ЗабаваБузалковски со тежок пад и повреда успеа да дојде до втората Македонска титула!Македонсиот мотоциклист Христијан Бузалковски (Seventy One Team) викендов возеше трка во Бугарија каде што се возеа трки до националниот шампионат и од БМУ Европскиот шампионат!На првиот тренинг Бузалковски имаше тежок пад (Highside) и ја повреди раката ногата и вратот.Но и покраи тоа,не се откажа и остана до крај да се бори со своите конкуренти! Успеа да дојде до две први места во националниот шампионат и 9то место во БМУ Европскиот шампионат! -Многумина да беа на мое место сигурен сум дека ќе се откажеа и немаше да настапат на трките овој викенд! Возев со огромни болки,бидејќи на моторот све работиме со рацете и целиот терет е на нив. Првата трка ја извозев со големи болки но бидејќи повредата беше сеуште топла успеа да извозам во некое побрзо темпо. Следното утро кога станав од спиење не можев да ја мрдам раката и болките беа огромни. Ја стартував трката но со огромно пазење да не паднам па да завршам со огромни последици. Првите 5 круга се чуствував добро но како одминуваа круговите болките енормно растеше! На 4 круга пред крајот болката беше не поднослива,болеше толку многу до степен на плачење, но сепак не ми беше во план да се повлечам во боксот,извозев до крај и успеав да ја освојам Македонската титула по втор пат,и да завршам на 9то место во БМУ Европскиот шампионат!, Бузалковски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 15 степени Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 2 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, 6 Крушево, 8 Крива Паланка, 10 Прилеп, Битола, Претор, Тетово, Зајчев Рид, Велес, Скопје Петровец, Охрид, 11 Кавадарци, Демир Капија, Штип, 12 Виница, Берово, 15 Струмица, 16 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 19 Ѓуриште, 12 Кавадарци, 9 Виница, Попова Шапка, Велес, 8 Битола, Крива Паланка, 7 Струмица, Берово, 6 Маврови Анови, Претор, Демир Капија, 5 Зајчев Рид, Штип, 4 Крушево, Тетово, Прилеп, Гевгелија, 3 Лазарополе, 2 Скопје Петровец, Охрид. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше облачно наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе престанат. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Транспарентноста и одговорноста се темел на довербата на граѓаните!Транспарентноста и одговорноста се темел на довербата на граѓаните!Денеска одржавме состанок со претставници на ГРЕКО, посветен на спречувањето на корупцијата и јакнењето на интегритетот и отчетноста на локално ниво. Како претседател на ЗЕЛС, ја истакнав важноста на институционалната соработка и размената на добри практики за одговорно управување со јавните средства. Нашата определба е општини што работат транспарентно, чесно и во интерес на граѓаните!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран објави снимка од нуклеарна експлозија и упатства за граѓаните како да се заштитатИранските државни медиуми објавија осумминутно видео кое содржи упатства за граѓаните како да преживеат нуклеарен напад.Снимката објаснува како да се заштитите од експлозија, како да најдете засолниште и како да избегнете изложеност на радиоактивни материи. Видеото е објавено во време на зголемени тензии меѓу Иран, САД и Израел. Иранската државна новинска агенција ИРНА го објави видеото на 29 октомври, како дел од Националната недела на цивилна заштита. Упатствата се подготвени од службите за итни случаи во провинцијата Исфахан, каде што се наоѓа иранскиот нуклеарен објект Натанц. Објаснување за граѓаните како да преживеат нуклеарна експлозија Во видеото се предупредуваат граѓаните да не гледаат директно во блесокот од нуклеарна експлозија. Доколку се затекнат на отворен простор, треба да побараат заштита зад цврста пречка, да легнат на земја и да си ги заштитат главата и лицето. Откако ќе помине ударниот бран, се советува што побрзо да влезат во најблискиот цврст објект – најдобро во подрум или во просторија во центарот на градбата – притоа држејќи се што подалеку од прозорците и надворешните ѕидови. Исто така, се советува граѓаните да ги затворат сите врати и прозорци, како и да ги исклучат клима-уредите и системите за вентилација што вовлекуваат воздух однадвор. Се препорачува престој во засолништето најмалку 24 часа Во случај на можна изложеност на радиоактивни честички, граѓаните треба внимателно да ја соблечат горната облека, да ја стават во затворена кеса и да се измијат со млака вода и сапун. Иранските служби, исто така, советуваат користење на флаширана вода и спакувана храна. Граѓаните треба да останат во засолништето најмалку 24 часа и да ги следат официјалните известувања пред да излезат. Упатствата се објавени во рамките на иранската Недела на цивилна заштита, која се одбележува со години. Сепак, ваквата детална јавна подготовка за можна нуклеарна експлозија привлече внимание поради моменталните односи меѓу Техеран и Вашингтон. Такер Карлсон тврди дека Трамп размислува за нуклеарен напад Објавувањето на видеото предизвика дополнително внимание откако американскиот конзервативен коментатор Такер Карлсон изјави дека претседателот Доналд Трамп би можел да нареди нуклеарен напад врз Иран во текот на следните неколку дена. Карлсон на социјалната мрежа „X“ напиша дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху силно врши притисок врз Трамп да го нападне подземниот комплекс познат како „Планина Пикекс“, кој се наоѓа недалеку од нуклеарниот објект во Натанц. Според Карлсон, израелските разузнавачки служби сметаат дека Иран таму повторно го започнал процесот на збогатување ураниум. Тој исто така тврди дека конвенционалното американско оружје не е во состојба да ги уништи длабоко вкопаните тунели. Карлсон не понуди никакви независно проверливи докази за своите тврдења дека се подготвува нуклеарен напад. Ниту американските, ниту израелските власти не потврдија дека се размислува за таков напад. Трамп претходно ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје. Американскиот претседател претходно зборуваше за можноста за нови напади врз иранските нуклеарни постројки, вклучително и „Планина Пикекс“, но јавно ја отфрли употребата на нуклеарно оружје. Во интервју за „Newsmax“ кон средината на октомври, тој изјави дека на САД не им е потребно да користат нуклеарно оружје против Иран. Тврдењата на Карлсон предизвикаа бројни реакции во американската јавност, но засега нема потврда дека Вашингтон подготвува нуклеарен напад. Иранските власти официјално не го поврзаа објавувањето на безбедносните упатства со конкретна закана од страна на САД. Видеото е дел од програмата за цивилна заштита, а самото негово објавување не значи дека иранските служби имаат сознанија за претстоен нуклеарен напад. Извор: Индекс.хрТагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook