Бутарис: Солунскиот аеродром да се преименува, туристите имаат впечаток дека доаѓаат во Скопје

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис повторно ја бранува грчката јавност, овој пат, со изјавата дека Грција треба размисли за промена на името на аеродромот Македонија во Солун. Бутарис вчера предложи аеродромот да се преименува во Никос Галис, најдобриот кошаркар во историјата на Грција.

Денеска се најде во вкрстен оган на грчките медиуми, а во телефонска изјава за телевизија Скај објаснуваше од каде произлегол ваквиот став.

- Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да размислиме за тоа бидејќи името „Македонија“ го подели светот, не подели нас и од тоа сите губиме. Никос Галис е меѓународно призната личност и единствениот од Грција кој влезе во американската Куќа на славните. Од друга страна, мислам дека кога туристите слетуваат во Солун мислат дека доаѓаат во Скопје. Подобро е да добиеме 50 отсто од нешто, отколку 100 проценти од ништо. Изгубивме во Хаг, не можеме да го задржиме ветото за НАТО, изјави Јанис Бутарис, градоначалник на Солун.

Контроверзната изјава Бутарис ја дал на вчерашниот градски совет во Солун. Први реагираа од опозициската Неа Демократија, порачувајќи му да ја остави дипломатијата и да се фокусира на своите обврски како собирање на сметот во градот. Од грчката влада не ја коментираа изјавата на Бутарис, но затоа побрзаа да ја зацементираат позицијата на Ципрас, уште пред да почне денешната рунда преговори во Виена. Топката е на теренот на нашите соседи, кои треба и во пракса да покажат дека ја промениле реторика, изјави портпаролот Ѕанакопулос во изјава за грчко радио Алфа.

-Говориме за сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова, сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение, рече Димитрис Ѕанакопулос, портпарол на грчката влада за радиото Алфа 989.

Истиот став вчера го повтори и Ципрас пред членовите на владеачката Сириза, во чие обраќање не го спомена прашањето за идентитетот. ,


Терзиќ: Можевме да победиме со поголема разлика

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

- Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар). /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

Блинкен го повика Хамас да се согласи за примирје за да им помогне на луѓето во Газа

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

Највисокиот американски дипломат Антони Блинкен го повика Хамас да го прифати планот за примирје во Газа и покрај израелското предупредување дека армијата ќе продолжи да се бори против палестинската милитантна група по каков било прекин на огнот.

Посредниците предложија договор за примирје со кој би се запреле борбите на 40 дена и би се размениле заложници.

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

„Хамас треба да каже „да“ и треба да го заврши тоа“, рече Блинкен синоќа додека беше во Израел на својата седма турнеја на Блискиот исток од почетокот на конфликтот во октомври.

Тој подоцна додаде: „Ако Хамас всушност тврди дека се грижи за палестинскиот народ и сака да види итно олеснување на неговото страдање, треба да го прифати тој договор“. /МИА

притисни ентер