МакедонијаБурна новогодишна ноќ за дежурните лекарски служби, меѓу случаите и двегодишно дете со повреди од огнено оружјеБурна новогодишна ноќ имале лекарите на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Примени се пациенти од сообраќајни незгоди, пациенти со повреди здобиени од пад од висина, повредени од пиротехника, пациенти во алкохолизирана состојба, како и едно двегодишно дете со повреда во главата од огнено оружје. Дежурните екипи денеска оценија дека бројот на повредени за време на новогодишната ноќ е значително зголемен во споредба со претходните години, а дел од случаите се поврзани со алкохолизирана состојба. Во текот на ноќта биле евидентирани три сообраќајни незгоди, а околу 20 пациенти со лесни телесни повреди откако биле прегледани, се пуштени на домашно лекување. Една 17-годишна пациентка од Тетово била примена со тешка телесна повреда и, како што изјавија лекарите, во моментот додека ја даваа изјавата, кај неа се изведувала хируршка интервенција. Во Скопје не се евидентирани тешки сообраќајни незгоди, а причината за тоа, како што посочија, најверојатно е функционирањето на системот Безбеден град. На клиниките примени се и тројца политрауматизирани пациенти по пад од висина. Меѓу нив е и 30-годишен маж, пронајден паднат во реонот на Буњаковец, кој бил во животозагрозувачка состојба и кај е него извршена операција на ’рбетниот столб. На Неврохирургија е примен и 16-годишен пациент од Штип, исто така по пад од висина. Лекарите како тежок случај го посочија случајот со двегодишно дете без познати лични податоци примено на интензивна нега со прострелна повреда на главата од огнено оружје. Детето е во животна опасност, а засега нема официјални информации за околностите под кои се случил инцидентот. Во текот на ноќта се регистрирани и осум физички напади. Шест пациенти со телесни повреди се пуштени на домашно лекување, а едно лице имало површна повреда од нож. Регистрирана е и прострелна повреда во пределот на лактниот зглоб кај пациент од Скопје, а настанот се случил во Прилеп. Во однос на пиротехниката, лекарите информираа дека вкупно 20 пациенти се примени со повреди, а меѓу нив има и деца на 12 и 13 години кои се згрижени на Детската клиника и кои ќе бидат оперирани. На Клиниката за трауматологија е примен 69-годишен пациент со повреди на левата подлактица и шака од пиротехника, додека три лица со полесни повреди ќе бидат пуштени на домашно лекување. Тагови: огнено оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗидан: Би сакал да го тренирам ЈувентусПред дербито од петтото коло во Лигата на нации против Италија, селекторот на Франција, Зинедин Зидан, се осврна и на можноста за враќање на Апенинскиот полуостров. Поточно во Јувентус, клубот каде што францускиот виртуоз настапуваше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „триколорите“ откри дека би бил отворен за преземање на кормилото на „Старата дама“. „Би сакал еден ден да го тренирам Јувентус. Би ми било драго. Но, во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Зидан. Франција и Италија ќе се соочат на Апенинскиот Полуостров во дуел што ќе одлучува за првото место во групата А од највисоката дивизија на Лигата на нации. „Знаеме дека кога ќе се фокусираат, Италијанците можат да одиграат на високо ниво – особено во одбраната“. Зидан исто така откри дека Килијан Мбапе нема да настапи. „Чувствуваше болка, а ние генерално се обидуваме да избегнуваме ризици со нашите играчи. Сепак, се надевам дека ќе биде на располагање за недела (против Турција)“, истакна легендарниот предводник на триколорите. Италија и Франција играат во четврток во 20:45 часот.Тагови: Зинедин Зидан Јувентус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на УкраинаПретседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина – долж целата линија на фронтот, како и во привремено окупираните области. Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека добил извештаи за состојбата од министерот за одбрана на Украина, Јевен Хмара, и од главнокомандувачкиот на вооружените сили на Украина, Михајло Драпати. Според него, во системот „Старшилд“ систематски се применуваат ограничувања на брзината до 161 километар на час. Украинската војска утврдила дека не станува збор за случајни грешки, туку за намерни и повторувачки ограничувања. Зеленски предупреди дека ова значително го отежнува пресретнувањето на руските беспилотни летала на млазен погон, бидејќи украинските системи за пресретнување не можат да ја постигнат потребната брзина за навремена реакција. За жал, веќе имаше напади што успеаја да поминат, бидејќи нашите системи за пресретнување не можеа да ја постигнат потребната брзина и да реагираат навремено“, изјави Зеленски. „За жал, ова им помага на Русите да убијат повеќе Украинци и да извршат попрецизни напади врз Украина. Заедно со американската страна се обидуваме да ги утврдиме сите околности“, заклучи претседателот на Украина. „Starshield“ се користи во Украина за воени комуникации и за поврзување на единиците на терен, особено во областите каде што класичната комуникациска инфраструктура е оштетена или недостапна. Сателитската врска им овозможува на украинските сили да пренесуваат податоци и да одржуваат комуникација долж линијата на фронтот.Тагови: Володимир Зеленски Старлинк украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВРЕДИ: Бараме оставка на Ахмети!Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ. По сите обиди ваквите информации да се сокријат од јавноста, фактите денес зборуваат сами за себе. Да ги потсетиме граѓаните на низата случаи кои бараат одговорност: 1. АЛТА БАНКА – ДОКУМЕНТИТЕ ГОВОРАТ! Министрите на ДУИ во Владата предлагале и поддржувале одлуки со кои се овозможувала соработка меѓу државата и Алта Банка од Белград. Јавноста има право да знае кои биле мотивите за ваквите одлуки и какви интереси стоеле зад нив. 2. ДАКА ДАВИДОВИЌ ВО ТЕТОВО! ДУИ беше дел од власта која го отвори патот за проектот на Дака Давидовиќ во Тетово. Лице кое подоцна се најде на американската листа на санкции поради сомнежи за корупција и незаконски активности. 3. МТЕЛ – СРПСКИОТ ОПЕРАТОР ВО МАКЕДОНИЈА! Во времето кога ДУИ управуваше со државата, на македонскиот пазар влезе МТЕЛ, дел од Телеком Србија. Уште еден пример за отворање на простор за српски државен капитал во државата. 4. ОТВОРЕН БАЛКАН – ПРОЕКТОТ НА ВУЧИЌ! Али Ахмети беше меѓу најгласните поддржувачи на Отворен Балкан, проект предводен од Александар Вучиќ, кој Косово континуирано го оспоруваше и го сметаше за штетен за своите интереси. 5. НЕУСПЕШНИОТ ТЕНДЕР НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА! Во времето кога Државната лотарија беше раководена од близок соработник на Артан Груби, тендерот за онлајн игри на среќа беше насочен кон српски и црногорски компании. Наместо транспарентност и заштита на јавниот интерес, јавноста доби уште една контроверза поврзана со бизнис интереси од соседството. 6. СРЕДБИТЕ СО СРПСКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ! За време на мандатот на Бујар Османи како министер за надворешни работи беа реализирани бројни средби со претставници на српските институции. Граѓаните имаат право да знаат какви договори и какви резултати произлегле од тие контакти. ПРАШАЊЕТО Е ЕДНО И ЈАСНО: КОЛКУ ДОКАЗИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА АЛИ АХМЕТИ ДА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТ? Од Алта Банка, преку Дака Давидовиќ, МТЕЛ, Отворен Балкан и спорните тендери, се создава слика за континуирана политичка и деловна поврзаност која заслужува темелна институционална проверка и политичка одговорност. Али Ахмети треба да поднесе оставка од претседателската функција во ДУИ и да се повлече од политиката. Време е да престане да ја држи партијата и нејзината иднина како заложник на сопствените политички интереси. Ги повикуваме сите чесни членови на ДУИ, но и политичките фактори кои сè уште имаат соработка со ова раководство, да се дистанцираат од овие политики и практики. Никој не смее да биде соучесник во срамот што ѝ се нанесува на албанската политичка кауза и на иднината на државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook