, но во внатрешен џеб од неговата јакна биле пронајдени 7.600 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи му биле вратени 2.000 евра, а 5.600 евра се привремено задржани.

-На влез во државата на граничниот премин Богородица во просторот за резервна гума на автомобил пронајдени се 31 штеки цигари PS без акцизни маркички. Вредноста на непријавените цигари изнесува 27.900 денари, додека вредноста на избегнатите давачки изнесува 55.890 денари.

-Во багажник и помеѓу седиштата на патничко комбе кое се пријавило за влез во државава на граничниот премин Ново Село, пронајдени се 5 делови за автомобили (браници, крила и менувач) и 1 детски мопед на бензин.

-10 ќилими ICON-120*170 см, 1 правосмукалка со чистач на пареа KIWI и 600 метри пластични лајсни се пронајдени при контрола на стока со потекло од Турција. Стоката била пријавена за увозно царинење во Царинска испостава Гевгелија и наменета за увозник од Гостивар, но не била опфатена во царинските документи.

-842 разни верски предмети, 50 креми за лице и 84 килограми мед се пронајдени во 16 кутии и една ќеса сместени во товарниот дел на камион кој се пријавил за влез во државава на граничниот премин Дојран. Вредноста на производите, кои не биле опфатени со царинските документи изнесува 899.460 денари, а избегнатите давачки се во износ од 327.067 денари.

Во истиот период инспекторите од мобилни царински тимови спречија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани:

- На граничниот премин Блаце во картонски кутии, сместени во багажникот на автомобил кој се пријавил за влез во државава биле пронајдени 120 цилиндри за брави марка GUARD.

- 23 шишиња виски LAGAVULIN 16YO 43% од 700 ml. се пронајдени во преградите за алат, помеѓу седиштата и во џебовите на седиштата на патничко комбе пријавено за влез во државава на граничниот премин Табановце.

- Во автомобил кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блаце, биле пронајдени 2 употребувани конзоли PLAYSTATION 4, 49 употребувани контролери за PLAYSTATION 4 и 9 употребувани контролери за X-BOX.

- При контрола на автобус кој сообраќал на вонредна линија Приштина-Истанбул-Приштина, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце, под седиштата во подвозјето од десната страна, во редот позади возачкото седиште бил откриен бункер подготвен за криумчарење разна стока.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот.

Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот.

„Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски.

Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила.

Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува.

„Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер