Цариници отвориле кофер на аеродромот во Минхен и занемеле кога виделе колку пари има во него - Канал 5

Цариници отвориле кофер на аеродромот во Минхен и занемеле кога виделе колку пари има во него

За време на безбедносна проверка на меѓународниот аеродром во Минхен, цариниците откриле куфер полн со пари, кој бил во сопственост на Германец (43) со иранско потекло.

Цариници отвориле кофер на аеродромот во Минхен и занемеле кога виделе колку пари има во него

Според властите, патникот го предал својот багаж пред летот за Истанбул на 27 декември, а потоа ноншалантно се обидел да се качи во авионот.

Сѐ започнало откако црвениот куфер поминал на рендген преглед, по што биле алармирани цариниците. Веднаш штом бил отворен, во него биле пронајдени куп пари, поточно 1,4 милиони евра!

„Кога ќе излезете од земја надвор од ЕУ, мора да се пријават сите суми над 10.000 евра“, рече портпаролот на Царинската истражна служба.

Надлежните го знаеле идентитетот на патникот и го запреле, а подоцна бил приведен, пренесува „Феникс-магазин“.

По барање на јавен обвинител, наредено е да се одземат парите, како и два мобилни телефони сопственост на 43-годишникот. Полицијата се сомнева дека се работи за обид за перење пари.

Подоцна бил претресен и неговиот стан каде биле пронајдени повеќе пари и машина за броење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Адвокатот на Михаилова, Рауфи: Затекнат сум, Ива немаше дозвола од судот да излезе од државата

И адвокатот на Ива Михаилова  Насер Рауфи е изненаден од нејзиниот потег да ја напушти Македонија.

Адвокатот на Михаилова, Рауфи: Затекнат сум, Ива немаше дозвола од судот да излезе од државата

Во изјава за Канал 5 вели дека тој не знае како поминала граница, не бил консултиран и дознал дека е во Бугарија преку медимите. Последното барање до судот во Кочани им било за привремено враќање на пасошот, но одобрение за тоа не добиле.

Детали тврди дека нема ниту бугарската претседателка Илијана Јотова, која утрово дознала откако излегла од телевизиско студио. Од новинарите таму доби бројни прашања за случајот Михаилова.

„ Немате ли информација на каков начин дошла?

- Не, не.

Ќе се видите ли со неа?

- Во првата прилика, ако не ја остават во болница. Но и да ја остават во болница, ќе направам се што можам да се видам со неа.

Каква реакција очекувате од Македонија?

- Останува да видиме, има уште многу нејасни околности. Мислам дека надлежните органи во Бугарија прво треба да одговорат на некои прашања.. “-Илијана Јотова – претседател на Бугарија.

Случајот Ива Михаилова предизвика и политички реакции во земјава. Демократскиот сојуз бара итна истрага и одговорност кој се и помогнал да излезе од Македонија, но да се испита и учеството на нејзиниот адвокат од Бугарија Николај Димитров.

„ Бараме МВР, Царинската управа и Јавното обвинителство да утврдат како било можно таа да ја напушти државата и дали во тоа учествувале или потфрлиле полициски и царински службеници. Особено загрижува што бегството се случило во моментот кога беше прифатена можноста нејзината здравствена состојба да биде проценета и од бугарски лекари. Ова отвора сомнежи дали целта била да се избегне независна медицинска процена, која можеше да даде одговор на прашањето дали нејзината состојба навистина била животозагрозувачка и дали претходните судски одлуки биле оправдани. “-Демократски сојуз.

Следното рочиште за Ива Михаилова во кочанскиот суд е закажано за 9 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија

Бегство или пропуст на граница – засега останува мистерија како обвинетата Ива Михаилова синоќа замина за Бугарија. 

Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија

МВР тврди дека по извршените проверки во системот за гранична контрола било утврдено дека Михаилова, која е на СТОП листата, нема евидентиран излез од територијата на Македонија, вакви проверки се направиле и во Бугарија и резултатот бил ист – легален влез нема. Последен премин, според потатоците, Михаилова направила во септември 2025 година, од Бугарија кон Македонија. Михаилова, е под мерки на претпазливост, односно одземени и се и македонскиот и бугарскиот пасош и има забрана за напуштање на престојувалиштето, а за спроведување на истите е задолжено ОВР Кочани.

-МВР изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михајлова, за кое е во сила активна судска забрана, не е евидентиран излез од територијата на Македонија. Дополнително, преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полицијам од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Р. Бугарија,- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Веста за заминувањето на Михаилова ја соопштија утрово бугарските медиуми, за кои и итаа и нејизниот адвокат Николај Димитров дадоа повеќе изјави.. И двајцата тврдат дека поминале на легален премин со македонска и бугарска лична карта, иако тие документи не се валидни за премин на македонско-бугарската граница. Не кажуваат ниту на кој премин поминале, но велат дека граничните службениците биле коректни.

-Сосема легално, преку граница си дојдовме, заедно со мојот адвокат вчера. Сега ни претстои да влеземе во болница и следува лечење,- Ива Михаилова – Обвинета.

-Преку граничен контролен пункт, си извадивме документи и поминавме, на луѓето од македонска страна им беше потполно јасно дека тоа е Ива Михаилова и никој ништо не ни кажа и тргнавме. Министерството за надворешни работи не е должно да знае, министерството си работи по дипломатски пат, нашиот пат не е многу дипломатски, но во случајот требаше да се дејствува по овој начин. Ќе има ли последици? Нема поголеми последици од тоа да биде без адекватно лечење,- Николај Димитров – адвокат на Ива Михаилова.

Сепак, оваа верзија на Михаилова и нејзиниот адвокат не ја потврдуваат ниту бугарските инситуции... Министерот за внатрешни работи Демерџиев вели планираат да ја испрашаат како се нашла во Бугарија..

-Ќе бидат преземени дејствија да биде извршен распит и да се види, кога, каде и како ја поминала границата и сите други околности, и дали има потреба од нејзино обезбедување, и ако има, ќе биде обезбедена,- Иван Демерџиев – Министер за внатрешни на Бугарија.

Ова не е прв пат член на семејството Михаилови да ја напушти Македонија пред да се соочи со правдата. Во Бугарија избега и нејзиниот татко, Симеон Михаилов, кој е осуден на 12 и пол години затвор во случајот „Детонатор“ за обид за убиство, насилство и злосторничко здружување. Дали ќе се врати, допрва ќе одлучела и Ива Михаилова.

-Знаете ли колку време ќе останете? Во Бугарија? Не знам, не можам да кажам. Мислите ли да се вратите во Македонија? Ќе проценам во иднина. Имате ли некаков страв дека ризикувате? Не, се е легално и нормално и добро, штом сме тука се е во ред,- - Ива Михаилова – Обвинета.

Ива Михаилова беше меѓу главните теми и на средбата помеѓу министрите за надворешни Муцунски и Петрова – Чамова изминатиот четврток, но бугарската министерка вели дека тие како институција немаат врска со ваквиот потег на обвинетата.

На таа средба, како што беше соопштено, било договорено единствено да се овозможи бугарски лекари да дојдат во Македонија и да дадаат мисење за здравствената состојба на Михаилова.

Таа тврди дека мора да се лекува во Бугарија поради повредите кои ги добивала во тешката сообрајаќана несреќа, во која е обвинета за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, откако едно лице го загуби животот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора денес затвора три поглавја од преговорите со ЕУ

Потпретседателот на Владата на Црна Гора за надворешни и европски работи, Филип Ивановиќ, објави дека денес на Меѓувладината конференција со Европската Унија (ЕУ), Црна Гора ќе затвори три поглавја од преговорите, наместо претходно најавените две..

Црна Гора денес затвора три поглавја од преговорите со ЕУ

Црна Гора досега привремено затвори 18 поглавја.

Ивановиќ рече дека ова е одлична вест за европската интеграција на Црна Гора.

Како што наведе, со затворањето на три поглавја денес, Црна Гора ќе биде еден чекор поблиску до целта да стане 28-ма членка на ЕУ до 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер