Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“
Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
1Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“
2Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
МакедонијаЦаринска управа: На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари – годинаваНа Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари – годинава 11 заплени на злато, девет завршија со кривични пријави.На граничниот премин Богородица, царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари, откако открија двајца косовски државјани во обид да го криумчарат. Златниот накит, четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го криумчарат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката. Случајот е предаден на Одделението за истраги кое против сторителите поднесе кривична пријава до ОЈО Гевгелија. Ова е 11-та заплена на злато годинава од страна на Царинската управа, при што досега се одземени вкупно два килограми златен накит. Четири од случаите се откриени токму на Богородица, пет на Меѓународен Аеродром Скопје, а по еден случај на Табановце и Блаце. Во девет случаи, десет лица се кривично гонети од страна на Одделението за истраги за сторено кривично дело криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик. Нашата порака е јасна, без разлика на начинот на кој се криумчари, нашите служби ќе го разоткријат и ќе се погрижат криминалот да биде најстрого казнет. Ваквите случаи јасно ја покажуваат цврстата посветеност на Царинската управа за сузбивање на сите форми криминал, заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.Тагови: царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураСмеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“На сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово вчеравечер одекна силен и долг аплауз за екипата на НУ Народен театар Битола, која со својата изведба повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче. „Секстет“ и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката. „Од срце му благодариме на организаторот на фестивалот „Денови на комедијата“ за поканата, прекрасното добредојде и гостопримството. До следната средба – со уште многу смеа, аплаузи и театарски моменти“, истакнуваат од Битолскиот театар. Претставата „Секстет“ секогаш го полни гледалиштето до последното место, комедијата од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, па така и овојпат салата беше исполнета со публика која ги награди актерите на Битолскиот театар со долготрајни аплаузи. Недоразбирања, тајни, љубовни заплети и урнебесни пресврти секогаш ја тераат публиката да се смее од почеток до крај. Зошто комедија? Затоа што премногу долго сме сериозни. Живееме во време на прегласни информации и постојани кризи. Научивме како да бидеме загрижени, заборавивме да се смееме. Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски. Костимографијата е на Андреј Георгиевски, сценографијата на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски. 29.издание на Фестивалот оваа година се одржува од 23 септември до 5 октомври. Во текот на фестивалските денови, публиката има можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведба на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот ќе биде затворен со претстава надвор од конкуренција, посветена на годинашниот лауреат Игор Џамбазов. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.Тагови: Денови на комедијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврскаДиректорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир. Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните. „Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев. Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена. Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации. „Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски. На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за растВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот за раст. За време на посетата во Скопје, таа го оцени постигнатиот напредок како импресивен и најави нови исплати во наредните недели. Северна Македонија досега доби 140 милиони евра од овој план. Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски. Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции. За нас, оваа оценка е дополнителен поттик да продолжиме со работата и навреме да ги исполниме следните обврски. Ги поздравуваме заложбите на Брисел за деблокирање на европскиот пат на земјата и очекуваме да се надминат пречките за земјата да напредува во преговорите со Европската Унија. ВЛЕНТагови: ВЛЕН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter