Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС
1Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС
Хелен Мирен има 81 година и со децении вежба по 12 минути дневно- нејзината рутина нема врска со теретана
1Хелен Мирен има 81 година и со децении вежба по 12 минути дневно- нејзината рутина нема врска со теретана
КултураБурни овации за брилјантниот концерт на големиот турски пијанист СерметВпчечатлив драматизам и импресивен емотивен израз донесе вчеравечер на подиумот во црквата „Света Софија“ маркантниот пијанист од Турција, Хусеин Сермет.Концертот беше вистинско уживање на публиката. Турскиот виртуоз со повеќе од четиридецениска кариера, претставувајќи се со дела од Бах, Бетовен и Лист ги воодушеви посетителите кои го наградија со бурни овации и бисеви. Сермет во својот богат пијанистички стаж настапувал со македонски уметници, но годинава првпат е дел од музичката програма на „Охридско лето“ . -Да, ова е мојот прв концерт на „Охридско лето“, но сум слушал и следел што се случува на овој реномиран фестивал. Многупати сум бил поканет да свирам заедно со вашиот оркестар во Скопје, исто така и во Битола, но и во Турција и Франција.Акустиката во црквата „Света Софија“ е едноставно неверојатна. Црквата е многу убава и сум многу фасциниран, изјави пијанистот Сермет. Сермет е уметник кого го отсликуваат разновидни музички интереси и исклучителната музичка визија која се огледува во широкиот и еклектичен репертоар и пијанистичка имагинативност. Како пијанист е гостин на некои од најдобрите светски оркестри: Лондонската филхармонија и Кралската филхармонија во Лондон, Парискиот симфониски оркестар, Оркестарот на Минхенското радио, Симфонискиот оркестар во Луцерн, оркестрите во Бамберг, Токио, Шангај, Детроит и многу други. Настапува и во некои од најпрестижните пијанистички серии на рецитали во Лондон, Париз, Минхен, Лисабон, Копенхаген, Оксфорд и Лил. Освен тоа, тој е активен и како композитор. Првата негова значајна композиција – „Сеќавања 1“ е премиерно изведена на Фестивалот Емпери во 1997 година, по што следи нарачка на дело за Симфонискиот оркестар во Токио- делото „Соништа и кошмари“ чија премиера е во 2004 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС„Браќа и сестри, да не дозволиме разликите да бидат посилни од она што не поврзува, да не дозволиме разочарувањата да бидат поголеми од надежта и да не дозволиме минатото да ја зароби иднината. „Нема да не прашуваат колку политички противници сме победиле, туку колку проблеми сме решиле и нема да не паметат по функциите што сме ги имале, туку по делата што сме ги направиле“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од завршниот митинг во општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори. Мицкоски упати порака до родителите да се сетат на минатите години на власт на СДС кога учебници за нивните деца во училиште немаше и кога наставниците беа принудени да им диктираат лекции, за разлика од сега во период на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ кога сите учебници се доставуваат до училиштата уште пред почетокот на учебната година. „Сакам да упатам порака и до пензионерите. Сетете се кога пред неколку години пензијата се зголемуваше за 100, 150, 200 денари и денеска кога во овие 24,25 месеци од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, платата на работниците и пензијата на пензионерите се зголемуваше линеарно повеќе од 7.000 денари. Сетете се дека и тоа не е можеби доволно, но е многу повеќе од тоа што се случуваше претходно“, рече Мицкоски. Мојата порака вечерва, додаде Мицкоски, е и до земјоделците да се сетат кога власта предводена од СДС им должеше две годинишни програми, а денеска без ни малку срам и чувство на вина излегуваат во Собранието и предлагаат небулозни закони, закони коишто ниту тие коишто ги предлагаат не можат да ги разберат онака како што ги напишале. „И, додека тие мислат дека ние сме го изгубиле помнењето и дека не се сеќаваме за тоа што се случило, ние мораме да излеземе во недела масовно и да го заокружиме бројот 1 за Цоки и да им докажеме дека помниме и дека никогаш нема да дозволиме повторно тие да ни се случат“, порача Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакамеИзборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме, онаа каква нуди СДС полна со навреди и криминал или исправена Македонија, каква гради ВМРО-ДПМНЕ.„Сакам да ви кажам дека изборите во Брвеница се и порака за тоа во каква држава сакате да живееме. Онаа полна со навреди, криминал, подметнувања и свиткана кичма каква ја сакаат нашите противници, или Македонија во која ќе се бориме за секој човек, исправени и горди и достоинствени“, рече Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот завршен митинг во општина Брвеница. Мицкоски посочи дека Брвеница има реални потреби за подобрување на инфраструктурата, за создавање подобри услови за локалната економија, за поддршка на земјоделците, за почиста животна средина и за подобри јавни услуги. „Но, пред сè, има потреба од институции што ќе бидат праведни и достапни. Брвеница ја има поддршката од Владата и со Стојанчо Радичевски, нашиот Цоки, ќе соработуваме за силна општина која ќе биде достапна за сите“, посочи Мицкоски. Додаде дека како претседател на Владата е свесен дека очекувањата на граѓаните се големи и дека ниту еден економски показател не значи доволно, ако неговото подобрување не се почувствува во семејниот буџет. „Можеме да зборуваме за раст на бруто-домашниот производ, за инвестиции, за нови работни места, за инфраструктура и за економски развој, но вистинската вредност на секој таков резултат се гледа во тоа дали едно семејство живее посигурно, дали млад човек добил достоинствена и добро платена работа и дали пензионерот може подостоинствено да ги помине своите години“, потенцираше Мицкоски. Економскиот развој, додаде Мицкоски, не е само бројка во статистички извештај, туку процес кој треба да создава реални можности и затоа Владата мора постојано да биде изложена на проверка. „Владата мора постојано да биде подложна на проверка, на критика и на барање одговорност и тука сакам да бидам јасен, не барам никој да верува во големи зборови без докази, ниту да прифаќа ветувања без резултати. Напротив, барам институциите да бидат оценувани според нивната работа, а политичарите според исполнувањето на преземените обврски. На Македонија не ѝ се потребни политички пресметки во кои најважно е кој кого ќе навреди, туку сериозна дебата за економијата, здравството, образованието, правдата, инфраструктурата и кој посилно ќе ги штити националните интереси“, посочи, меѓу другото, претседателот Мицкоски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаРадичевски: Со јасна визија и конкретни проекти ja развиваме БрвеницаНа денешниот завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница се обрати кандидатот за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски.На денешниот завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница се обрати кандидатот за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски кој истакна дека развојот на една општина не се темели само на добри намери, туку на јасна визија, посветена работа и конкретни резултати и посочи дека во изминатиот период преку реализацијата на инфраструктурни капитални инвестиции во населените места, се создаваат услови за подобар живот на граѓаните и искористување на потенцијалите на општина Брвеница. „Ништо не се постигнува со добра намера, потребни се организација, истрајност, знаење, соработка, луѓе кои се подготвени да работат за заедничка цел. Политиката има вистинска вредност само тогаш кога резултатите од неа го чувствуваат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ тоа успешно го покажа изминатиот период преку неселективниот пристап на распределба на инфраструктурни капитални инвестиции низ сите населени места во нашата општина. Брвеница има потенцијал, нашата задача е тој потенцијал да го претвориме во можности и конкретни резултати“, рече Радичевски. Радичевски посочи дека во првите 100 дена фокусот ќе биде ставен на утврдување на состојбата со започнатите проекти и дефинирање јасни приоритети за понатамошен развој на општина Брвеница, и дека посебен акцент ќе има на подобрување на локалната инфраструктура, водоснабдувањето и канализациските мрежи, како и на иницијативата за изградба на клучка кон автопатот и развојот на индустриската зона. „Во првите 100 дена ќе се посветиме на утврдување на состојбата со започнатите проекти, обврските на општината и можностите за непречено продолжување. Ќе поставиме јасни приоритети, рокови и одговорности. Ќе продолжиме да работиме на подобрување на локалната инфраструктура, на реконструкција на патиштата, на водоснабдувањето, на канализациските мрежи, на условите за живот во сите населени места. Ќе ја покренеме иницијативата за изградба на клучката кон автопатот, посебно внимание ќе посветиме на индустриската зона Брвеница на подобрување на условите за работа и создавање услови за нови инвестиции, ќе ги поддржуваме и малите бизниси, младите претприемачи преку иницијативите Млади со идеи, мој бизнис, моја општина. Доградбата на детската градинка во Брвеница и изградба на нова градинка во Челопек се важни и приоритетни, нашите повозрасни сограѓани заслужуваат почит и грижа, отворање на Дом за стари лица со капацитет до 50 корисници“, рече Радичевски и додаде: „Ве повикувам, да ја сочуваме силата на единството, да ја избереме иднината и заедно да ја изградиме една Брвеница за сите. На 18 Октомври со вашата поддршка да гласаме за број 1, за Брвеница во која ќе се гордееме со постигнатото“, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter