Бурна ноќ во Белград по протестите на опозицијата, која најави дека ќе штрајкува со глад - Канал 5

Бурна ноќ во Белград по протестите на опозицијата, која најави дека ќе штрајкува со глад

Бурна ноќ во главниот српски град по протестите кои ги организираше српската опозиција, барајќи поништување на белградските и парламентарни избори поради како што тврдат, изборна кражба. 

Бурна ноќ во Белград по протестите на опозицијата, која најави дека ќе штрајкува со глад

Демонстрантите се собраат пред републичката изборна комисија, а ситуацијата ескалираше кога се дозна дека сите приговори за изборни нерегуларности поднесени од опозицијата се отфрлени бидејќи биле идентични.

-Луѓето се бесни, сакаат акција. Ова се во главно деца, они би сакале да влезат внатре. Овде внатре не може да се влезе во моментов, бидејќи вратите се блиндирани. Нашата одлука е да останеме, внатре е РИК (Републичка изборна комисија) Што ќе биде понатаму, ќе видиме. -- Александар Јовановиќ – „Србија против насилство“.

Лидерите на опозициската „Сриба против насилство“ кои бараат и повторување на изборите во Белград, најавија дека почнуваат штрајк со глад додека не бидат повторени изборите, сепак дел од нив пак, штрајкот по се изгледа ќе го започнат по празниците.

-Нашиот диктатор, или крал, решил дека ќе го менува народот, бидејќи народот повеќе не го сака. Ете тоа се случи. Увезе гласачи од страна кои треба да одлучуваат за судбината на белграѓани и на останатите. Мирослав и јас сме во штрајк со глад. Тука има и постари колеги, пратеници од кои не можеме да го бараме тоа од здравствени причини. Но, ние секако бидејќи бараме поништување на изборите. -- Маринка Тепиќ – „Србија против насилство“.

-Што се однесува од изјавата на мојата колешка. Таа сакаше да покаже жртва и да каже дека ете сме подготвени и на тој чекор на одрекнување. Со оглед на тоа што утре го славам Свети Никола, морам да водам сметка и за тоа. -- Мирослав Антиќ – „Србија против насилство“.

Српскиот претседател Вучиќ кој ја предводеше кампањата на Српската напредна партија пак, ден по изборите во интервју за РТС вели дека доколку не добијат поддршка од партијата на контроверзниот доктор Несторовиќ во Белград, ќе има повторување на изборите.

-Но, се доведува во прашање тој резултат видовме и протести вечерва./ Кој го доведува во прашање? Тие кои секогаш го доведуваат во прашање кога губат, а секогаш губат. Јас верувам дека на крај Александар Шапиќ ќе биде градоначалник, а тоа не е прашање за мене. /А повторување на изборите, ова барање кое го имаат?/ Ако господинот Несторовиќ не поддржи никого, ќе имате повторени избори. Само се плашам дека некои погрешно процеуваат какви би биле резултатите од тие избори. И немојте повторно да биде дека не сум и кажал. - Александар Вучиќ – Претседател на Србија.

Во меѓувреме, дел од европратениците побараа истрага за наводите за нерегуларности на изборите во Србија, додека од ЕУ порачаа дека нема да се истакнат додека ОБСЕ/ОДИХР не го презентира својот извештај. Официјален Вашингтон пак, исто така не ги коментира обвинувањата, а портпаролот на Стејт департментот Метју Милер единствено изјави дека САД очекуваат соработка со Србија за консолидирање на демократијата во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања во работна посета на Брисел

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков е во работна посета на Брисел.

Заменик-министерката за европски прашања во работна посета на Брисел

Таа ќе биде учесник на дискусијата на Советот на општи работи на ЕУ во Брисел, каде ќе се разговара за напредокот на полето на владеење на правото во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

ЗМЕП Трајков ќе ја истакне посветеноста кон продлабочување на реформите во областа на владеењето на правото, во сите области опфатени со Извештајот за владеење на правото за нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктура

Општина Василево за помалку од една година реализира и започна проекти вредни околу 150 милиони денари, во патишта, канализација, училишта, спорт, култура и комунална инфраструктура.

ВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктура

Се инвестира во сите населени места, а општината создава подобри услови за живот и посигурна иднина за сите граѓани.

Василево продолжува со силно темпо и продолжува со нови проекти, нови инвестиции и уште поголема динамика.

Еден од поголемите и покомплексни инфраструктурни зафати што се реализира е во Пиперево. Таму, по изградбата на системите за фекална и атмосферска канализација, во последна, завршна фаза е асфалтирањето на главната улица и изградбата на пешачка патека од двете страни на улицата.

Во Владевци сe асфалтира патот што води до црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

Во Нова Маала се асфалтира улицата покрај ООУ „Атанас Нивичански“, а заврши и асфалтирањето на патот кон селските гробишта. Во Добрашинци се заврши со асфалтирањето на дел од главната улица. Во Едрениково е изграден мост во близина на училиштето, со што се реши долгогодишен проблем во тоа населено место.

Василево продолжува да се гради, да се развива и да оди напред со дела и со работа за секој граѓанин. Василево продолжува со силно темпо.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија заплени два тони кокаин од јахта поврзана со балканска нарко мрежа

Шпанија заплени два тони кокаин од јахта што пловела под полско знаме, поврзана со балканска нарко мрежа. 

Шпанија заплени два тони кокаин од јахта поврзана со балканска нарко мрежа

Пресретнувањето на едрилицата што го превезува кокаинот во Атлантикот доведе до демонтирање на логистичка мрежа за трговија со дрога.

Операцијата дончела, спроведена од шпанската служба за царински надзор заедно со француските царински власти, резултираше со пет апсења и заплена на повеќе од 2.000 килограми кокаин на околу 640 километри од галиција. Со помош на американската администрација за борба против дрога, националната агенција за криминал на Велика Британија и португалскиот центар за поморска анализа и операции за наркотици, шпански патролен брод ги пронашол и лоцирал шверцерите на 400 милји од Галиција. Полицајците пронајдоа 70 бали што содржеа 2.100 килограми кокаин складирани на палубата. Операцијата доведе до апсење на четири члена на екипажот - од аргентинска, уругвајска, колумбиска и албанска националност - а осомничениот Албанец е наводно одговорен за надгледување на испораката до купувачите на балканот.истрагата останува отворена додека полицајците се обидуваат да уапсат човек во Барселона за кој се верува дека е одговорен за надзорот и логистиката на групата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер